ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Истата теорија важи и за Вимблдон. Не може да ми каже некој дека Надал е слаб играч на трева кога има 5 финалиња и две титули од истите. Да не беше Федерер сигурно ќе имаше барем уште една плус. А така е и за Ролан Гарос, да не беше Надал Федерер ќе беше далеку со Грен Слемовите, сигурно ќе имаше 20+.

Муабетот на Ставрогрин дека терените се успорени е точен, но многу се лаже кога е во прашање Надал, особено за сервисот. Друже, (на Ставрогрин му викам) на УС Опен 2010 Надал прв пат претрпе брејк дури во 1/4 финалето. Ајде одамна е таа 2010, сега на Ролан Гарос, сервисот беше клучниот фактор што Надал го победи Новак. Поглени ги само бројките, или изгледај го пак мечот и види како сервираше Надал, особено во клучните моменти. Значи он нема сервис како Иснер па да не може човек да му го врати, ама затоа има многу варијации во истиот. Топчињата на Надал се движат со 5 пати повеќе ротации од сите останати тенисери. Далеку од тоа дека он врска нема на трева.


Vo pravo si,ama Stavrogrin najverojatno ne ja saka igrata na Nadal i nejke da prifati deka e dobar i na drugite podlogi.. Toa e shto da pravime,negovo pravo :D
 
Факт е дека Надал ќе немаше толку успех на Вимболдон доколку топките, подлогата не беа сменети. Иако за разлика од Ставогрин, јас не мислам дека он е слаб играч на трева.

Е сега зошто не би имал толку успех.....

Прво на лесни топчиња, а не тешки како што се користат сега, е многу потешко да дадеш соодветен спин.

Второ, со лесни топки сервисот - добар е скоро невозможен за враќање.

Трето успоренета подлога, менувањето на типот на трева, е главната причина заради која топчињата скокаат далеку повисоко при што Надал може многу полесно да напаѓа на еднорачните бекенди и да има ефект скоро како на земја, тоа порано го немаше- како и спинот кој е додатната предност заедно со одскокот кој те прави беспомошен т.е мора само да пребациш наместо да нападнеш, при што местиш форхенд пенал.

Четврто, ако ти лупне некој форхенд ала Гулбис со 165 килоометри на час, шансите да ја вратиш таа топка се помали од 0, знаејќи дека при допирот со тревата порано топчињата скоро и да не губеа брзина за разлика од сега - ем губат брзина, ем скокаат доста повисоко. Истото важи и за сервис, значи генерално услови кои одговараат на играчи од основна линија.

За крај, ако некој се сомнева дека има валидност во овие факти, може да погледне некој стар меч на Вимболдон, или било кој натпревар помеѓу Федерер вс Надал во сала, каде одскокот и спинот се слични како оние порано на тревата, мада 2012 изгледаше доста успорено и топчето скокаше повисоко...
 
Vo pravo si,ama Stavrogrin najverojatno ne ja saka igrata na Nadal i nejke da prifati deka e dobar i na drugite podlogi.. Toa e shto da pravime,negovo pravo :D

За мене Надал е еден од најдобрите тенисери во историјата. На земјени подлоги е сигурно најдобриот тенисер во историјата. Поентата е дека тој не е играч за на трева, барем не за онаа трева на која се играше до пред десетина години. Промените ми се чини дека почнаа после годината во која Хјуит го освои Вимблдон па потоа следната година отпадна од дотогаш потполно непознатиот Карлович. Мислам дека тогаш на органзизаторите им дојде преку глава, па почнаа постепено да ја менуваат подлогата.

На таа старата тревната подлога, Надал со оној сервис кој го има, и кој е повторно прилагоден за земјени подлоги, немаше што да бара. Таква беше играта што неговите квалитети не можеа да дојдат до израз. Упорноста, издржливоста, сите оние квалитети со кој победува, во една таква игра беа второстепени. Беше невозможно да го освоиш Вимблдон ако не играш сервис и волеј. Денес сервис и волеј игра само Љодра и Степанек кога е во форма. И понекогаш Фелицијано Лопез.

На Вимблдон не се играше од основната линија, затоа што беше невозможно да добиеш меч така. Не беа тие играчи глупави па да не играат од основна линија. Ако стоиш на основна линија, сигурно губиш, ако не после сервисот, тогаш после првиот удар кој барем малку одеше во аголот.

Многу просто. Мечот кој Надал и Федерер го одиграа во финалето на Вимблдон, и кој по многумина е еден од најдобрите во историјата, не можеше да се случи ако беше старата подлога во прашање.
 
Oстајте тоа туку тема треба да се отвори, еве од утре почнуваат квалификациите.
 
Постот на Псај, тоа е тоа. Буквално од А до Ш е така. Мене лично не ме интересираат муабетите што ако беше побрза подлогата, што ако беше ваква, што ако беше онаква, едноставно сите играат на иста подлога и тоа е тоа. Надал сега е многу поразличен играч од оној Надал во 2006-2007 година, многу поприлагодлив, многу позрел. Со текот на годините што е и нормално сфаќаше дека со дефанзивна игра на трева и бетон не се освојуваат титули. Он на брзите подлоги многу успешно го изведува миксот помеѓу дефанзивата и офанзивата, со тоа што последниве 2-3 години он е доста поагресивен на сите подлоги.
Најмногу ги мразам муабетите од типот да не беше РГ Надал 2-3 Грен Слем титули дали ќе имаше, да не беше Вимблдон Федерер ќе си беше обичен играч, и ред други вакви малоумни муабети кои за мене лично се само обид да се оцрни името а воедно и постигнатото на овие двајца великани. Се знае, Федерер е GOAT, тешко да биде престигнат од некој, Надал исто така е еден од најдобрите играчи кои го заиграле овој спорт, Новак е исто така тука негде.

И у право е Петар, мислам дека е време да се отвори темата за Вимблдон, од утре мислам почнуваат квалификациите, па ќе коментираме и за нив а и за главниот турнир. Ајде модератори фаќајте се за работа. :)
 
A може некој и од „обичните“ членови да отвори тема, не е никаков проблем, ако е спремен да го среди воведот како што е на другите турнири.
Не мора да значи дека само модераторите треба да отвараат теми.
 
Давиденко нема да игра на Вимблдон. На Трол Тенис на ФБ
објавија сега..

Инаку квалификациите почнаа од денеска и цело прво коло ќе се одигра денес.Веќе почнаа околу 20 натпревари.
 
Дали и годинава на Телма ќе се пренесува Вимболдон?
 
Дали и годинава на Телма ќе се пренесува Вимболдон?

Сеуште немам видено најава за преноси, а и ако се знае фактот дека Спорт Клуб го пренесува од почеток до крај, секојдневно, не знам колку им се исплати на нив да откупат права и да емитуваат само еден - два меча дневно.

Иначе тема за гренд слемот ќе има до вечер.
 
Давид Ферер загуби во прво коло од Малис, на турнирот во Хертогенбош, Холандија. Малис беше поуспешен од него во два сета, 7-6;6-3.
 
Вавринка со играта што ја прикажа до сега,главен фаворит за да го освои Хертогенбош.Уште не се знае сепак,доста фаворити отпаднаа од одма :D
 
Не знам дали некој ја гледаше пред малце егзибицијата помеѓу Ѓоковиќ и Димитров, епик, мора да се најдат некои моменти на јутјуб, се надевам ќе биде поставено подоцна.
Имаше еден долг поен, што не можеа да си земат воздух долго време и двајцата тенисери.
BNNm2BmCEAE6pGW.png:large


Имитирање на Шарапова, на меч против Димитров.:D
BNNopI7CYAE36cB.jpg:large
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom