Тотално изумив дека треба да игра и на тоа, ама после изгубениов сет денес што и претпоставив ќе биде случај, било каква победа на Руне ќе го елиминира, малце глупо ама гркот ја сјеба зашо тој меч се рачуна ко 2-0.
Синер не знам какви ќе му се калкулациите, сигурно ќе има тешко полуфинале, и за финале не би го сакал потенцијално Новак, така да може да си истера и пуштенка без разлика што победа носи пари тука доста, 300 000 евра така нешто, плус 200 поени, ама па добиено финале многу поише ти дава. Мислам дека ако пак налета на Новак, после сјебано полуфинале, дупло потежок предизвик ќе му е Новак од групнава фаза.
За Новак очекував денес да победи со изгубен сет, ама не рачунав дека тоа ќе се деси ако првиот го земе, ипак имаше еден блекаут у втор, едно 14 поени по ред изгуби а Хуркач класика совршен на негов сервис, и у ситуација кога беше 15-40 у еден наврат, одлепи 4 први сервиси што не се враќаа. а па у ТБ у прв сет еден поен на свој сервис не зема, тој што го зема беше на 6-0 кога Новак сервираше.