Assassin's Creed: Revelations

  • Креатор на темата Креатор на темата Darling
  • Време на започнување Време на започнување
Јас се разочарав кога прочитав дека има само 9 chapters
 
Играва е одлична, барем засега. До 3та секвенца сум стигнат и засега немам некои поголеми замерки, освен тоа што премногу време се губи на воведните "мисии", како склопувањето бомби, hook-blade-от итн.
Константинопол е одлично изграден, уживам додека скокам по крововите од куќите.
Осеќам дека вечерва ќе биде долга и непреспана.:vozbud:
 
Играта е ремек дело.. немам замерки одлично е направена, градот, hook-blade, тепањето, мисиите со Алтаир највеке мерак праат итн. Баш ја свртев и останав без зборови презакон е. :)
 
Ај тоа во ред е. Но кога ја браниш твојата територија и на крај кога ги покажува сите атентатори, примети сите имаат иста фаца. И синот на Алтајер личи на оној Subject 16. И Алтајер во стари години има исти лузни како и Ецио.

А кога сме веќе кај бранењето територија мене искрајно парче ме прават. Дај кажете некоја финта или стратегија како да тепам. Подготово она на крај што доаѓа.
Јас бранам на следниот начин и се покажа како многу успешен. 4 пати бодебив..а пред тоа со други тактики губев.
Значи прво ќе ставиш една барикада на крајот на патот ( таму каде што идат противниците) и после стави генерали на крововите во близина на барикадата. После кога ќе убиеш војници постепено додавај Gunmen( повеќе) и Bowmen и после второта група војници додади уште 1/2 барикади..зависи уште за колку има простор..и цело време повторуваш со gunmen и bowmen конбинации низ кровови и пред барикади и тоа топот користиго кога ќе дојдат со тенкот.
 
Не ми е јасно, тука негде на почетокот сум.. кога доаѓам во Истанбул и завршувам мисијата со хук-блејдот, а после тоа ме повикуваат за помош и заедно со 2та нпц-а стоиме у место, а целиот град се движи, никако да мрднам.. не е фризната играта, се е во ред, ама „ние“ стоиме во место и никако неможам да мрднам..

некое инфо?
 
Случајно да не треба да направиш Hook and Run?
 
Случајно да не треба да направиш Hook and Run?

Ова е мисијата после тоа. Значи типацов доаѓа, му објаснува на турчинов дека нешо се десило и ме повикуваат да им помогнам. Сите тројца стоиме у место, иако целиот град е активен, ама јас никако неможам да мрднам.. како да е укочена играта, ама всушност не е.. :/
 
Играва е досега најдоброто од Убисофт, од франшизата Assassin's Creed.
Вистинско ремек дело, во поглед на се. Градот е феноменален, типична турска атмосфера, турски изглед, едноставно не знаеш дали да се фокусираш на убаво направениот град или на мисиите.
Што се однесува до додатоците, освен за бомбите не се согласувам, ми делуваат како вишок, можеби е така затоа што ги ретко користам, whatever другите додатоци се badass, новите финти при тепање се Санџоку стил, екстра корисен е hook-blade, посебно добар филинг добивам кога ќе правам counter-attack и се пушта slow-motion.
За бранењето на териториите немам збор, екстра возбудливи, никогаш досадни, предобро е, играва добива малку поразлична димензија за разлика од предходните две и тотално се разби монотонијата.
Значи, секоја чест за Убисофт, им нема рамни, играва вреди и да се купи за 400Е.

Што се однесува до мене, јас сум на почеток на 3та секвенца, но тоа е така затоа што повеќе се замарам со откупување продавници, правење кеш, looting treasures, и нема да престанам дур не стигнам до 9500 на 20 минути, моментално сум 8300 revenue deposit.
 
Фиксиран проблемот со ALTAIR 's MEMORIES. од SKIDROW.
 
Значи колку е играва досадна тоа е чудо некое.

Колку повеќе ја играм, толку повеќе се осеќам како да пишувам домашно, чистам по дома или правам нешто друго што МОРАМ да го правам, а не дека сакам.

Што ви е интересно бе луѓе, да ги отклучувате истите градби пак, да ја "разбиструвате" мапата по 4ти пат (уште од AC 1 ова е отекувачки), да губите по 3 секунди од животот за loot на ковчези, за на крај да ви дадат Шрапнел x3?

Ако сте фан на серијалот уште од оригиналната, нема шанси ова да не ви биде убердосадно. Ако јас се решам да ја довршам, тоа ќе биде со Trainer, за да не ме замара глупото notoriety, па на секој kill да барам како да го намалам.
 
Искрајно во играва па ништо и не ми се разјасни, барем не оние прашања што останаа од претходниот дел. А втора работа мислев дека ќе има повеќе играње со Алтајер и Дезмонд.
 
Значи оваа игра е фантастична и интересна, а Skyrim е баговита игра која била безживотна. Супер. После не 5, ќе има 10 делови на Transformers.
 
Значи колку е играва досадна тоа е чудо некое.

Колку повеќе ја играм, толку повеќе се осеќам како да пишувам домашно, чистам по дома или правам нешто друго што МОРАМ да го правам, а не дека сакам.

Што ви е интересно бе луѓе, да ги отклучувате истите градби пак, да ја "разбиструвате" мапата по 4ти пат (уште од AC 1 ова е отекувачки), да губите по 3 секунди од животот за loot на ковчези, за на крај да ви дадат Шрапнел x3?

Ако сте фан на серијалот уште од оригиналната, нема шанси ова да не ви биде убердосадно. Ако јас се решам да ја довршам, тоа ќе биде со Trainer, за да не ме замара глупото notoriety, па на секој kill да барам како да го намалам.

Тотално се сложувам. Мене веќе ми здосади серијалот уште со Brotherhood, кога немаше речиси ништо ново во однос на AC 2. Тука е истото срање. Али не ни очекував нешто подобро од Ubisoft, кога почнаа да вадат по две продолженија годишно. Бетер од Activision станаа...
--- надополнето: Nov 28, 2011 1:15 PM ---
Значи, секоја чест за Убисофт, им нема рамни, играва вреди и да се купи за 400Е.

Еве ти ја, не е за 400 туку за многу помалце. Купи ја и поддржи ги Ubisoft после скорешните изјави на нивни претставници, кои содржат директни навреди за PC гејмерите.

http://www.pcgamer.com/2011/11/24/ubisoft-i-am-alive-skipping-pc-because-its-not-worth-it/

http://www.actiontrip.com/rei/comments_news.phtml?id=112411_3

После овие изјави не само што никад више нема да купам нивна игра, туку се мислам и дали уопште да се замарам и да симнувам пиратска верзија од нивни игри...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom