Дека е најдобар, најдобар е. Сакам да сруши рекорд и да освои не еден, туку уште неколку гренд слемови. Ама па што се замислува со ова не ми е јасно. Правилата се тие за вакцинирањето, а тој си тера свој курч. И во ракомет е исто, не го разбирам инаетов со вакцините. Ако важат правилата за сите, важат и за него. На крај, има пари нека плати да му шибнат вода или евентуално ништо место вакцина и нека покаже печат и готово.
Не е дека заобиколува правила, повеќе тенисери ја имаат истава дозвола а само за Новак се збори, зашто он јавно потврди дека оди со таква дозвола, другите ќутенката си ја тераат.
Иначе има прецизирани правила според кои можеш и невакциниран да отидеш во Австралија, одредени болести и слично за кои постои ризик да им се влоши состојбата на тие луѓе ако се вакцинираат, он наводно исполнувал некое од нив, така да ја тука не глеам проблем, исто и ако во последни 6 месеци си прележал корона можеш да влезеш таму без вакцина, и ова е една од варијантите која се споменува дека е случај со Новак.
За ставот негов со вакцинирање и невакцинирање не се замарам, негово право си е тоа.
А светов у кој живееме ...
Да не беше Новак немаше да знам дека будалите 2 години у карантини биле, луѓе не иделе на погреби на свои блиски, нити биле со нив дур умирале, деца не си глеале и тн и тн. Забегана работа.