Не е битно дал е некој у право или не, значи апла ја претеравте, до сеа вакво претерување на темиве немало и немаше апсолутно никаква потреба ова и да се начне како дискусија.
Ко прво, секој медиум во Америка, и тоа оние најрелевантните, фрлија тон кал на односот на публиката во финалето, а со оглед дека медиумите се и главни креатори на мислењата во Америка, извлечете заклучок дали го мразат или не Новак. Новак нема никаква врска со тој нивни однос, реков поназад ама постовите се изгубија во оваа лавина на бесмислени мислења кои немаат никаква допирна точка со тенисот. Секој фан на Федерер секое негово финале го гледа буквално како фаќање на последен воз за слем, е сеа он ги демантира зашто 2 години по ред е во финале на вимби, и сега успеа на ју ес оупен исто да стигне до таму и тоа рутински, цел еден мастер и до самото финале он сет не изгуби.
Али не е битно, тоа е друг муабет, фактот дека е во години си го прави дополнително своето и во случајов во Њујорк неговите навивачи по секоја цена сакаа он да успее да лапа титула, и дали бил Новак, Мареј, Вавринка па и Надал, лично неговите навивачи вака ке се однесуваа, Дебилно, и тоа нема никаква врска со националноста на Новак туку со фактот дека секое финале на федерер, и секое евентуално следно они ке го гледаат ко последна шанса за него у кариера да лапа слем ...соочете се со тој факт.
Реков и ке повторам, Федерер тој нивни однос јавно треба да го искритикува, доволно е искусен и знае колку тоа смета и делува одвратно и е апла нефер, и за ова има минус кај мене, не смее ова да го игнорира поготово кога сите медиуми веќе го оценија со палец надоле и срамота и брука за еден слем.
Вчера инаку ако добро видов, Ноле 17 пати сервирал на брејк топки со втор сервис, од една страна секако ке кажете како можел Федерер тоа да го пропушти али од друга и капа доле за Ноле кој успеа да се носи со тој психолошки товар, моментално тврдам дека е Единствен човек во тенисов кој би можел да успее да слави во една ваква ситуација.
Башка и првиот сет што успеа да го освои иако имаше отворени рани кои сеуште крвареа, 3 на десната рака а е деснак, и една на десната нога, и убеден сум дека тој пад и тие рани дополнително влијаеа да он има дигресии во играта, поготово кога сервира, уште не ми се верува дека успеа да го лапне лагано првиот сет, во тој момент знаев дека зима титула.