ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Па тогаш ти не си го глеал финалето во Мадрид пред една недела ако збориш дека еве дури денес (или ајде нека биде на мечот со Сок) го стигнал заморот.
Поубаво е да признаеш дека подобриот победи и тоа е тоа, не е крај на свет ако изгуби :)
И уопште не мора да праиш муабет никој тебе не те цитираше, ниту ти се обрати.
Вау, несмеам да те цитирам демек ако не си ме цитирал? Ќе ми забраниш? Го гледав и во Мадрид и денес и во Барса. Надал Барселона и Монте Карло ги изигра најперфектно што може исклучок мечот со Едмунд каде после 6 0 прв сет почна да се резили. Таму Надал потсетуваше на оној Надал од 2010, впрочем и во финалето во Барселона каде Надал беше многу посвеж од денеска се виде разликата. Во Мадрид веќе почнаа осцилациите, со Фоњини па и со Гофан доста се мачеше и на моменти имаше слабости. Со Новак измотивиран до максимум заради тоа што го немаше победено од 2014. И во финалето не играше најсјајно, почна Тим со брејк и таму во прв сет, но Надал успеа да триумфира. Денес и вчера со Сок Надал беше очаен, немаше длабочина во ударите, многу чисти удари му беа или мрежа или аут, а тоа дефинитивно не се должи од така. Тим е помлад и е во неговиот Прајм моментално и тоа го искористи денес.
 
Виде дека Џокович влага у форма и намерно изгуби за да не биде преслушан од докторот пред Роланд Гарос.
 
Надал и Тием изиграа прејак меч во Мадрид, со милион квалитетни поени и винери. Исто така и мечот со Гофан беше страшен, еден од подобрите сезонава. Надал издува во Рим, преочигледно беше. Не сакам да му одземам ништо на Тием, стварно ептен добро изигра, ама Рафа денес беше дупло послалб него во Мадрид. Едно 5-6 рамки имаше денес што е резултат на каснење на удар кое пак е резултат на замор. Чисти форхенди во аут, лоша дефанзива, лош сервис, плус на ова ако го додадеме одличниот Тием добиваме чист и заслужен пораз. Можда и добро ќе му дојде ова пред РГ, да одмори малце и да влезе со 150% за да ја освои толку посакуваната децима. ЈАс му посакувам нога да искрши зашо ме заеба на спортска али тоа е друг муабет.
 
Пред неполна недела истиот Надал го победи Тим, што се промени после една недела и плус еден одигран меч и тоа против Сок, па да е причината заморот.

Па и јакото, Тим одиграл онолку колку што Надал му дозволил. До вчера истиот муабет го критикувавте коа фан на Новак ќе го напишеше истото дека не зависи од противниците туку од самиот Новак. ;)

Има разлики во земјената подлога во Мадрид и во Рим.
Во Мадрид земјената подлога е малку побавна од таа во Рим.
Што поспора подлога тоа е подобро за Надал и полошо за противниците, и обратно, побрза подлога значи поголеми шанси за противниците на Надал.

Иако и заморот кај Надал си имаше придонес во вчерашниот пораз од Тим.
 
:icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Надал намерно изгубил заради то шо Ноле влегвел во форма каква црна форма... Со ваква игра Тием утре ќе го топни од земја Ноле..
 
Надал намерно изгубил заради то шо Ноле влегвел во форма каква црна форма... Со ваква игра Тием утре ќе го топни од земја Ноле..
Евидентно е дека Новак игра подобро на овој турнир, меѓутоа и Дел Потро е смешен, едноставно неподнослив на бекхенд страна, послаб и од мојот бекхенд има дефинитивно.[DOUBLEPOST=1495304389][/DOUBLEPOST]Кој идиот си ти Тим, 4 неизнудени грешки со над 1 метро широчина/должина аут на свој сервис.
 
Последно уредено:
Го растури Новак...ненормално длабоки топки му праќа а овој не микса ич у играта само лупа по тоа топчето, отпуштањето на стручниот штаб вистинска шок терапија за Новак.
 
Го растури Новак...ненормално длабоки топки му праќа а овој не микса ич у играта само лупа по тоа топчето, отпуштањето на стручниот штаб вистинска шок терапија за Новак.
Ако имаш можност премотај го назад вториот гем кога јаде брејк на 0 Доминик Тием, види ги сите неизнудени грешки колку беа длабоки ударите, му остави на Србинот да си танцува на теренот без грам притисок :)
 
Се враќа у форма Новак. Поготово денес со Доминик се покажа добро.
 
јао Ноле шта си урадио :drk::drk:

мислам дека враќањето на Надал значеше голема мотивација за Ноле и тој да се врати на вистинските патеки што поскоро, овие денови е навистина пеколен :cuc:
 
Ако имаш можност премотај го назад вториот гем кога јаде брејк на 0 Доминик Тием, види ги сите неизнудени грешки колку беа длабоки ударите, му остави на Србинот да си танцува на теренот без грам притисок :)
Каков Тием, дали гледаш уопште шо се дешава по теренот? Вакво метење еднаш Бердих го снајде, исто лани и Нишикори а и Надал лани у Доха.
 
Надал намерно изгубил заради то шо Ноле влегвел во форма каква црна форма... Со ваква игра Тием утре ќе го топни од земја Ноле..
odlicna obemna i konstruktivna analiza. (y)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom