Атентати

  • Креатор на темата Креатор на темата CELTIK
  • Време на започнување Време на започнување
Атентатот на Глигоров мислам дека добро се знае кој и што се обидел да го стори тоа, всушност добро биле информирани и тогашни владини службеници и сето тоа се крие од јавноста. Јавноста знае многу малку и тоа е нормално во секоја држава.
 
Водачот на Октомвриската револуција Владимир Илич Ленин не починал како последица на атентат, како што во официјалната историографија е прикажано, туку од сифилис, тврдат израелски доктори во стручното списание „Европски невролошки гласник“
„Кога ќе го земете здравствениот картон на Ленин, кога ќе го избришето неговото име и ќе го дадете на невролог, кој е експерт за инфективни болести, веднаш ќе ви кажат - сифилис“, изјави еден од авторите на студијата, Владимир Лернер.:nesum:

Ленин го упуцала една храбра женска, Фани Каплан:smir: (од социјалните револуционери, кои биле против бољшевиците а блиски до анархизмот и нихилизмот).
Типката го чекала да заврши говор, излегол од халата и бам-бам. Еден од куршумите останал во психопатската глава на Ленин, по некое време се шлогирал и на крај го ослободил светот од своето присутво...

А за Киро Глигоров е нејасна работа, дали некој имал корист да го ликвидира Киро за нешто или тоа било само средство за предизвикување криза...
Тешко дека ќе се разјасни...
 
Кенеди беше убиен од масонската елита на сад и се обидоа тоа да го сторат да излгеда дека Русите се замешани. Го убија бидејќи тој лично се обидувал да смени некои работи за кои не му било дозволено. Тој тренд продолжува и денес и сите американски претседатели се само марионетки.
 
Пред некое време гледав документарец баш за оваа тема. Открија дека Харви Ли Освалд имал тајни врски со кубанските тајни служби. Често се гледал со некој албино црнец го кажаа и на име(ама сеа не ми текнува како). Тој го снабдил со пушка и му давал пари. Сега интерсениот дел е шо типов шо го снимаше документарецов ојде дома кај некој тип со беше директно замешан во овај план, ама типот не му отвараше, никој од комшите нејкеше да кажи да кај е. Исто се дешаваше со повеќето од сведоците освен еден постар човек кој тврдеше дека кубанските тајни служби стојат зад ова.
Документарецов мислам дека на национална географија го гледав.
Ама сепак никогаш немојме да ја дознајме целата вистина. Дали било то Тајната влада, Русија или Куба. Денес луѓево мн лесно се манипулирет преку јавните медиуми. И во 2024 година да речат КГБ го скинала сите ке поверват во тоа од прва. Секој кој има пристап до некој медиум можи слободно да пушта медиумски "патки".:tv::tv::tv:
 
Повеќе детали за атентатот на Кенеди (во неколку добри постови кои поради хронолошкото подредување би создале хаос во оваа тема) можете да прочитате тука
 
Бугарски Чадор

Читајќи го насловот на темата некои веќе знаат за што ќе пишувам, убиството на Георги Марков извршено на 7-ми Септември 1978 година во Лондон.
Георги Марков е Бугарски писател и дисидент кој пишвал против Тодор Живков, еден ден шетајќи се по Ватерло мостот во Лондон изненадно паѓа и после 4 дена умира во болницата.
Истражувањата покажале дека тој е отровен со отровот рицин, начинот на кој е отровен е доста занимлив, во чадор е вметнат механизам за испалување на отровни стрелки а првата употреба на тоа оружје била врз Бугарскиот дисидент па затоа и е наречено тоа оружје Бугарски чадор.
Интересен е фактот дека на денот кога е извршен атентатот тогашниот Бугарски претседател го славел својот роденден, мистерија до ден денешен е дали тој атентат бил роденденскиот подарок на Бај Тошо како што Бугарите омилено го викаа!
Вториот атентат бил неуспешен, извршен е врз Бугарскиот новинар Владимир Костов во Париското Метро, за двата атентатата сомнежот е фрлен врз Бугарската тајна служба потпомогната од КГБ.
Знае ли некој нешто повеќе за тоа?
П.С. Во овој пост не се користени материјали од тетка ВИКИ или чичо ГУГЛ, не знам како Бугарите го исфилувале сето тоа на интернет, доколку имате некои ваши сознанија повелете и просветлете не!
 
The Babuska Lady

Кога се анализирале снимките од атентатот врз Џон Кенеди се забележа една мистериозна бабичка. Бабичката носела кафеав капут и шал. На сликата она во рацете пред очите држи некој предмет, а се претпоставува дека е камера. Сите луѓе од околината избегале кога ги слушнале пукањата, но само Бабушка останала да снима. Подоцна била забележана на Елм стрит улицата. Екипата од ФБИ и пришла и ги побарала видеата кои ги снимила за анализа, но таа ги одбила со тоа што одмавнала со главата и почнала да бега по елм стрит.
Во 1970 година Беверли Оливер се претсавила како Бабушка, но се сметало како измама. До ден денес никој незнае која е Бабушка, ни што правела таму. А најчудното е што одбила да ги даде снимките од нејзината камера како докази, при што почнала да бега. Целта е зашто снимала. Како да знаела дека ке се изврши атентат врз Кенеди во 1963. Ако знае некој повише нека напише. Слики
images
tp://t2.gstatic.com/images?q=tbn:PrraeJE9c4UHeM:http://www.depletedcranium.com/babushkacolor.jpg[/IMG][/IMG][/IMG][/IMG] *Забележувате како си оди полека како ништо да не се случило?
Nightmare%20in%20Dallas.jpg


Повеќе детали за атентатот на Кенеди (во неколку добри постови кои поради хронолошкото подредување би создале хаос во оваа тема) можете да прочитате тука

Апокалипто еве нешто за Кенеди, поточно за Бабушка од 1963.

А атентатот на 50 Cent? Кога го упуцаа со 11 куршуми и пак е жив. Атентаторот бил телохранител на Мајк Тајсон. По 3 недели од пукањето бил убиен од страна на 50.
 
хах.. кој го уби ченто а кој синѓелич ?
 
@smart ass како ги објаснуваш убиствата на Џон и Роберт Кенеди?
 
Ти одговори господинот кој верува за жал дека америте не слетале на месечината само од едно видео.

Чоузен...абе јасно ли ти е тебе дека атентати на претседатели по правило се МИСТЕРИЈА.

Мое мислење за кенеди...човекот премногу попушти на црнците и на СССР,а тоа на многумина(радикали и ловци на комунисти) не им се свиѓаше:toe:

Ако мислите дека во САД после 45 имало демократија се лажете...како што во СССр бие мачени и тепани застапниците на капитализмот истото се случувало и во САД...само маскирано-значи во 53 или 65(ватева),кога би се изјаснил во САД како комунист-следува ЛОВ по тебе!!
 
Еве една интересна статија за мафијашките пресметки и атентати тука на Балканот.

94A7E7088E386449A5C50892F76A5C55.jpg

Хроника на крвавата драма на транзицијата




Во 1995 година хрватската јавност за првпат имаше прилика на националната телевизија да гледа српски филм. Стануваше збор за „Се гледаме во читуља“ кој говори за мафијашките убиства на белградските улици во тоа време. Целта на Туѓмановата власт беше на овој начин да им укаже на граѓаните колку се всушност безбедни во нивната, тогаш, нова татковина. Неполни две години подоцна, Хрватска ќе ја зафати бран од мафијашки убиства, многу слични на оние белградските, кои траат до денес.

Во последните 15 години, мафијашките организации од Балканот покажаа невидена суровост и ефикасност во елиминацијата на оние кои им стојат на патот. Жртви на организираниот криминал беа луѓе од сите општествени милјеа, од ситни криминалци, бизнисмени и мафијашки босови до премиери, министри и полициски генерали. Листата на суровите ликвадиции е огромна, а во најголем број случаи не се откриени извршителите и нарачателите на убиствата.

ХРВАТСКА Во последниве десет години хрватската полиција не успеала да реши точно 66 мафијашки убиства, пресметале тамошните новинари и невладини организации. Оваа бројка не се однесува и на последните две, кои до темел ја потресоа тамошната јавност. Најпрво настрада Ивана Ходак, ќерка на познатиот адвокат Звонимир Ходак кој го брани контроверзниот генерал и бизнисмен Владимир Загорец пред хрватските судови. Ходак беше застрелана во својот стан, во центарот на Загреб, среде бел ден. Пред неполни две недели настрада и Иво Пуканиќ, сопственик и главен уредник на неделникот „Национал“. Според последните информации, хрватската полиција ги откри извршителите на атентатот врз Пуканиќ, но се' уште нема податоци и за нарачателите на неговото убиство, за кое, наводно, биле исплатени 150 илјади евра. За убиството на младата Ходак, истрагата се' уште не дала резултати.

Бруталните мафијашки убиства на загребските улици започнуваат во 1994 година со ликвидацијата на Младен Шишкиќ. Тој важел за десна рака на тогашниот крал на хрватското подземје Вјеко Слишко, а убиен е со снајпер. Според некои процени, „војната“ на хрватската мафија започнува таа година, со почетокот на судирот меѓу кралот на покер-апаратите Слишко и групата на „гастербајтери- повратници“ која ја предводел првиот човек на франкфуртското подземје Златко Багариќ. Три години подоцна ескалира судирот кој трае до денес. Најпрво е ликвидиран Иван Мирко Крпелник. Убиен е од Здравко Шишкиќ, брат на убиениот Младен. Во друштво со Крпелник бил Иван Шакота, кој е убиен неколку месеци подоцна. Во јуни таа година ликвидиран е и Шпејтим Тачи, сведок на убиството на Шакота. Тачи бил изрешетан од непознат моторциклист кој застанал до неговото „БМВ“ на семафор и во него истрелал 11 куршуми. Тачи водел едно од казината на Багариќ, а дошол на негов повик од Франкфурт. Неговиот братучед Хашим Тачи подоцна ќе стане лидер на ОВК на Косово, а денес е претседател на тамошната Влада.

Во јуни 1998 година, на периферијата на Загреб, по една кафеанска расправија убиен е Златко Багариќ, самопрогласениот „крал на хрватското подземје“. Багариќ е инаку кум и близок пријател на Љуба Земунац Мараш, српскиот мафијаш кој 12 години претходно ќе настрада на влезот во локалниот суд во Франкфурт. Хрватот Багариќ и Србинот Мараш своето пријателство го граделе во Германија во редовите на тогашната ју-мафија. Во 1999 година ликвидиран е контроверзниот банкар Ибрахим Дедиќ пред влезот во неговиот стан.

По четири преживеани атентати, во март 2001 година, му доаѓа крајот и на Слишко. Убиен е во центарот на Загреб од белгијскиот платен убиец Џејмс Капио, со четири истрели директно во главата. Сепак, не убиството на Слишко, туку неуспешниот обид за атентат врз него во 1999 година, според хрватските аналитичари се толкува како моментот кога државата потклекнала пред организираниот криминал. Имено, во 1999 година, врз Слишко било пукано од „зоља“ на истото место на кое две години подоцна беше убиен. Но ќе настрада недолжниот граѓанин Зоран Домини. Туѓмановата власт по тој настан ќе и „објави“ војна на мафијата, следува апсење на десетици криминалци, но две години подоцна, судскиот процес се претвора во фарса, откако наводите на обвинителството за постоење на злосторничка група ќе бидат целосно отфрлени, а голем дел од обвинетите- ослободени. Одлуката ќе ја потврди и хрватскиот Врховенн суд.

Убиствата во меѓувреме продолжуваат. Во 2002 година застрелан е и братот на Вјеко, Марко Слишко. Во 2005. убиен е Дино Покравац, бизнисмен, лихвар и фудбалски менаџер на хрватскиот репрезентативец Нико Крањчар. Следната година во Загреб ликвидиран е и Љуљзим Красниќи, наводниот бос на албанската мафија. Во 2007 година, убиен е Давор Зечевиќ, осомничен за убиството на Шакота, десет години претходно. Годинава, прва жртва на мафијашките пресметки беше Винко Радиќ, еден од убијците на Златко Багариќ.

По смртта на Слишко и Багариќ, на хрватската криминална сцена останува осамен Хрвоје Петрач. Воениот профитер и тајкун, Петрач во моментов е на издржување затворска казна поради вмешаност во киднапирањето на синот на генералот Владимир Загорец, друг „светол“ лик на хрватската криминална сцена.

B65D2CE81DD2554EBF6A4DDA1D2B3A7F.jpg


СРБИЈА Атентатот врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година, веројатно, беше најпознатото убиство на Балканот во кое организираниот криминал ја одигра главната улога. Ѓинѓиќ беше застрелан со снајпер на влезот во владината зграда во Белград. По неговото убиство следеше големата полициско- безбедносна операција „Сабја“ во која беа уапсени стотици криминалци, а на судењето во врска со атентатот беше утврдено дека зад убиството на Ѓинѓиќ стоела злосторничка организација, чиј предводник бил Милорад Улемек- Легија, командант на специјалните полициски единици „Црвени беретки“.

На убиството на Ѓинѓиќ му претходеа стотици убиства, најчесто на белградскиот асфалт, а жртви беа луѓе од сите општествени милјеа, од ситни криминалци и мафијашки босови до полициски генерали и министри. „Трендот“ на ликвидација на јавни личности, кој кулминираше во втората половина од владеењето на режимот на Слободан Милошевиќ започна со убиството во 1996 година на Мирослав Бизиќ, приватен детектив и поранешен полицаец кој беше убиен пред трговскиот центар „Меркатор“ во Нов Белград. Во претходните години, убиствата исто така беа бројни, но најчести жртви беа гангстерите и криминалците. Причината зошто убиствата на јавните личности ескалираат од 1996 година, многумина ја гледаат во завршувањето на војните во Босна и Хрватска, каде припадниците на српскиот организиран криминал беа наголемо ангажирани.

Следната година, на сред бел ден во ресторанот „Мама Миа“ во Белград беше застрелан и помошник министерот за внатрешни работи, Радован Стоичиќ- Баџа. Генералниот секретар на Југословенската левица и близок пријател на Мира Марковиќ, Зоран Тодоровиќ- Кундак беше следниот кој се најде на отстрел во октомври 1997 година. И тој беше убиен по истото сценарио, среде бел ден на влезот во зградата на компанијата „Беопетрол“, чиј директор беше.

Две години подоцна, во март 1999 година настрада и Милорад Влаховиќ, полициски полковник и помошник началник на криминалистичката служба на белградската полиција. Неговиот колега, полициски полковник и началник на Секретаријатот за внатрешни работи во општината Савски венац, Драган Симиќ, настрада пет месеци подоцна. И тој беше убиен на улица од возило во движење.

И новиот милениум во Србија започна крваво. На 15 јануари 2000 година, во хотелот „Интерконтинентал“ во Белград беше убиен Жељко Ражњатовиќ – Аркан, криминалец, бизнисмен, соработник на Државната безбедност и воен злосторник. Во февруари истата година беше ликвидиран дотогаш највисокиот државен функционер, министерот за одбрана на југо- федерацијата, Павле Булатовиќ. Врз него беше стрелано во ресторанот на фудбалскиот клуб „Рад“, а во нападот беа повредени и директорот на „ЈУ Гарант“ банката, Вук Обрадовиќ и управникот на ресторанот. Само два дена подоцна, иста судбина го снајде и Живорад Петровиќ, кој беше прв човек на југословенскиот национален превозник - ЈАТ. Застрелан е в глава од непосредна близина пред својата куќа во Белград. Веќе во мај 2000 година, во Нови Сад настрада и Бошко Перошевиќ, претседател на Извршниот совет на Војводина и и претседател на локалниот огранок на Социјалистичката партија на Србија. Неговиот убиец беше веднаш уапсен и тоа беше прв таков случај во изминативе, речиси две децении. На 15 јуни 2000 година во Будва, лидерот на Српското движење за обнова, Вук Драшковиќ преживеа обид за атентат. Двајца од атентаторите, белграѓаните Иван и Милан Ловриќ беа уапсени од црногорската полиција, но двајцата главни логистичари на нападот, Владимир Јовановиќ и Душан Спасојевиќ- албанец, успеаја да избегаат. Подоцна, во март 2003 година, Спасојевиќ, инаку лидер на ткн. Земунски клан ќе биде убиен од полицијата во рамките на акцијата „Сабја“.

На 25 август 2000 година мистериозно исчезна поранешниот српски претседател Иван Стамболиќ. Неговите останки беа пронајдени кон крајот на март 2003 година на Фрушка Гора. Истрагата утврди дека го убиле осуммина припадници на специјалните полициски единици. Во јули 2005 година овие луѓе беа прогласени за виновни и осудени на затворски казни од 15 до 40 години. Судот утврди дека наредбата за киднапирањето и убиството на Стамболиќ дошла директно од тогашниот претседател и поранешен близок пријател на Стамболиќ, Слободан Милошевиќ.

Во 2001 година се случија две, се уште неразјаснети убиства на припадници на полициските единици за Специјални операции. Најпрво во јуни во својот стан беше пронајден мртов Зоран Ристовиќ- Прика, а по два месеци убиен е и Момир Гавриловиќ, поранешен раководител на Специјалните единици.

„Серијата“ во 2002 година беше заокружена со ликвидацијата, најпрво на Бошко Буха, генерал мајор и помошник началник на Секторот за јавна безбедност кој беше застрелан на паркингот пред хотелот „Југославија“ во јуни, а во ноември истата година, на влезот на стадионот на Црвена Ѕвезда, убиен е и Ненад Баточанин, заменик- началник на Првата управа на сојузното министерство за внатрешни работи и поранешен шеф на личното обезбедување на Слободан Милошевиќ.

Факт е дека по операцијата „Сабја“ на организираниот криминал во Србија му беше нанесен сериозен удар. Евидентно е намалувањето на бројот на мафијашките убиства, но исто така, и голем дел од некогашните „жестоки“ момци се смирија и успеаја да ги легализираат своите бизниси преку приватизацијата, спортските клубови и берзите.
 
B4E8D8DF547817459281749E7E585EB1.jpg


БУГАРИЈА Според угледните „Њујорк тајмс“ и „Хералд трибјун“, мафијата во Бугарија има своја држава. Најголемиот дел од 130. нарачани убиства последните години, според списокот на американската амбасада во Софија, се се' уште нерешени.

Иако спорадични пресметки меѓу криминалци имаше и порано, се чини, дека хаосот ефектно започна со егзекуцијата на една од најважните фигури во посткомунистичка Бугарија, Андреј Луканов, кој беше убиен пред својот дом на 2 октомври 1996 година, во периодот на најжестоката криза, кога тој беше член на Управниот одбор на компанијата „Топенерџи“. За смртта на поранешниот комунист, и во еден период во 1989-1990 и премиер на Бугарија, кого во медиумите го нарекуваа и „творец на пазарната економија во бугарската транзиција“, дури во во 2003 година беа осудени на доживотен затвор двајца Украинци и тројца Бугари. По три години, бугарскиот суд им ги укина казните, за на десетгодишнината од атентатот, поранешниот директор на компанијата „Булгаргаз“ Васил Филипов да излезе со тврдење дека зад убиството на Луканов, стоел претседателот на компанијата „Мултигруп“ (подоцна, корпорација „МГ“), најбогатиот или еден од најбогатите Бугари, Илија Павлов. Филипов тврдеше дека атентатор над Луканов бил Ганчо В’чков - „Ганецот“ (шеф на мафијашка група што крадела автомобили, кој беше убиен при полициска акција во 1999), но дека причина за убиството било расчистување на сметките меѓу Луканов и Павлов, по судирот на интересите во трговијата со гас.

И додека Луканов медиумите го обвинуваа дека е заслужен што поголемиот дел од државниот имот останал во рацете на поранешни комунисти и по 1989 година, и дека стоел зад формирањето групи за контрола врз економските текови - и преку подмитување политичари, и но и преку елиминирање на ривалите во бизнисот, Павлов кој со „Мултигруп“ беше поврзуван за многу матни зделки, на врвот се зацврстува во 1997, со купувањето на првиот хотел во Боровец, и со започнувањето на тесни врски со врвните личности во обвинителството, полицијата и разузнавањето. Павлов беше убиен во март 2003 година, од професионалец, со снајперски куршум во срце, само ден по сведочењето на судскиот процес за убиство на Луканов. Човекот кого медиумите од соседството го нарекуваа и „урнек за новобогаташите“ и кој изјавувал дека „историјата на пост-комунистичкиот бизнис во Бугарија ќе почнува со Мултигруп“, зад себе остави огромно богатство од две милијарди долари, 20 хотели, казина, резиденции, мотели, клубови, рент-а-кар фирми, туристички агенции, дморалишта... Неговата „МГ“ корпорација имала над 50 фирми, со седишта и финансиски удели во Британија, САД, Бугарија, Русија, Македонија и во Швајцарија, каде и било и главното седиште на целата корпорација која остварувала обрт од 1,5 милијарди долари. Беше познат по вложувања во фудбалски клубови, но останаа непотврдени шпекулациите дали инвестирал и во кампањата на царот - премиер Симеон Саксобурготски. Павлов и „Мултигруп“ беа посочувани и во врска со атентатот врз Киро Глигоров, но тоа беше само еден од ќорсокаците на неуспешната истрага.

Ако убиството на Георги Илиев во 2005 година (сопственик на фудбалскиот клуб “Локомотив” од Пловдив, шеф на ВАИ Холдинг и брат на Васил Илиев, основачот на агенцијата за обезбедување ВИС на која и била изречена забрана за работење поради рекетарство) и ликвидацијата на Милчо Бонев – „Бај Миле“ во јули 2004. (еден од основачите на најголемиот конкурент на ВИС, агенцијата СИК, заедно со петтемина негови телохранители) беа објаснувани како пресметка во подземјето или пресметка на државата со подземјето, големите нерешени убиства и денес ја скокоткаат љубопитноста на бугарската јавност за тесните врски на криминалот и политиката.

Во октомври 2005 година во центарот на Софија, со 15 куршума од „калашников“ беше убиен бугарскиот банкар Емил Ќулев, поранешен полицаец, кој низ бугарската транзиција беше избран за најдобар бугарски економист за 2002 и поставен за советник за финансиски прашања на бугарскиот претседател Георги Прванов во 2002-2003. Со дипломи од полициската економија и за меѓународни економски односи, Ќулев беше осоновач на првата приватна бугарска компанија за административни и правни услуги – “Контракт Ќулев”, издавач на три весника и банкар во неуспешни банки, се' додека не ја формира “Росексимбанк” преку која одел дел од финансиските релации на Бугарија и Русија и станува претседател на нејзиниот надзорен одбор. По купувањето на “Државниот застрахователен институт” за 21,5 милиони евра, се формира ДЗИ најголемата финансиска група во Бугарија со исклучиво домашен капитал од повеќе од 100 милиони евра. Пред убиството, полското списание ”Впрост” објави дека Ќулев е вториот Бугарин според богатството, по таканаречениот “бос на хазардот” Васил Божков - „Черепот“ и дека неговата ДЗИ вреди 500 милиони долари. По неговото убиство имаше и теории дека причините треба да се бараат во матните бизнис релации, но надвладеаја опциите дека моќни финансиски групи во Бугарија имаат финансиски интереси да се продолжат односите со Москва, односно, да продолжи хаосот и Бугарија да не стане членка на НАТО и на ЕУ. Експретседателот на бугарската Комисија за досиеја, Методи Андреев, го окарактеризира Ќулев како претставник на таканаречениот национален капитал, „порочно зачнат во лабораториите на бившата Државна безбедност“.

Во февруари 2006., во софискиот кварт Лозенец, во неговиот џип „порше чајен“ беше убиен мафијашкиот бос Иван Тодоров - „Докторот“, кого софиското Обвинителство го обвини за за перење пари (во износ од околу 50 милиони долари) и за учество во организирана криминална група, за што нему и на соработниците им се закануваше долгогодишна казна затвор. Интересно е дека дел од обвинението беше и за шверц на цигари во периодот меѓу 1997 и 2003 година, од Бугарија во Македонија и обратно. Докторот, според бугарските медиуми, бил и на листата за острел (заедно со Ќулев) на мафијашите Красимир и Николај Маринови, попознати како „Браќата Маргин“. И Докорот и Маринови, во медиумите беа доведувани во врска со владеењето на тогашниот премиер Иван Костов и неговата моќна сопруга Елена, но најголемата афера која немаше разрешница, беше објавувањето на тајните снимки на партијата карти во која, на јахтата на Докторот во Монако, покрај домаќинот учествувале и тројца поранешни бугарски министри.

Актуелните случувања на релација Хрватска-Србија („виа Бугарија“) пак, иако со можеби локал-патриотска изјава, сепак, прилично прецизно ги илустрира поранешниот генерален секретар на бугарската полиција и актуелен градоначалник на Софија, Бојко Борисов, (од американското списание „Конгрешнл квортерли“ обвинет дека „им бил партнер и поранешен соработник на некои од најголемите мафијаши во Бугарија“), кој.изјави: „Локалните момци во Софија само си играа гангстери. За сериозните работи се најмуваа Срби, кои цела деценија учеа да убиваат во војна. И денес важи правилото: ако сакаш некого да убиеш, а тоа да биде евтино и прецизно, најми Србин. Тие се најдобри платени убијци во светот“.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom