Аудио Опрема: Засилувачи, Ресивери, Тунери, Звучници...

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemorosus
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам озвучување за по дома, од тип на ресивер со 2 звучника (мин.), генерално за потивко слушање музика (нема потреба од многу голема моќност). Бидејќи музика пуштам од лап-топ (се шета лап-топ-от низ цел стан) сакам тоа да биде некако безжично, да немам кабел од лап-топ до рисиверот. Сигурно има рисивери со ваква опција и на кој принцип работат (wifi, bluetooth ...).
 
Да не сака некој
Samsung MAX-PN54
има: RDS Tuner, CD player so 3 diska, Double deck, Aux, Dolby Pro Logic, daljinsko, instruction manual
+
5 звучници!

2 Front 2X60W RMS
1 Center 30W RMS
2 Rear 2X15 RMS

За замена сакам 2 помали звучки 2X10...2X20W шта даш даш.... некој монитори, bookshelf што ти знам ја... и тоа у средина што стои да има Tuner, CD Playback i AUX функција. Толку!

Ако има овде некој аудиофилски hoarder кој може да види ќар во ова нека понуда на ПП
 
Дечки, дали некој од вас има правено појачало сам. Колкава јачина? Колку ве чинеле компонентите/материјалите? Има ли ваква тема?

Ништо конкретно не кажуваш: намена, афинитети, буџет, способности...

Јас имам појачало направено од кит земен од 41hz.com
На жалост сега гледам дека по се изгледа го затвориле бизнисот. Иначе важеа за добри почетнички појачала од Д класа. Еве еден линк колку да стекнеш претстава за што зборуваме:
http://www.tnt-audio.com/ampli/amp-6_e.html


Иначе, топла препорака за местово:
http://www.diyaudio.com/index.php
Таму има многу познавачи и искусни луѓе, добра заедница е и можеш да добиеш помош за многу работи.[DOUBLEPOST=1424547932][/DOUBLEPOST]
Дечки, дали некој од вас има правено појачало сам. Колкава јачина? Колку ве чинеле компонентите/материјалите? Има ли ваква тема?

Ништо конкретно не кажуваш: намена, афинитети, буџет, способности...

Јас имам појачало направено од кит земен од 41hz.com
На жалост сега гледам дека по се изгледа го затвориле бизнисот. На форуми читам се разболел човекот (а сам работел). Штета, иначе важеа за добри почетнички појачала од Д класа. Еве еден линк колку да стекнеш претстава за што зборуваме:
http://www.tnt-audio.com/ampli/amp-6_e.html


Иначе, во врска со твоево прашање еве ти топла препорака за местово:
http://www.diyaudio.com/index.php
Таму ќе најдеш многу познавачи и искусни луѓе, добра заедница е и можеш да добиеш помош за многу работи од направи-сам аудио.[DOUBLEPOST=1424548007][/DOUBLEPOST](што се дешава со форумов во последно време...) :cautious:
 
Последно уредено:
@Vanlok
Генерално ме интересираше дали има некој што правел сам, па и дали се исплати.
 
Исплатливоста е релативна. Зависи што сакаш, што очекуваш, и со какви ресурси располагаш. Ресурсите се: пари, познавање, време, воља. Ако сакаш аудиофилска опрема, или нешто поблиску до тоа, а немаш многу пари но имаш познавање од изработката и електрониката, многу време и желба за сопствена изработка... тогаш направи-сам е добар избор со кој евентуално би заштедил нешто од парите во однос на купување комерцијална опрема (со споредлив квалитет). Но ако сите услови: познавање, време и желба за сопствена изработка не се исполнети, тогаш нема да ти се исплати целата работа.

Општ одговор на општо прашање @AceCaleb :)
 
Дали може некој да ми каже ориентациона цена за миксета/појачало UNIVERSUM Typ V 131, и кој може да провери дали е во исправна состојба?
DSC03994.JPG DSC03995.JPG
 
луге кај има ROTEL освен во Болин
конкретно ме интересира за ROTEL RA-12 во Болин ми пишаа дека го немат ги прашвам два пати дали можи да се порача од нив нема одговор.
Има ли друго место каде што се продава ROTEL во Македонија ?
 
Ок Благодарам.
Стапив во контакт со Болин тие ќе го порачаат наскоро ке стигни и ке можам да го подигнам од таму :)

FLAC,

точно е дека само „Болин„ го застапува „Ротел„ во Македонија.
Што велат од „Болин„, колку ќе чекаш за набавка на засилувачот?

http://www.whathifi.com/rotel/ra-12/review
 
Имам 4 звучници од ДВД скоро некористени, ме интересира дали можам да ги користам на компјутер, и ако да како можам да ги поврзам пошо се со гола жица, немаат ни бананчиња ни џекчиња.:toe:
 
Ми треба некое добро радио за вкола значи цената да биди до кај 3500 денари, и ме интересира колку звучници е најдобро да ставам за вкола и какви ? Ваши препораки, звукот сакам да биди квалитетен значи да ме фати до кај 100евра со се звучници :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom