ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Надал реално, врска нема од играње на трева. :icon_lol: Тоа што победува на трева е доказ дека е физички феномен. Инаку тој на трева се однесува како да е на Ролан Гарос. Истите удари, истото движење, истата тактика.

И Новак не знае да игра на трева. Да не ги успореа терените, ниту Надал ниту Новак ќе имаа титула на трева, да не се лажеме...

Ова треба да се смести во еден од најглупите постови на форумов, ако постои таква тема.
Да си гледал малце анализи ќе мислеше малце на подруг начин. Баш лани покажаа каде Надал стои кога ги враќа сервисите на Ролан Гарос, на Вимблдон и на УС Опен и АО, двата турнири на тврда. Надал е на основната линија на Вимблдон кога враќа сервис, и го враќа со штоп ритерн. Значи он е типичен земјаш, но со текот на времето и те како се прилагоди на останатите подлоги, особено на тревата. Пак ќе ти кажам ти можеш да мислиш едно, али демантот стига во гореспоменатите бројки.
 
Хмм, глупост е многу навредлив збор, јас не го употребувам нити на евидентно глупави луѓе. ;)

Едниствената причина поради која Надал игра добро на трева е што терените се драстично успорени. Ти гледаш тенис 4-5 години, јас гледам 25. Пред само десет години Надал ќе излетуваше од Вимблдон како партал во максимум третото коло. А терените ги успорија за да почне да личи тенисот кој се игра на Вимблдон на другите тениски турнири, затоа што дотогаш изгледаше како некој друг спорт. Јас ќе ти кажам дека на старите терени на Вимблдон, со сервисот што го има, Надал од 10 обиди 9 пати ќе изгубеше од Иванишевич.

Еве едно прашање од мене, како глупав човек :pipi:, што мислиш зошто Лендл нема титула на Вимблдон?
 
Ти не си глуп постот ти е глуп.
За болдот не знам, гледам тенис 4-5 години. ;)
 
Знам колку долго гледаш тенис. Надал има менталитет на играч од земјени терени, има просечен сервис, и има гејм план кој е совршен за Ролан Гарос. Дури и на вака спори терени му се случува да изеде ќотек од потпросечен играч со добар сервис, како Росол. (знам, повреден беше тогаш :))

Инаку, се крена голема прашина во тенискиот свет кога ги успорија терените на Вимблдон. Наеднаш Вимблдон стана само уште еден турнир. Знаеш каква реткост беше да се види поен со повеќе од 4-5 удари?

Сега го гледаме РГ на сите 4 грен слемови.
 
Држи муабетот на Ставрогин за Вимблдон, тенис пратам од Агаси-Сампрас генерацијата, Вимблдон секогаш се сметал за нешто друго, нешто поинакво и навистина беше престиж за тој што ќе го освои турниров. Сега како што кажа он Вимблдон стана уште еден Гренд Слем кој не се издвојува многу од останатите 3. Повеќе од 6-7 удари ретко имало и најчесто тие со добра серва биле секогаш и фаворити. Сега ова не е клучно за освојување на турнирот. Иванишевич баш ради тоа на овој турнир беше секогаш солиден, успеа конечно против Рафтер во еден антологиски финален меч, тие што прателе тогаш, знаат :)

П.С. Ставрогин изгледа ги фатил и генерациите со дрвени рекети кога играа :D
 
Знам колку долго гледаш тенис. Надал има менталитет на играч од земјени терени, има просечен сервис, и има гејм план кој е совршен за Ролан Гарос. Дури и на вака спори терени му се случува да изеде ќотек од потпросечен играч со добар сервис, како Росол. (знам, повреден беше тогаш :))

Инаку, се крена голема прашина во тенискиот свет кога ги успорија терените на Вимблдон. Наеднаш Вимблдон стана само уште еден турнир. Знаеш каква реткост беше да се види поен со повеќе од 4-5 удари?

Сега го гледаме РГ на сите 4 грен слемови.

И сакаш да кажеш дека тенисот е поинтересен кога во секој поен има помалце од 5 удари?Ништо јако нема во тие поени.Само слушаш аут или гледаш топка со брзина од 220 км на час како ас.Поатрактивен е тенисот со размена на повеќе удари.Поепско е.Затоа и го успориле Вимблдон.Гледав една снимка кога играле Мекенроу-Борг на Вимблдон,првите 3-4 гејма беа само сервирање и сервис-винер или ас.После малце се размаваа,ама во глобала целиот натпревар беше со просечно 2-3 удари од поен.
 
Никаде не напишав дека тој тенис беше поквалитетен или поинтересен, едноставно беше поинаков. Проблемот е што овде постојат луѓе кои мислат дека Надал е Супермен лично, и дека се прилагодил кон тенисот на трева , па сега освојува титули. А прилагодувањето се состоело во тоа што на сервис на противникот Надал стоел повнатре во теренот. А вистината е спротивна, не се прилагодил Надал кон теренот, туку теренот се прилагодил кон Надал.
Кога на времето сервираше Борис Бекер на Вимблдон, можеше да ти каже во кој дел од сервис полето ќе сервира, и ако го погодеше првиот сервис, со здравје да си го носиш. Топчето само ќе лизнеше по тревата. Денес и равните сервиси на Вимблдон, значи без слајс, отскокнуваат високо, и им даваат шанса на играчите како Надал да влезт во поен. Играта од корен е сменета.
 
Ако е така и Федерер никогаш се нема прилагодено на земја :D
 
како бе се нема прилагодено ? сакаш да кажеш дека федерер е слаб играч на земја ? проблемот е што надал е премн добар на земја овие години иначе федерер сега ке имаше 4-5 титули на РГ за мастерсите да не зборам
 
Истата теорија важи и за Вимблдон. Не може да ми каже некој дека Надал е слаб играч на трева кога има 5 финалиња и две титули од истите. Да не беше Федерер сигурно ќе имаше барем уште една плус. А така е и за Ролан Гарос, да не беше Надал Федерер ќе беше далеку со Грен Слемовите, сигурно ќе имаше 20+.

Муабетот на Ставрогрин дека терените се успорени е точен, но многу се лаже кога е во прашање Надал, особено за сервисот. Друже, (на Ставрогрин му викам) на УС Опен 2010 Надал прв пат претрпе брејк дури во 1/4 финалето. Ајде одамна е таа 2010, сега на Ролан Гарос, сервисот беше клучниот фактор што Надал го победи Новак. Поглени ги само бројките, или изгледај го пак мечот и види како сервираше Надал, особено во клучните моменти. Значи он нема сервис како Иснер па да не може човек да му го врати, ама затоа има многу варијации во истиот. Топчињата на Надал се движат со 5 пати повеќе ротации од сите останати тенисери. Далеку од тоа дека он врска нема на трева.
 
Страшно добар денес Федерер. И тој прв сет без разлика што го изгуби го изигра перфектно.
 
Ја се чудев Јужни како не се самоказни со рекетот, најсериозно. После онака фина игра, очекував да се лупне бар еднаш.
 
Поработил на психата што е добар знак. А и на бекхендот мада мислам да е друга подлога во прашање би си бил истиот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom