Немој да бидеш многу убеден дека си најпаметен и најчитан, ова е форум каде членовите си ги кажуваат своите мислења, ти на пример мислиш дека си најпаметен и солиш памет на други, ако ја пишувам со печатни грешки или со некој жаргон, тоа не значи дека сум неписмен или незнам да користам апликација за правопис на македонски јазик.

Мене така ми е интересно да се изразувам. Јас позади себе имам многу хартија урамено што докажува за моите лични способности, но тоа не е предмет за разговор на форум. Можам да те поканам во канцеларија кај мене и да ти раскажувам што имам завршено кај сум дипломирал, магистрирал и уште многу работи со кои можам да ти мафтам пред очи. Тука сум да си го кажам својот став, ако сака некој да му помогнам преку муабет или едноставно да се спротиставам на тоа што не ми се допаѓа.
Форумско пријателче ти изгледа си ептен партиски затруен или имаш студирано новинарство или кумровачка школа да изведуваш спинови и извртување на тези и после си се смееш. По муабетиве на форумов си неверојатен, ама во животот си оној кој ја раскажува тепачката, а не е учествува. Така да нема што да ти реплицирам и да ти враќам на постови, што викаат девојките. Небитен си !!!
Ти сакаш да ми кажеш дека секој оној кој ќе пишува позитивно за Македонија, и сака да живее тука, работи за партијата и одработува партиски задачи. Сега ја треба на тебе да ти пишам дека пошто ме напаѓаш дека зборувам позитивно за Македонија, треба да те обвинам дека си партиски војник и шиткач на името и знамето ти и твоите сопартијци. Немора да ти пишам такво нешто, пошто си полн со фрустрации и омраза, ти изгледа не си ни Македонец, која ми е целта да дебатирам со тебе кога од старт си поготвен да викаш дека белото е црно. Еве сакаш да ти дадам тел-број па прашајме приватно дали сум партиски војник или одработувам за партијата или не сум бил или сум бил некаде.
Ти упорно тераш луѓево да мислат дека сите ја плукаат Македонија, но не е така. Ти мислиш ако ти е дозволено да пишуваш на форумов такви работи мислиш надвор од форумов сите го имаат тоа мислење. Надвор од форумов и за оваа дискусија има многу луѓе кои не обрнуваат внимание пошто преќутно викаат за таквите како тебе, како нема одма да се иселат од држава и да не плукаат онаму каде што го јадат лебот. Знаеш ли ти дека Македонија ќе биде поубаво место за живеење, кога сите ќе размислуваат како да направат нешто добро во државата, отколку само да плачат и неправат ништо.
Тоа што пишуваш дпмне, нели мислиш дека те оквалификува со штаПот на Бихаќка. Ти ја лечиш фрустрацијата што не си нивен, или пак си Грк кој ужива да не те пишува по име. Или пак ВМРО ти се премногу големи букви за пишување и нивното историско значење за Македонија. Тоа што те мрзи да ги пишуваш во твојот пост покажува дека не си ја знаеш историјата, односно си малку неучен.

.

И за крај, ја прегорев тастатурава