- Член од
- 2 април 2006
- Мислења
- 14.363
- Поени од реакции
- 3.069
Тотално се сложувам. Мене веќе ми здосади серијалот уште со Brotherhood, кога немаше речиси ништо ново во однос на AC 2. Тука е истото срање. Али не ни очекував нешто подобро од Ubisoft, кога почнаа да вадат по две продолженија годишно. Бетер од Activision станаа...
Најголем "додаток" овде се бомбите, чиста маркетиншка финта и ништо повеќе. Демек, имате "не знам колку тамо состојки" за бомби, може да ги комбинирате и над 100 различни бомби да добиете. Искрено, на кој му е гајле?
Зарем ќе се замарате дотолку дали вашиот чад да има medium или high density, дали вашата смртоносна бомба да пука при удар или 3 (?!) секунди потоа?
И дали јас за секоја мисија (која и така не знам што точно ќе биде се додека не ја играм) ќе одам до Crafting table и ќе создавам нови бомби?
Па би го правел тоа, ако немам попаметни игри за играње и ништо за правење. Да ја извадеа во лето ајде, ама вадење напоредно со Skyrim и ред други игри...само потенцира колку не ја бива и колку е досадна.
Дури нема ни кул assassinations играва како претходните делови, него баш како потрчко сте...