ATP тенис - општа дискусија

Член од
14 март 2010
Мислења
16.996
Поени од реакции
16.462
Сакаш да кажеш дека целата игра на Надал е принудување на грешки? А винерите од Надал немаш видено до сега? Надал освои 10 гренд слема и 19 мастерси принудувајки ги другите да грешат?Дај не ме зезај, знам дека одамна го немаме гледано Надал на неговото најдобро ама не е можно до толку да си забраил.Не игра напачка игра, ама ти реков што кај него го сметам како напад.И кога го има тоа и кога го има движењето он игра одлично, нема туку никакво принудување на грешки.
Знам како игра Надал, и какви движења има по теренот.
Ама сакам да ти кажам дека оди на долг поен, да го исцрпи противникот, па после е лесно да дојде до земање на тој поен. И тоа е составен дел од неговата игра, неможи само со винери да освои титула, треба да си речиси комплетен тенисер.
За некој напад е позади основната линија, за некој е испаѓање на мрежа.
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Рано сабајле.:D
8 саатот, прв меч е тој од утрешната програма.
@ СаШеНкО Надал ги изнудува противниците на грешки, оди на долги поени, тоа е неговата игра, некој ако не е доволно сконцентриран и ако нема трпение сигурно го губи поенот.
Види дуел од лани помеѓу Новак и Надал, и оваа година, па ќе го видиш напредокот на Новак, не губи така лесно долги поени, дури и подобар ми изгледа во тоа од Надал.
Дечко да ти кажам нешто како прво пошто немаш појма, а ако мислиш дека лажам прашај некој тренер. Со спин неможеш да употребиш сила како што играат без спин, Ноле, Федекс итн;) Го претеравте за Рафа веќе знам се палите за Ноле и секоја чест ама не го тупете упорно.
--- надополнето: Oct 13, 2011 5:09 PM ---
Де бе да му се сневиди, Маер не бил јак, Надал бил слаб... Или е повреден или Надал е крш... Ама да го надигра некој неможе... Дај не зезај...
Абе па ти па кое го надиграл, ДА, ама Надал со никаква игра се спортиставил...задоволен??? или не НЕ, Надал играше толку јако, да во Маер влегол духот на Федерер па затоа тепал денеска:)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.996
Поени од реакции
16.462
Дечко да ти кажам нешто како прво пошто немаш појма, а ако мислиш дека лажам прашај некој тренер. Со спин неможеш да употребиш сила како што играат без спин, Ноле, Федекс итн;) Го претеравте за Рафа веќе знам се палите за Ноле и секоја чест ама не го тупете упорно.
--- надополнето: Oct 13, 2011 5:09 PM ---

Абе па ти па кое го надиграл, ДА, ама Надал со никаква игра се спортиставил...задоволен??? или не НЕ, Надал играше толку јако, да во Маер влегол духот на Федерер па затоа тепал денеска:)
Збориме за нападот на Надал, а не за тоа дали Надал употребувал спин во ударите или не. Никој не го спомена Новак, додуша јас го споменав Новак, ама во играта на долги поени, бидејќи таква игра преферира Надал да ги шета противниците од еден крај на друг.
Toa ти е исто како да кажеш Надал сам себе се победува во овие дуели, противниците не му играат ништо, туку тој е бетер оваа година.
Само Надал игра тенис, ама не е во форма :/
Другите така ради реда пополнуваат место на АТП турнеата.
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Збориме за нападот на Надал, а не за тоа дали Надал употребувал спин во ударите или не. Никој не го спомена Новак, додуша јас го споменав Новак, ама во играта на долги поени, бидејќи таква игра преферира Надал да ги шета противниците од еден крај на друг.
Toa ти е исто како да кажеш Надал сам себе се победува во овие дуели, противниците не му играат ништо, туку тој е бетер оваа година.
Само Надал игра тенис, ама не е во форма :/
Другите така ради реда пополнуваат место на АТП турнеата.
Сеа ќе ти објаснам, не ме разбра за спинот. Значи пошто нема толку сила тој удар дека врти, мора Надал многу повеќе да се труди да ги одалечува противниците од терен за да може на другар страна да ја сврти повеќе и да не ја стигне противникот, а неговата игра не е дефанзивна и јас го мислев истото ама сватив некои работи. Спинот не го играат многу тенисери, зошто???? тешок удар и не е силен, али е заебан што знае на момент да тргне кон тебе и наеднаш да почне да ти бега топчето.
Сега искулирај си Надал е мн јак ама другите се прејаки тоа е тоа:P
 
С

сашенко

Гостин
Збориме за нападот на Надал, а не за тоа дали Надал употребувал спин во ударите или не. Никој не го спомена Новак, додуша јас го споменав Новак, ама во играта на долги поени, бидејќи таква игра преферира Надал да ги шета противниците од еден крај на друг.
Toa ти е исто како да кажеш Надал сам себе се победува во овие дуели, противниците не му играат ништо, туку тој е бетер оваа година.
Само Надал игра тенис, ама не е во форма :/
Другите така ради реда пополнуваат место на АТП турнеата.


Надал не се победува сам себе си.Но не го дава својот максимум, падна психички доста и не игра со таа самодоверба од претходно.Игра многу несигурно, и неговите удари кои порано беа опасност за противниците (пошто имаше ептен добар спин и брзина и беше тежок да се врати прецизно) го снема.Сега испраќа некои удари кои се повеќе опасни за него отколку за противниците.Им ствара шанси на противниците, им дава можност да искочат напред и да напаѓаат и он преминува целиот во дефанзива и станува немоќен тука.Неговото оружје беше тоа.Агресивна игра од основна линија, и преминуваше од одбрана во напад.Но тоа беше само почетна тактика.Надал има голем избор на удари, погаѓа од каде сака и каде сака во теренот.Знаеш и самиот какви ненормални поени има зимано.Епа сега тоа го нема.Бил надигран во такви мечеви и знам што значи да биде надигран.Ама денес, а и добар дел од сезонава тоа го нема.Да, веќе му ја научија играта и тоа му прави доста проблеми.Ама има многу чисти ситуации каде што не смее да си дозволи да промаши.Каде што тој го надгирува противникот а промашува.Тој знаеше да ја сврти од никаде топката и ненормален агол да извади.Е тоа, не зависи од другите тенисери и од тоа колку добро му ја познаваат играта.Ти можеш Родик да го надиграш ако му го сопреш сервисот и ако го нападнеш по аглите.Можеш да надиграш било кој тенисер кој има едно или две силни оружја и само со тоа иде на противниците.Ама правиме муабет за тенисери кои имаат огромен спектар на удари и кои кога играат добро колку и да ги надгираш во поенот се вадат во поените.Колку пати Новак годинва беше надигран во некој поен и од никаков агол ке извади бехенд и штама.И против Надал го правеше многу пати годинава тоа.Надал беше надигруван лани, ама играше тогаш одлично и колку и да се трудиш и да го градиш поенот ке ја удри некако ненормално и од никаде вади винер.Епа тоа го нема Надал годинва.Тоа е онаа игра што ја бараме од него.Он годнива и чисти и и изградени позиции не искористува да поенира е не па во вакви ситуации.Е тоа е слабоста во играта на Надал годинава.Тоа е она што го има Новак, и она што Федерер и Надал ги направи први во светот.Надал изгуби доста од формата, падна психички, игра несигурно и ја нема својата игра.Ти малце претера сега, ке испадне големо недоразбирање ради тоа што ја критикувавме играта на Надал.Не сум задоволен од начинот на кој игра моментално, знам дека може подобро, гледам дека ни движењата ни ударите не му се ни блиску од тоа што тој го може зошто го пратам од кога имаше 18 години.А ти ми збориш за надигрување.Ок, Маер беше одличен денеска ама Надал беше очаен.Ако играа и двајцата одлично и да тепаше во неизвесен дуел ај ке речам го надигра, му најде против игра и го среди.Ама јас неможам туку така да се расфрлам со тие зборови и секоја победа да ја наречам надигрување.За мене Новак го надигра Надал годинава, Давиденко секогаш го надигрува, Дел Потро знае како да го добие Надал, Федерер му ја познава играта и може да го надигра.Но денес Маер не го направи тоа.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.996
Поени од реакции
16.462
Aко победи утре во финалето на мастерсот во Шангај, Енди Мареј ќе дојди на третата позиција на АТП, со тоа ќе го потисни Роже Федерер на четвртата..
Финалето е закажно во 10.30 утре, а во него ќе учествува и Ферер.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.996
Поени од реакции
16.462

И како што се очекуваше, Енди Мареј го освои мастерсот во Шангај, и од утре ќе биди трет играч во Светот.
Федерер после 2003та година ќе го има најслабиот пласман на АТП ранг листата, заземајќи го четвртото место.
Оваа недела се игра АТП турнир во Москва (АТП 250).
 
А

Анноун

Гостин
ИТФ и Најки ги местеле ждрепките на штета на Ѓоковиќ и Мареј?

Меѓународната тениска федерација ИТФ и производителот на спортска опрема Најки се осомничени дека ја местеле ждрепката на гренд-слемовите и фаворизирале во финалето да можат да се најдат Рафаел Надал и Роџер Федерер. Во регуларноста на гренд-слемовите се посомнева професорката на спортско право на Универзитетот во Талин, Естонија, Катарина Пиетлович. Таа своите сомнежи ги изнела на предавање на Антикорупцискиот симпозиум во Келн, Германија, дека Федерер и Надал се фаворизирани во ждрепката на сметка на Новак Ѓоковиќ и на Енди Мареј.

На гренд-слем турнирите, ждрепката се влече така што првиот носител се става на прво, а вториот носител на 128.место, за да не можат да се сретнат пред финалето. Местата каде ќе бидат третиот и четвртиот носител (еден оди на 33. место, а другиот на 76. место во костурот) се одредуваат со ждрепка за првите четворица најдоброрангирани тенисери да не можат да се сретнат пред полуфиналето.

Пиетлович објави дека Ѓоковиќ и Федерер од 2008 досега 12 пати играле на гренд-слемовите, и тоа секогаш во истиот дел од ждрепката. Без разлика на тоа дали биле рангирани како втор и трет, иако пак како прв и трет на АТП-листата, за што шансата да се случи е неверојатни 0.02%.



- Тоа ви е како да фрлате паричка 12 пати и секој пат таа да падне на страната со бројка. Ждрепката се прави така што првиот светски играч се става на врвот на еден дел од костурот, а вториот светски рекет на врвот на друг дел. Потоа, третиот светски играч се уфрла во еден од тие два костура, исто како и четвртиот. Во сите случаеви, секогаш Ѓоковиќ се совпаѓал со Федерер, а Мареј со Надал. Тоа е правено затоа што владееше мислење дека Федерер последно излегува на крај со Новак, исто како и Рафа со Мареј. Поради тоа, мислам дека овие ждрепки биле манипулирани и дека Ѓоковиќ бил ставан во помалку подобра позиција од другите. Се со цел остварување поголем профит на некои спортски компании - тврди Пијтлович.

Интересен е податокот дека во последните четири години (2008., 2009., 2010. и 2011.) Федерер и Ѓоковиќ се сретнаа дури 15 пати, а Швајцарецот има една победа повеќе (8-7).
 
С

сашенко

Гостин
Секогаш се прави првиот и вториот да можат да се паднат само во финале и тоа е јавно и сите го знаат.Не е ништо ново, и не ги фаворизира Надал и Федерер туку првите двајца на ранкингот а тие позиции се менуваат;)
 
А

Анноун

Гостин
Абе тоа е јасно дека 1виот и 2риот можат само во финале , но:

"третиот светски играч се уфрла во еден од тие два костура, исто како и четвртиот. Во сите случаеви, секогаш Ѓоковиќ се совпаѓал со Федерер, а Мареј со Надал."

Јас мислев дека на сите турнири е исто , вкрстуваат 1 и 4 , со 2 и 3 , не сум знаел дека има ждрепка за тоа.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Финале одлично за очи. Милина ми беше дур го гледав,. Сакам пак некое вакво!

 
С

сашенко

Гостин
Абе тоа е јасно дека 1виот и 2риот можат само во финале , но:

"третиот светски играч се уфрла во еден од тие два костура, исто како и четвртиот. Во сите случаеви, секогаш Ѓоковиќ се совпаѓал со Федерер, а Мареј со Надал."

Јас мислев дека на сите турнири е исто , вкрстуваат 1 и 4 , со 2 и 3 , не сум знаел дека има ждрепка за тоа.
Го имав подетално објаснето ова тука.Ај на кратко ке пробам.Значи само за првиот и вториот е сигурно дека до финале нема да играат, за останатите се влече ждреб, па кој кај се падне.Сега во моментов е сигурно само дека Надал и Џокович нема да се паднат на некој турнир пред финале.Претходно дали ке се падне некој од нив со Мареј или со Федерер не се знае, тоа ждребот го одлучува.Ако се случило да се падне со Федерер 5 турнира по ред роа не значи дека е правило некое или пак местенка некоја.Тоа е ждреб и се случуваат такви работи.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.996
Поени од реакции
16.462
На турнирот во Москва, за првпат српско финале, во кој учествуваа Типсаревиќ и Троицки, поуспешен беше Типсаревиќ со 2-0 во сетови (6-4;6-2)
Jaнко со оваа победа се приближува до првите десет тенисери на АТП листата и си ги зголемува шансите за учество на завршниот турнир во Лондон..




А од вторник до недела во Истанбул ќе се одржи завршниот турнир во ВТА турнеата за оваа година.
На овој турнир ќе учествуваат најдобрите осум тенисерки за оваа година, плус две резерви, во случај некоја од првите осум да се повреди/откажи учеството на турнирот.
Тенисерките кои ќе настапуваат во Истанбул:
1. Каролин Вознијакци
2. Марија Шарапова
3 Петра Квитова
4. Викторија Азаренка
5. Вера Звонарева
6. Саманта Стосур
7. На Ли
8. Агњешка Радванска
Резерви
9. Марион Бартоли
10. Андреа Петковиќ
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
На најновата АТП ранг листа води Новак Ѓоковиќ со 13.860 бода, пред Рафаел Надал со 10.375 бода, а трет е Енди Мареј со 7825 бода.
На најновата ВТА листа води Каролина Вознијацки со 7395 бода, пред Марија Шарапова со 6370 бода, а трета е Петра Квитова со 5970 бода.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom