Значи, безразлика дали имате супер работно место, супер плата, супер куќа, супер стан, родители кои ќе ви ги чуваат децата додека сте на работа и нема да префаќаат бактерии од другите дечиња во градинка... безразлика дали доколку живеете во Македонија со солидната плата ќе си дозволите еднаш годишно да летате на одмор во било која земја сакате, да си ги купите сите new arrivals во Zara и Mango (како синоними за висока мода), да одите секој продолжен викенд во лето во Солун или во зима на Алпите, сите ама СИТЕ морате да сфатите дека го дишите истиот воздух со сиромашните.
На страна тоа што Македонија не е држава за живеење, Македонија веќе не е ни земја, ни територија за дишење.
Треба да се воведи некој меѓународен акт со кој ќе се дозволи барање азил врз основа на загаден воздух.
http://faktor.mk/archives/112652#
Превземено од фб