Аustralian Open 2011

Статус
Затворена за нови мислења.
Со среќа на Клајстерс,мислам сосема заслужено,браво и за Ли која одлично се покажа.
Утре очекувам супер тенис,а посакувам победа на Мареј,бидејќи мисалм сега му е шанста,нз дали ќе дојде некогаш до ваква можност.
 
Секоја чест за Клајстерс, многу ми е мило што победи. Какви само шпаги правеше во 3-от сет! :) И Ли одлично изигра, девојкава дефинитивно има потенцијал да освои многу гренд слем титули во иднина. Сепак мене најважно ми е што омилената моја тенисерка победи денес, Ли нека чека друга прилика.
 
Честитки за Ким !! - Заслужено и очекувано највисокото постоље за неа. Така е кога рано отпаднаа покласата играчици, како Енан, Венус и Кузњецова и останавме скратени за еден ваков трилер меч.

Иако сите го очекуваа овој триумф на Ким, кинескава гледам пак ја мрсела работата со освојување на првиот сет .. Но работите се 'средиле' на крај. Прочитав дека правеле и двете доста грешки, не го користеле доволно сервисот ии имало 13-14 брејкови. :nesvest:

Утре се мажите .. Иии очекуваме посластица за крај ! :zlo:
 
Многу ми беше мило што Ли стигна до финале и им зема сет барем на Ким, нека им е честито титулата на Ким, нека и се множат.

Утре навивам за Мареј, чисто онака колку да изберам фаворит.
 
Штета !!! Не успеав да станам да го гледам женското финале. Од тоа што ве читам сигурно бил интересен меч. :uvo:Било која можела да победи - одлучувале нијанси. Посакував и ќе ми беше мило Ли да победеше, ама ајде, ќе има и наредни прилики за трофеј ако продолжи со ова темпо.
Како и да е - честитки до Ким, моментално е број 1 во светот.

Од маживе, типувам победа на Џоковиќ. Тоа што го покажа против Роџер во полуфиналето беше импресивно - ако ја повтори таа игра - не му бега трофејот :toe:
 
Ким беше фантастична, во моментите кога требаше најдобро... Направи добар брејк во втортио сет, го доби, имаше психолошока предност, ја искористи максимално и го зеде 3от сет... Пред Ли има уште многу, и тоа ја очекува доста добра кариера, се надевам, но на овој меч, искуството на Ким, и тоа како беше клучно...

За мажите, едниот го има освоено, и има играно во финале, а другиот пак втора година по ред игра финале на АО.. Не знам, шо да очекувам освен добар тенис во 5 сета, и со преку 70 гемови, во 5от сет, или пак можи поминување на рекордот на Иснер во гемови од Вимболдон..Како и да е, сакам добар тенис, и реков предходоно, навивам за Ноле...
 
Охххх кој ќе станва во 09 30...Улај се овие, Австралјанците
 
Честитки за Клајстер и од мене.. :)

И еееј...ебати среќата што сум.. Утре испаѓа оти треба да го пропуштам крајот..ама може и да не го пропуштам, ако заврши до 1....а тешко :Ѕ
 
Честитки за Клајстер и од мене.. :)

И еееј...ебати среќата што сум.. Утре испаѓа оти треба да го пропуштам крајот..ама може и да не го пропуштам, ако заврши до 1....а тешко :Ѕ

Ќе заврши Ноле работа побрзо од очекуваното :)
 
Ќе заврши Ноле работа побрзо од очекуваното :)

Море како тргнале овие тешко дека ќе завршат до 1 :)
Ајмо мајсторе време е за брејкот.

--- надополнето ---

И така ви викам дечиња.....:)
:pehar::pehar::pehar::pehar::pehar:
 
Во предобра форма е, на тврда подлога, тешко кој би излегол на крај со него.
 
Ауу, неверојатна игра на Ноле.. :zver:

Само нека продолжи така, не само на мечов и на наредните турнири.. Навистина се гледа дека е каде-каде по стабилен..
 
Неразбирливо за мене е како може отишол у финале, да биде таков Енди, без никакви емоции, без никаква желба, јас разбирам умор и се, но финале на гренд слем е, ако тоа не го мотивира, незнам што би можело.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom