ATP тенис - општа дискусија

Член од
14 март 2010
Мислења
16.844
Поени од реакции
16.006
Кај виде форма??? па подобро играше на УСОпен одколку сега освен сервисот се гледа го вежбал многу.
Значи во форма ќе е кога ќе ги победи Мареј, Ѓоковиќ и Федерер, а кога губи не е во форма...можеби тоа е моменталната сила негова, можеби другите играат во врвна форма, не се зависи од формата на Надал, барем не оваа година.
Од секој пораз може да се извлечи некоја поука.
Иначе Мареј има 23 победи во последните 24 меча..
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Значи во форма ќе е кога ќе ги победи Мареј, Ѓоковиќ и Федерер, а кога губи не е во форма...можеби тоа е моменталната сила негова, можеби другите играат во врвна форма, не се зависи од формата на Надал, барем не оваа година.
Од секој пораз може да се извлечи некоја поука.
Иначе Мареј има 23 победи во последните 24 меча..
Од повредата во 2009 на РГ кога ја добри и паузираше до недела дена пред УСОпен, уште од тогаш не играше на некое ниво, само од тогаш почна многу тактички да игра и нормално искуството си го правеше своето во финалиња со Содерлинг и Бердих, а за Ноле знаеме дека не беше трпелив за да му се спротистави во 2010 на УСОпен на Надал во долгите размени како сега.
Пушти Вимблдон 2008 и АО 2009 ќе видиш што значи форма иако знам дека тој Надал нема да го видиме веќе никогаш ама може он повеќе од ова до сега со Ноле, а најсрамотно со Мареј.
 
С

сашенко

Гостин
Има разлика помеѓу тој Рафа во 2008 и тој денес.Но тоа се должи многу повеќе на околностите во кои беше тогаш па сега, отколку личните промени кај него.Беше здрав, немаше толку проблеми со повреди тоа време, беше мотивиран, го имаше Федерер пред себе и гореше од желба да го надмине.Беше влезен во ритам, физички и психички спремен, имаше голема подршка од сите страни, беше тоа што моментално е Новак за неутралните навивачи и сето тоа влијаеше да ја изигра таа одлична сезона.За тој период битно е да се каже и дека немаше друга конкуренција.Новак тогаш претставуваше некоја опасност, но не толку сериозна.Исто и Мареј.Но сега ситуацијата е сосема друга.Притисокот е поголем.Знае дека е ранлив, свесен е дека повеќе тенисери најдоа начин како да се игра против него.Она што му беше силно оружје тогаш, сега не е ништо посебно и мора да се бори многу повеќе за да постигне резултати.Годинава имаше многу турнири за бранење, притисокот од одличниот Новак што со големи чекори се приближуваше го притискаше и мораше да направи нешто за да го сопре.Медиумите здивеа по Новак, сите ги броеа победите што се нижеа со леснотија, почна да губи нерви, да губи поени и тука се разниша самодовербата.Нешто што ниеден човек не би можел да го зачува во ваква ситуација, дури ни оној Надал кој важеше за еден од најсилните психички подготвени тенисери и спортисти воопшто.Знаеме сите како почна сезонава 2010 нели? Надал беше во центарот на влијанието.По освоениот Us Open и комплетирањето на сите 4 гренд слеми на 24 години, одеше на еден голем рекорд кој сега му изгледа далеку колку сонцето на нас што ни е.Ке беа тоа 4 гренд слема по ред освоени за него и страв и трепет за сите на атп турнејата.Нешто со што ретко кој и од пензионираните тенисери може да се пофали а тој на само 24 години и сеуште со кариера пред него.Ке беше страв и трепет за сите на турнејата.Но се деси нешто што ни во најлошиот кошмар не можеше да го замисли.Кловнот (се извинувам на фановите за изразов морам вака) што го емитираше пред почетоците на турнирите, и кој си правеше шоу за публиката и кој беше преку 6 илијади разлика со него на ранкингот му го украде вниманието на медиумите и го насочи себично кон себе со маестрална игра и со рекорд веднаш до големиот мекенро:confused:.Искрено, тоа требаше да биде година на Рафа, да бев јас на негово место ке плачев и ке си ја барав назад:pos:.Знаете што се случува кога ке бидете толку самоуверени, и кога мислите дека со носот облаците сте ги допреле и дека дури и легендите ви се диват? Епа тоа е едно навистина убаво чуство, ама у случај (1 на милион) како овој оваа година што го видовме, кога од никаде ке се појави еден талент како Новак кој му текна дека може и број 1 да биде освен што може да забавља публика може да биде крајно демотивирачки и деструктивно да влије на вас.Епа тоа се деси јбг.Знаеме како одеа настаните по ред, знаеме како почна па како заврши Рафа годинава.Видовме како Ноле го симна Рафа од облаци до тренинг кампот и го натера да учи сервис како почетник и како одличниот тим на Рафа кој беше еден од најуспешните во спортот се распаѓа и како Надал губи сетови од луѓе кои се молеа пред икона на богородица да не се паднат со него на турнир.Видовме до кое дереџе го доведе, и искрено не му го посакувам ова на никого.Надал беше тенисер кој изгледеше од секогаш многу самоуврено, и со тоа ги тепаше противниците.Го имаше тој убиствен поглед, мотивација на ниво секогаш и тоа ги плашеше противниците и му даваше огромна предност.Сега тоа се изгуби.Се исплаши, се изненади од ова што се случи.Очекуваше сега да собере уште неколку тројфејчиња големи и да го брка Федерер за гренд слемите а најде нов конкурент за позицијата број 1 и се отворија страници на едно ново ривалство кое очигледно не планираше да го игра годинава.И покрај шансите што ги имаше на почетокот против него, како идеше времето насместо да ја пронајде играта против Новак, се деси спротивното па Новак ја најде играта против Рафа и го истресе уште неколку пати.Што е најтрагично, сите ја сватија стратегијата против него и ја искористија неговата психичка нестабилност да си ги изиграат мечевите на кариерата против него.Но и покрај тоа Надал не забрави да игра тенис нели? Се држеше добро, но никако неможеше да ја најде неговата игра.Грешеа често против него и си ги продаваа мечевите за да гледаат како ке го доврши поенот шо би рекол јас.Се извлекуваше од тешкиу ситуации но да не го направеше тоа и не би бил Надал нели? Но проблемот број 1 годинава остана.Надал не го искористи својот капацитет, падна психички против ривалот број 1 во моментов (што не смее да си го дозволи) и беше надигра и засрамен во скоро сите од нивните меѓусебни дуели годинава.Ке заврши како број 2 на листат што е далеку од лошо, но дека ова ке има негативни влијанија и понатака куќата ја ставам на коцка.Ај ке видиме како ке изигра до крај па ке направиме една голема анализа за тоа што очекувавме, што се случи и што предвидуваме за следната година.Ова после купот нормално...
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
На најновата АТП ранг листа нема промени, Новак Ѓоковиќ со освоени 14.220 поени е прв, Рафаел Надал е втор со 10.375 поени, а трет е Роџер Федерер со 8380 поени.
http://www.atpworldtour.com/Rankings/Singles.aspx

Во женска конкуренција, прва е Каролин Вознијацки со 8005 поени, втора е Марија Шарапова со 6370 поени, а Викторија Азаренка со 6190 поени е трета.
http://www.wtatennis.com/page/RankSingles/0,,12781,00.html
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.844
Поени од реакции
16.006
Toa e спортот, бравос и за двете тенисерки..
Иначе на трибините во Пекинг, кога се одржуваше женското финале имаше и Македонско знаме, а и по некој шал, барем така јас забележав..:)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.844
Поени од реакции
16.006
Денеска од Мастерс турнирот во Шангај во второто коло беа елиминирани некои од фаворитите од сенка :
Чилич, Типсаревиќ , Љубичич, Налбандијан (кој во последно време играше добро), Троицки.
Ме изненади поразот на Чилич кој на турнирот во Пекинг играше финале против Бердих, а на овој турнир испадна уште на стартот..и тоа од квалификант.
 
А

Анноун

Гостин
надал беше 1.1 коефиециент да тепа - ИЗГУБИ :)
лисицки беше 1.1 коефициент да тепа - ИЗГУБИ :)

браво за мтв што го даваат и овој турнир. овој маер многу чуден тенисер е . знае да изигра страшно добро , знае и 6-2 6-2 да изгуби од некој беден играч . Ама никако не би му дал шанса Надал да го победи . Браво за него , јак карактер покажа на мечов.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.844
Поени од реакции
16.006
Маер не го надигра Рафа денеска.Денеска Рафа беше крш, само ја префрлаше топката на другата страна и ретко кога напаѓаше како што знае и умее
Прашање е Рафа кога на некој меч нападнал :)
Поените што ги зема тој беа повеќето на грешка на Маер, никаква игра не прикажа тој, а баш се надевав дека ќе игра во финалето и на овој турнир, не гледав некој што можи да го сопре, барем не до финалето. Ама ете бидна..
 
С

сашенко

Гостин
Прашање е Рафа кога на некој меч нападнал :)
Поените што ги зема тој беа повеќето на грешка на Маер, никаква игра не прикажа тој, а баш се надевав дека ќе игра во финалето и на овој турнир, не гледав некој што можи да го сопре, барем не до финалето. Ама ете бидна..
Ја знаеш играта на Надал каква е и како изгледа тој негов "напад".Тоа не е класичен напад како на Џокович тој на пример, ама сепак е напад.Под напад кај Рафа би се сметало кога го диктира поенот и кога од основната линија го шета противникот.Кога ке сервира добро, се става во таква позиција да го контролира поенот и пошто игра одлично спин тука има огромна предност и тоа е неговата игра.Таа игра не зависи од противникот па ако ја научат ке го вртат како сакаат.Таа игра зависи од добриот сервис и од неговото позиционирање.Знаеш какви поени вадел Надал од никакви позиции благодарение на тоа што се движел феноменално.Епа сега тоа движење го нема, и он неможе да ги погоди тие топки.Се што прави сега е ја враќа топката и чека на грешка некоја на противникот без разлука дали неизнудена или пак да му намести некоја добра.Ама кога ке се најде некој ваков мотивира противник Надал нема шанси со ваква слаба игра да направи нешто.Денес на овој меч беше нула Рафа.Немаше движење добро, не се позиционираше како што треба пред да го удри топчето и му давеше шанси на Маер да нападне.Не успеа да се наметне и да "напаѓа" т.е да го диктира поенот туку му дозволуваше на Маер да игра како сака и да си ја чека шансата.А тоа е огрмна грешка што скапо си ја плати.Така да се слагам со тебе дека ништо не покажа денес.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.304
Поени од реакции
16.376
Момци, од колку саат утре играат Ферер и Родик ?
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.844
Поени од реакции
16.006
Момци, од колку саат утре играат Ферер и Родик ?
Рано сабајле.:D
8 саатот, прв меч е тој од утрешната програма.
@ СаШеНкО Надал ги изнудува противниците на грешки, оди на долги поени, тоа е неговата игра, некој ако не е доволно сконцентриран и ако нема трпение сигурно го губи поенот.
Види дуел од лани помеѓу Новак и Надал, и оваа година, па ќе го видиш напредокот на Новак, не губи така лесно долги поени, дури и подобар ми изгледа во тоа од Надал.
 
С

сашенко

Гостин
Рано сабајле.:D
8 саатот, прв меч е тој од утрешната програма.
@ СаШеНкО Надал ги изнудува противниците на грешки, оди на долги поени, тоа е неговата игра, некој ако не е доволно сконцентриран и ако нема трпение сигурно го губи поенот.
Види дуел од лани помеѓу Новак и Надал, и оваа година, па ќе го видиш напредокот на Новак, не губи така лесно долги поени, дури и подобар ми изгледа во тоа од Надал.
Сакаш да кажеш дека целата игра на Надал е принудување на грешки? А винерите од Надал немаш видено до сега? Надал освои 10 гренд слема и 19 мастерси принудувајки ги другите да грешат?Дај не ме зезај, знам дека одамна го немаме гледано Надал на неговото најдобро ама не е можно до толку да си забраил.Не игра напачка игра, ама ти реков што кај него го сметам како напад.И кога го има тоа и кога го има движењето он игра одлично, нема туку никакво принудување на грешки.
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Маер не го надигра Рафа денеска.Денеска Рафа беше крш, само ја префрлаше топката на другата страна и ретко кога напаѓаше како што знае и умее
Де бе да му се сневиди, Маер не бил јак, Надал бил слаб... Или е повреден или Надал е крш... Ама да го надигра некој неможе... Дај не зезај...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom