Има разлика помеѓу тој Рафа во 2008 и тој денес.Но тоа се должи многу повеќе на околностите во кои беше тогаш па сега, отколку личните промени кај него.Беше здрав, немаше толку проблеми со повреди тоа време, беше мотивиран, го имаше Федерер пред себе и гореше од желба да го надмине.Беше влезен во ритам, физички и психички спремен, имаше голема подршка од сите страни, беше тоа што моментално е Новак за неутралните навивачи и сето тоа влијаеше да ја изигра таа одлична сезона.За тој период битно е да се каже и дека немаше друга конкуренција.Новак тогаш претставуваше некоја опасност, но не толку сериозна.Исто и Мареј.Но сега ситуацијата е сосема друга.Притисокот е поголем.Знае дека е ранлив, свесен е дека повеќе тенисери најдоа начин како да се игра против него.Она што му беше силно оружје тогаш, сега не е ништо посебно и мора да се бори многу повеќе за да постигне резултати.Годинава имаше многу турнири за бранење, притисокот од одличниот Новак што со големи чекори се приближуваше го притискаше и мораше да направи нешто за да го сопре.Медиумите здивеа по Новак, сите ги броеа победите што се нижеа со леснотија, почна да губи нерви, да губи поени и тука се разниша самодовербата.Нешто што ниеден човек не би можел да го зачува во ваква ситуација, дури ни оној Надал кој важеше за еден од најсилните психички подготвени тенисери и спортисти воопшто.Знаеме сите како почна сезонава 2010 нели? Надал беше во центарот на влијанието.По освоениот Us Open и комплетирањето на сите 4 гренд слеми на 24 години, одеше на еден голем рекорд кој сега му изгледа далеку колку сонцето на нас што ни е.Ке беа тоа 4 гренд слема по ред освоени за него и страв и трепет за сите на атп турнејата.Нешто со што ретко кој и од пензионираните тенисери може да се пофали а тој на само 24 години и сеуште со кариера пред него.Ке беше страв и трепет за сите на турнејата.Но се деси нешто што ни во најлошиот кошмар не можеше да го замисли.Кловнот (се извинувам на фановите за изразов морам вака) што го емитираше пред почетоците на турнирите, и кој си правеше шоу за публиката и кој беше преку 6 илијади разлика со него на ранкингот му го украде вниманието на медиумите и го насочи себично кон себе со маестрална игра и со рекорд веднаш до големиот мекенро

.Искрено, тоа требаше да биде година на Рафа, да бев јас на негово место ке плачев и ке си ја барав назад

.Знаете што се случува кога ке бидете толку самоуверени, и кога мислите дека со носот облаците сте ги допреле и дека дури и легендите ви се диват? Епа тоа е едно навистина убаво чуство, ама у случај (1 на милион) како овој оваа година што го видовме, кога од никаде ке се појави еден талент како Новак кој му текна дека може и број 1 да биде освен што може да забавља публика може да биде крајно демотивирачки и деструктивно да влије на вас.Епа тоа се деси јбг.Знаеме како одеа настаните по ред, знаеме како почна па како заврши Рафа годинава.Видовме како Ноле го симна Рафа од облаци до тренинг кампот и го натера да учи сервис како почетник и како одличниот тим на Рафа кој беше еден од најуспешните во спортот се распаѓа и како Надал губи сетови од луѓе кои се молеа пред икона на богородица да не се паднат со него на турнир.Видовме до кое дереџе го доведе, и искрено не му го посакувам ова на никого.Надал беше тенисер кој изгледеше од секогаш многу самоуврено, и со тоа ги тепаше противниците.Го имаше тој убиствен поглед, мотивација на ниво секогаш и тоа ги плашеше противниците и му даваше огромна предност.Сега тоа се изгуби.Се исплаши, се изненади од ова што се случи.Очекуваше сега да собере уште неколку тројфејчиња големи и да го брка Федерер за гренд слемите а најде нов конкурент за позицијата број 1 и се отворија страници на едно ново ривалство кое очигледно не планираше да го игра годинава.И покрај шансите што ги имаше на почетокот против него, како идеше времето насместо да ја пронајде играта против Новак, се деси спротивното па Новак ја најде играта против Рафа и го истресе уште неколку пати.Што е најтрагично, сите ја сватија стратегијата против него и ја искористија неговата психичка нестабилност да си ги изиграат мечевите на кариерата против него.Но и покрај тоа Надал не забрави да игра тенис нели? Се држеше добро, но никако неможеше да ја најде неговата игра.Грешеа често против него и си ги продаваа мечевите за да гледаат како ке го доврши поенот шо би рекол јас.Се извлекуваше од тешкиу ситуации но да не го направеше тоа и не би бил Надал нели? Но проблемот број 1 годинава остана.Надал не го искористи својот капацитет, падна психички против ривалот број 1 во моментов (што не смее да си го дозволи) и беше надигра и засрамен во скоро сите од нивните меѓусебни дуели годинава.Ке заврши како број 2 на листат што е далеку од лошо, но дека ова ке има негативни влијанија и понатака куќата ја ставам на коцка.Ај ке видиме како ке изигра до крај па ке направиме една голема анализа за тоа што очекувавме, што се случи и што предвидуваме за следната година.Ова после купот нормално...