Assassin's Creed: Revelations

Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Тотално се сложувам. Мене веќе ми здосади серијалот уште со Brotherhood, кога немаше речиси ништо ново во однос на AC 2. Тука е истото срање. Али не ни очекував нешто подобро од Ubisoft, кога почнаа да вадат по две продолженија годишно. Бетер од Activision станаа...
Најголем "додаток" овде се бомбите, чиста маркетиншка финта и ништо повеќе. Демек, имате "не знам колку тамо состојки" за бомби, може да ги комбинирате и над 100 различни бомби да добиете. Искрено, на кој му е гајле?

Зарем ќе се замарате дотолку дали вашиот чад да има medium или high density, дали вашата смртоносна бомба да пука при удар или 3 (?!) секунди потоа?

И дали јас за секоја мисија (која и така не знам што точно ќе биде се додека не ја играм) ќе одам до Crafting table и ќе создавам нови бомби?
Па би го правел тоа, ако немам попаметни игри за играње и ништо за правење. Да ја извадеа во лето ајде, ама вадење напоредно со Skyrim и ред други игри...само потенцира колку не ја бива и колку е досадна.

Дури нема ни кул assassinations играва како претходните делови, него баш како потрчко сте...
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Ја ова со мојон процесор од 3.33GHz нема шанси да го играм :(
 
A

Auditore

Гостин
Абе така е, што па разбираме ние овде од добра игра, сите се досадни по мастерите од Кајгана, кои наскоро се спремаат да го постигнат врвот во гејмингот со креирање на една фантастична игра која едвај чекаме сите да ја видиме.
Мислам луѓе, дај чил аут малце, само напаѓате и плукате, а всушност неможете ни подобро од Тетрис да направите самите, а по се живо се плука.
И да ја споредувате АС со Скајрим е голема глупост, Скајрим освен големиот свет, во се друго е светлосни и светлосни години наназад од Убисофт и АС.

А тоа што нивните претставници ги напаѓале ПЦ гејмерите воопшто не ме засега, до сега колку ги имаат напаѓано, па што демек.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
И да ја споредувате АС со Скајрим е голема глупост, Скајрим освен големиот свет, во се друго е светлосни и светлосни години наназад од Убисофт и АС.
Освен ако немаш акции во Убисофт, навистина треба да размислиш за ова што го кажа.
 
A

Auditore

Гостин
Освен ако немаш акции во Убисофт, навистина треба да размислиш за ова што го кажа.
Да, имам акции :icon_lol:
И не знам зошто се чудиш толку, кажи ми по што е подобра Скајрим?
Лично за мене, Скајрим е голема глупост, толку избагирана, изнајдов еден куп багови додека ја играв, толку смешни работи и мизерни, и карактерот и неговите финтици, комбоа при тепање се мизерни, да не речам трагични.
 
ONE

Член од
21 декември 2008
Мислења
895
Поени од реакции
64

Нема поента да се преувеличува работава. Секој си има свој вкус. Тука сигурно има некој што ја игра Симс, па ќе каже дека е подобра од АС и Скајрем
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.163
Поени од реакции
6.041
Мислам луѓе, дај чил аут малце, само напаѓате и плукате, а всушност неможете ни подобро од Тетрис да направите самите, а по се живо се плука.
Не се работи за тоа што можеме да направиме, не сме конкуренти на Ubisoft па да плукаме по нив од тој аспект. Ние сме во улога на потрошувачи на пазарот на видео игри и Ubisoft се едни од компаниите кои треба да ги понудат своите производи на пазарот. Плукам по Ubisoft заради нивните производи, плукам по нив заради односот кон клиентите и потенцијалните клиенти. Споредувајќи ги нивните производи со производите на другите компании, донесувам одлука што е добро а што лошо. Донесувам заклучок дека игрите на Ubisoft не се добри и дека повеќе нема да купувам од нив. Крај на приказната.

Не викам дека можам да направам подобро од нив, не сум ни учел за тоа, ниту сум заинтересиран да го работам тоа професионално. Ама за секој случај ќе ја запамтам оваа твоја изјава и можеби еден ден повторно ќе ја цитирам.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Аудиторе, ај кажи ми освен шминката, што друго е ново во играта во поглед на гејмплеј?

Да играта е во нов град, ама освен нова шминка, истите работи ги правиш што и во претходните градови. Имаш hook, ама истиот скок можеше да го правиш и во Brotherhood, еднаш кога тие акробатите ќе те научеа.
Да не збориме за превземањето templar dens, барем на двојката и Brotherhood овие беа потешки работи/мисии - а сега капетаниве шетаат баш под тебе, вадиш пиштол, убиваш и чао пријатно. Дури и 100 војници да има околу тебе, ти е гајле. :)

Мисиите се тие, истиот тип од оригиналната па наваму. Мислам, играта почнува со бркање со кочии, ако тоа не е рециклирање на идеи, што е?

Дури и звуците се тие, луѓето освен што ти дофрлаат дека "си престар за да се пентариш по кровови", друго се слично "јадат гомна" уз пат.

Според мене, најочигледен доказ за креативниот очај на Убисофт се додатокот на бомбите, се фокусирале на единствениот аспект кој никој фан не ни го приметуваше. Јас не знам досеа некој да рекол "Ејј брат ама јака оваа Асасинс, како убивам луѓе и правам дистракции со бомби - невидено!"

Значи, да резимираме:

1. AI-то е исто, значи вие пак сте во Фиренца со истите луѓе, само друга облека имаат. Исто реагираат, војниците исто се борат и те бркаат...
2. Мисиите се исти, веќе досадни стануваат полека.
3. Side-мисиите, кои би требало да бидат интересни, бидејќи креативниот тим тука има слобода - се ИСТИТЕ. Откри eagle point, синхронизирај, нападни den, отклучи територија, реновирај продавници.
4. Е да, додале одбрана на територии. Да сакам такви мини-игри ќе идам на фејсбук. :)
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
Веќе на сите ни е јасно дека не само убисофт туку било која компанија ако "фати" некоја игра ќе направат уште 5/6 ектенсзии а ги продаваат како "нови игри ". Нормално е дека ќе нема големи промени затоа што главно нешто што се пренесува со играта е приказната т.е животот на ецио од AC2 до ACR. Во тој период имаше доста промени..на почетокот немаше пушка, падобран, топови, бомби, bow ( лак ваљда не ми текнува зборот моментално ) и слични глупости. Со време се развиваа сите тие работи (текот на животот),a општо начинот на живеење, архитектурата на градот итн се тоа во играта е исто со некои мали промени. Можеле да додадат малце потешки мисии да биде поголем предизвик за играчите...но јбг изгледа се е лесно за ецио xD Но ако AC3 биде нешто слично како било која предходна тогаш имате прави да зборувате колку сакате :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Да бидеме реални, точно е сето дека играта е само нашминкана верзија на претходните две, дури не се ни потрудиле којзнае колку да променат, веќе е се видено, остено и изигарно. Мене сепак ми е интересна, ама само интересна колку да ги пројдам главните мисии, на оваа игра нема се и сешто да соберам, нема сите продавници да ги отворам, од причина што тоа веќе во три града веќе го имама направено.

Добра е играта, далеку од вториот дел, кога прв пат го запознавме Ецио, тогаш за мене беше револуцинерна игра, сега и приказната на Ецио, и самиот сетинг во играта е веќе само измечувачки рециклиран.

Скајрим не ми е ни почната уште за да споредувам, ја симнав и чекам да имам повеќе слободн време (а тешко дека ќе го имам) и да испадант добри модови.
 
A

Auditore

Гостин
Аудиторе, ај кажи ми освен шминката, што друго е ново во играта во поглед на гејмплеј?

Да играта е во нов град, ама освен нова шминка, истите работи ги правиш што и во претходните градови. Имаш hook, ама истиот скок можеше да го правиш и во Brotherhood, еднаш кога тие акробатите ќе те научеа.
Да не збориме за превземањето templar dens, барем на двојката и Brotherhood овие беа потешки работи/мисии - а сега капетаниве шетаат баш под тебе, вадиш пиштол, убиваш и чао пријатно. Дури и 100 војници да има околу тебе, ти е гајле. :)

Мисиите се тие, истиот тип од оригиналната па наваму. Мислам, играта почнува со бркање со кочии, ако тоа не е рециклирање на идеи, што е?

Дури и звуците се тие, луѓето освен што ти дофрлаат дека "си престар за да се пентариш по кровови", друго се слично "јадат гомна" уз пат.

Според мене, најочигледен доказ за креативниот очај на Убисофт се додатокот на бомбите, се фокусирале на единствениот аспект кој никој фан не ни го приметуваше. Јас не знам досеа некој да рекол "Ејј брат ама јака оваа Асасинс, како убивам луѓе и правам дистракции со бомби - невидено!"

Значи, да резимираме:

1. AI-то е исто, значи вие пак сте во Фиренца со истите луѓе, само друга облека имаат. Исто реагираат, војниците исто се борат и те бркаат...
2. Мисиите се исти, веќе досадни стануваат полека.
3. Side-мисиите, кои би требало да бидат интересни, бидејќи креативниот тим тука има слобода - се ИСТИТЕ. Откри eagle point, синхронизирај, нападни den, отклучи територија, реновирај продавници.
4. Е да, додале одбрана на територии. Да сакам такви мини-игри ќе идам на фејсбук. :)
Еве значи вака да идеме.
Играва не гласи како посебен дел од Assassin's Creed, туку е експанзија на двојката, зошто?
Затоа што двојката им донесе многу профит и фанови, гејмери, но и играта нуди таква приказна во која имаат слобода да прават милион експанзии и да вртат милиони затоа што колку дела и да свртиш пак остануваат многу прашања неодговорени.
Впрочем ова го прави и секоја компанија која произведува игри, која колку може, Убисофт со АС може бесконечно, и секогаш ќе биде продавана.

Викаш нашминкана е, да се согласувам, подобро е оптимизирана, средена, нашминкана за разлика од Brotherhood, но и така треба да биде, затоа што претставува експанзија и неможе да ја сменат играта скроз у концепт, тоа се чува за АС3.
Но како за ексапнзија играва е прилично добра нашминкана, со многу нови додатоци, не само хукблејд, и секако дека такви скокови можеше во БХ ако те научеа Тивс, но овде хукблејдот има многу поголема корист и употреба, за да кршиш оние дрвени како кули што им служат на арчерите на крововите, кога бркаш луѓе да ги собориш, и уште многу други кул работи.
После, падобранот е додаден, кој ми многу користи и навистина е за пофалба идејата да се додаде затоа што беше потребно.

За мисиите, веруј и јас сакам потешки, стилт мисии, но што можеме ние кои ја симнуваме кракната играва, кога дебелите од Америка и други од цел свет бараат кратки игри и лесни за играње, што и не ја сфаќам логиката, освен во тоа дека тоа се еден куп мали деца на Хбокс и Плеј Стејшн.

Има уште многу други работи, мал милион што се вика, али колку и да ги пишувам и да трубам овде за тоа, ти си веќе имаш створено таков став, и немам ништо против тоа, само сакам да се има почит и објективност при оценување.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.163
Поени од реакции
6.041
Еве значи вака да идеме.
Играва не гласи како посебен дел од Assassin's Creed, туку е експанзија на двојката, зошто?
Ако е експанзија, зашто ја продаваат по цена на цела игра (50 евра), наместо по цена поприкладна за експанзија (околку 30 евра)?
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.163
Поени од реакции
6.041
Затоа што им се може.
И после ќе викаат дека пиратеријата била крива затоа што продаваат малку коипии на PC... Наместо да погледнат кај себе и да ја преиспитаат цената што ја ставаат на игрите и да го тргнат тоа говното од DRM кое повеќе ги казнува гејмерите што ја купуваат играта, отколку што спречува пиратерија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom