Аудио Опрема: Засилувачи, Ресивери, Тунери, Звучници...

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemorosus
  • Време на започнување Време на започнување
не можев да го изменам минатиот цитат,дали можи некој да ми предложи слушалки turtle beach до кај 5000 по можност да се z22 и дали ги има негде во Македонија оти не можам да најдам солидни слушалки што ке ваѓаат добра снимка со микрофонот ако нема ке видам што можам да направам со братучедот од америка дали тој можи да ми прати едни и дали некој порачал нешто од америка да му стаса македонија или да му го пратат по пошта колку ќе ме чини преносот
 
За 5000 денари има едно 20 пати подобри слушалки од тие.
 
Брат за микрофонот ми е предложи ти чим има 20 пати подобри,оти гледав на артист системс и гледав на амазон audio technika at2020 солиден микрофон за видеа на артист системс 9500,а на амазон 5000 и затоа си реков дека не можам да најдам добри слушалки за пониска цена со добар микрофон.Брат предложи ке ги видам јас на youtube каков квалитет на снимка со микрофонот имаат и кажими каде можам да ги најдам :D фала однапред
 
Купи си stand alone микрофон, за некои ~ 2000 денари сигурно ќе најдеш доста добар, а за 3000 земи слушалки (иди во Артист ќе ти предложат)
 
Брат не сум од скопје зато не можам да појдам да прашам.Зато ти реков ко ке одам некогаш скопје и да имам пари ке земам едни слушалки,или пак микрофон,оти ми е за снимање видеа ако можиш и ако знајш шо слушалки ги има на залиха
 
Незнам за залиха, јави се и прашај....не верувам дека ги апдејтуваат страните со лагер олку често за да можеш да видиш со сигурност на нивната страна.
 
Имам дома стерео звучници т.е. 2.1 со активен SubWoofer , дали можам да го искористам вуферот за да го поврзам во Кола?
 
Дали е можно да извадам звук преку DVD со оптички кабел, не AUX.
Доколку да, што да наместам на DVD-то, доколку не, пепел. :D
 
Дали е можно да извадам звук преку DVD со оптички кабел, не AUX.
Доколку да, што да наместам на DVD-то, доколку не, пепел. :D

Се‘ зависи од моделот од ДВД „вртачот„, односно кои аудио излези ги има.
Ако има оптички аудио излез, тој излез „иде„ или на рисивер со дигитален влез и вграден Д/А претворач или во засебен Д/А претхорач.
Таквиот излез е наменет само за аудио излез од 44,1кхз, на 16 битови, не повеќе, што значи дека не можеш да слушаш ДВД аудио и СА-ЦД дискови преку оптички аудио излез, туку само аудио ЦД дискови.

Како ДВД „вртачот„ го користиш за слушање аудио ЦД дискови, нема потреба од посебно местење.
Ако сакаш да слушаш високорезолутни аудио дискови, ти треба ХДМИ излез и кабел од ДВД „вртачот„ и ист такво влез во рисиверот.
 
Се снајдов вчера. Ги поврзав со оптички, имам таков излез на матична, но и влез у ДВД-то.
Се пукнав барајќи опција, но на крај ја најдов. ДВД-во има 4 опции, DVD, Tuner, Port(usb), AUX.
На Даљинсково не знаев кај да чекпам, па чепкајчи на Func опцијата на ДВД-то, се појави D/IN. После тоа ми текна дека AUX опцијата е двојна, едната е AUX, додека ако се стисне пак тоа копче, иде во D/IN. Малце ми е чуден звукот, подлабок, но и потивок.
Онаа јачина на гласот што е 10 на AUX,e 15 na D/IN. Не ми е толку битно тоа, би требало да можам сараунд да извадам вака. AUX-от нели вади само 2.1.
 
5.1 звук се „вади„ или од аналогните излези, со 6 коаксијани аналогни кабли од ДВД-то кон рисиверот или со ХДМИ кабел од ДВД-то кон рисиверот. Не ми е познато дека оптичкиот излез и оптичките кабли пренесуваат 5.1 или 9.1 звук. Двоканален/стереофонски звук пренесуваат сигурно.
 
Оптичкиот кабел пренесува дигитален сигнал. Дали ќе биде стеро или сараунд не му значи ништо. А дали уредот што ќе го прими сигналот ќе го препознае, тоа е веќе друго прашање.
 
Матичната е оваа. ASRock P45DE3
Звучната иако интегрирана, е следна:
Audio- 7.1 CH Windows® Vista™ Premium Level HD Audio (VIA® VT1708S Audio Codec)

Излезот е следен
- 1 x Optical SPDIF Out Port

Ќе пробам со BluRay филм, се надевам ќе извади. Ќе може да се проба, има опција од менито, цел филм е ставен како Disk. Дали ќе биде успешно, е прашањето.
 
Оптичкиот кабел пренесува дигитален звук и може да носи DTS/DD но не и DTS HD/MA TrueHD.
 
Дали некој има искуство со JVC HA FX1X кои што се спомнати во една рецензија на кајгана или да даде некој предлог од прилика за таа цена околу 15$?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom