ATI vs Nvidia

  • Креатор на темата Креатор на темата LP Fan
  • Време на започнување Време на започнување

ATI ili Nvidia

  • ATI

    Гласови: 90 33,1%
  • Nvidia

    Гласови: 182 66,9%

  • Вкупно гласачи
    272
Со што го можат со 7xxxГТ? не зезај ете горе на видеото гледаш колку се добри конзолите во (поглед на графика) пак ќе кажам не сум против некој да ги користи истите но за графика се далеку далеку од компјутерите. Видеото горе кажува све,з еми пушти ја новата пример STALKER-COP и спореди со конзола, или Арма 2. Да некои игри изгледаат солидно и на конзоли али се далеку далеку од пц.
Каква графика очекуваш да извади нешто базирано на 4/5 години стара технологија ака серија 7xxx GТ базиран графички чип вграден но нив, чиста логија. Остај тоа него целосно го деградираа пц гејмингот со игрите за конзоли што мислите? зашто може на прсти да се избројат интезивните игри во поглед на графика за разлика од пред 4/5 години? Затоа што ако се направи ејнџин за пц со јаки текстури и слично на козола таа игра нема да може да се игра. Затоа денешните игри се претежно базирана на UT3 ејнџн или па на Соурс. Земи хеј енд графичка GTX285 или еве 5870 и пушти малце некоја нова игра со све на максимум преку драјвери филтри СС/АА и слично па после спореди со конзола :smir:
Не можеш да ја споредуваш графиката кај playstation 3, врз основа на 128 битниот 7800GTX кај компјутерите.
Playstation 3 има сосема поинаква архитектура. RSX(Базиран на G70) се користи како копроцесор на cell. Кај ps3 за рендерирање на графиката се корсисти и cell процесорот (поточно SPE кои што ги има седум).
Да, голем број на мултиплатформски наслови подобро изгледаат на PC, дури и на конкурентскиот xbox 360, но тоа не значи дека ps3 е инфериорен. Едноставно програмерите кај мултиплатформските наслови не се потрудиле доволно да ја искористат моќта на ps3 конзолата. Проблем е потешкото програмирање на ps3.
Тоа може да се види кај ексклузивните наслови за ps3, на пр. Killzone 2, Uncharted 2 …. А можностите на cell процесорот се далеку од искористени и во иднина сигурно ќе се појават наслови со уште подобра графика.
 
Абе видите, исти се и ати и нвидиа.
Пример земите од DELL Alienware они тамо бутат нај-нај од нај. Епа кога ке видиш дека у нивна конфигурација имаш избор на 2х ati или 2x nVidia за иста цена ке сватиш дека се исти по квалитет и перформанси. А као што знаеме DELL не е заебанција и тоа се тестира и тестира пред да иде у продажба.
 
гласав за nVidia. лично мене повеќе ми се погодиле...
 
Абе видите, исти се и ати и нвидиа.
Пример земите од DELL Alienware они тамо бутат нај-нај од нај. Епа кога ке видиш дека у нивна конфигурација имаш избор на 2х ati или 2x nVidia за иста цена ке сватиш дека се исти по квалитет и перформанси. А као што знаеме DELL не е заебанција и тоа се тестира и тестира пред да иде у продажба.

Дел е повеќе од преценет, за дизајн плаќаш дупло повеќе. Освем ако не се работи за некој со многу пари купување на хај енд конфигурација од Дел е чиста лудост.
 
DELL е како да возиш ферари. Ако ме сваќаш. :)
 
И двете ми се мили. Незнам што да кажам. :tv:
 
Се до 2006 година nVidia беа неспоредливо подобри од Атi пред се поради помалата нанометарска технологија на изработка на графичките процесори и технологијата купена од 3Dfx. Но сега работите се сменија. И малце гадна е темава поради тоа што во неа се покажува целото необразование на македонците од полето на хардверот. Само прегледајте наназад и ќе видите неверојатно глупави прашања и постови.
 
Се до 2006 година nVidia беа неспоредливо подобри од Атi пред се поради помалата нанометарска технологија на изработка на графичките процесори и технологијата купена од 3Dfx. Но сега работите се сменија. И малце гадна е темава поради тоа што во неа се покажува целото необразование на македонците од полето на хардверот. Само прегледајте наназад и ќе видите неверојатно глупави прашања и постови.

Неможеш да очекуваш СИТЕ да знаат СЕ за (во конкретниов случај) хардвер. Затоа е и форумов, прашања и одговори, објаснувања, да стане појасно. Ако сите знаат се..... што ќе биде?
 
Брат па не очекувам да знаат се, но нивото на знаење е никакво. На пример хрватите од чии весници Баг и Види научив многу на времето знаат 1000000 пати повеќе од нас за хардверот и ИТ.Тоа е како познавање од општа култура кое секој мора барем основите да ги знае. Оди на некој хрватски форум и види какви муабети се прават во категорија хардвер и ке ти стане јасно колку сме за никаде. Овдека се ебаваме со ненормално глупави прашања, што иако важи онаа "подобро постави глупо прашање, отколу да дадеш глупав одговор", сепак сме на дното во Европа по познавање на севкупно ИТ. Инаку секоја чест за темава, во право си дека треба сите да се дополнуваме овдека со знаења, но реков ДОПОЛНУВАМЕ а не на тема nVidia vs Ati да се учиме за начинот на работа на графичката картичка или бог да чува што е тоа графичка картичка.
 
Да, се слагам и не само тоа него кога ќе почне да се зворува за хардвер и малце повеќе се навлезе во начинот на којшто работи одма се мисли дека некој се фали или пак се создава завист..жално стварно.

Човек неможе веќе ни да дискутира на обичен форум за *бани графички карти,стварно многу лошо. Класичен Македонски синдром кој со векови не прати. Никаде во светот нема толкава омраза и завист во една држава помеѓу луѓето кои живеат во неа,самоуништување!

Извинете за офтопик ама морав.
 
ATI:
Користење на GDDR5
DirectX 11
Shader Model 5.0
Топ производ : Radeon 5970

nVidia:
Користење на GDDR3
DirectX 10
Shader Model 4
Топ производ : GTX 295

Radeon 5970 > GTX 295, и тоа за многу, па така би рекол, во моментов ДА АТИ се подобри:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom