Архангел @Метрополис арена - 12.02.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата pcjodamaster
  • Време на започнување Време на започнување
Се супер, само премногу гужва. А во таа гужва доволно е едно говедо на 20 души да им го расипе концертот, а ги имаше доста говеда.
А шо правија „говедата“?Јас бех у првите редови и ништо не видех од тоа...
 
Прв концерт после 2005 Deep Purple за кој можам да речам WOW! :D Што и да кажам е излишно. Имам грло кое ме боли, имам врат кој не го осеќам, имам раце кои ми паднаа...
 
Освен инструменталните Небо, Земја, и Харт кор 2, не ги отсвиреа Билборд икона, I'm sad и Never talking to you. Концертот беше одличен, атмосферата беше прекрасна. И бендот и публиката беа како една целина. За мене остана вечната мистерија од моите досега 5 или 6 а можеби и 7 настапи на Арханегел а тоа е зошто никогаш не ја пее Милион долари? Рики малце се поправил, пуштил нешто косичка, сценскиот настап и потезите ме потсеќаа на Дејвид Брн таму некаде во 80-тите кога со неговиот бенд Talking Heads ги изведуваа Road to nowhere, и Once in a lifetime. Озвучењето беше лошо, претпоставувам од Перо Камиказа земено, Горско 100 денари (100 мајки нивни у...) плус гужва на штандовите, ама на крају краева тие што дојдоа за да уживаат-уживаа, а добар дел од музички новинари со гратис карти и чат-пат некои мазохистички перфекционисти што се мислат многу интелигентни дојдоа да мрчат. Спомените, и убавото време ќе остане а во меѓувремено нас не чекаат новите срања во која е западната македноската и светска музика жанровите поп-рап, ар ен би, аренби-хаус и интерпретаторите, Јованов, Гаџа, Лејди Гага, Ријана, Бијонсе, Адам Ламберт, Џејмс Блант, Џастин Тимберлејк, Тимберленд и останате фекалии ќе ми простат ако ги испуштив.
 
Ристо Вртев можеби пишува убави текстови,но како пејач е дефинитивно жива катастрофа!Пола песни ги пее фалш,а ти звучи како поп да слушаш како пее.Сите тука зборуваат за Ристо Вртев,а всушност сите појма немаат дека сите песни се напишани,отсвирени од Гино гитаристот(мажот на Андријана Јаневска),а Ристо Вртев има украдено голем дел од текстовите(посебно руски автори).

Insajder да не се имаш префрлено на Владо Јаневски посебно на делот со рускиве плагијати? Ристо е склеротичен затоа и понекогаш ги заборава песните но тоа не значи дека е лош пејач, песните се компонирани сите од Ристо освен Зборови Волшебни која е заедничка со Борис Пастернак (така е официјално на каверите од албумите, не гледам некоја друга причина Гиновски да не продефилира како композитор ако навистина е таков).
Кога веќе дискредитираш некој пожелно е да оставиш референца кој се тие текстови кој Ристо ги украл од руски песни.

Архангел без Ристо Вртев не би постоел како бенд
 
Стигнаа и дел од моите фотки http://cooltura.mk/?p=688
Вака понеделнички само 4.
Коментарот е на другар ми Алек. Успеа во еден пост да ги стави сите маани на дешафкава :)

Еве го и моментот на поштовање
Arhangel_03-480x319.jpg
 
Значи, нешто неверојатно беше. Еден од нај нај нај најдобрите концерти досега шо сум бил. Бев некаде у првите редови, у главно дека беа шутките, малце ме боле рамото и колкот, кој знае коe говедо ме е отпасело.. хаха. Битно видев личности шо сакав да ги видам а ги немав видено ногу одамна, да ве знаев и вас, секако ќе ве видев оти од толку многу непознати личности лесно ги препознавам оние што ги имам видено. Дури неколку пријатели од фејсбук запознав, шо се немавме видено друг пат у животот.. Грлото еве дури сега ми се среди, без престан пеев на цел глас, иако не бев во топ форма. Маани си имаше, како и секогаш, но не ми влијаеше ништо толку колку да ми растури расположение.. Говеда си имаше, гардеробата ни беше од цигари лом, на пиво мирисавме до бескрај, некој ти преречел нешто, те погледнал накосо... нема веза, атмосферата си го нaправи своето, не гледав причина тие ситни маани да ми го расипаа расположението, едноставно беше нешто што никогаш нема да го заборавам и сум повеќе од пресреќен шо имав можност да присуствувам на тој маестрален концерт. :smir:
 
Супер поминавме, убава дружба на кајганџии. :)

Иначе некој погоре спомна дека не ја свиреа Билборд икона, оти јас мислам дека ја свиреа?
И романтичен, и оргазмичен. Знак... Знак и порака. :)
 
Јас немам зборови да доловам како прекрасно си поминав. И мислам дека тоа вистинскиот збор на кој не треба да се додаде ништо! ПРЕКРАСНО!

Се убив напред на оградата и овие два дена ме боли `рбет, подколено, врат и глава + грло! Ама уште сум под имресии и не е важно што сега неможам да се движам, важно е дека скокав напред и пеев додека ме држеше гласот!

Неверојатно е чувството и неопишливо да дочекаш да го гледаш ем слушаш некој што ти е ВРВ цел живот! Жалам за предходно пропуштените концерти од нив, но овој вредеше! Ако има нареден повторно ќе сум таму, во првите борбени редови да ги оставам вратот,главата, нозете, грлото, рамениците и чат пат да изедам по некој лакт од зад мене! Архангел е душата на рокенролот во Македонија
eusa_clap.gif
 
Еден поздрав до Sussaro и Tonchie. :)

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2607&stID=43384

Одамна било ама слон заборава пропагатор не заборава. :pos2:

Инаку дали дека бев преморен после напорен ден па не ми се виде баш најдобар концертот на Архангел или сум бил повеќе пати па ми станале досадни кој знае, а може и озвучувањето беше тапа. Како и да е вредеше да се отиде за да се запознаат кајганџии и кајганџики, сите луѓе на место.
 
Да не беше ти таа што падна ? :smir:
 
Освен инструменталните Небо, Земја, и Харт кор 2, не ги отсвиреа Билборд икона, I'm sad и Never talking to you. .

Ја свиреа Билборд Икона меѓу првите 3-4 песни. Баш знам кога пееше знак покажуваше .!. Ристо. А i'm sad i never talking to you не ги пееја ваљда зошто целта беше се` да се пее на Македонски, тоа беше и мотото.
 
Прочитав пост некаде ме мрзи да го барам сега па да цитирам..
Зошто стварно не ја пеат 1000000 $, туку мораше на бис?
 
Еден поздрав до Sussaro и Tonchie. :)

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2607&stID=43384

Одамна било ама слон заборава пропагатор не заборава. :pos2:

Инаку дали дека бев преморен после напорен ден па не ми се виде баш најдобар концертот на Архангел или сум бил повеќе пати па ми станале досадни кој знае, а може и озвучувањето беше тапа. Како и да е вредеше да се отиде за да се запознаат кајганџии и кајганџики, сите луѓе на место.

Лошо место бе фативме, можеби требаше уште од самиот почеток да се потпикнеме понасредина, ќе имаше подобра атмосфера :)
 
Ристо Вртев можеби пишува убави текстови,но како пејач е дефинитивно жива катастрофа!Пола песни ги пее фалш,а ти звучи како поп да слушаш како пее.Сите тука зборуваат за Ристо Вртев,а всушност сите појма немаат дека сите песни се напишани,отсвирени од Гино гитаристот(мажот на Андријана Јаневска),а Ристо Вртев има украдено голем дел од текстовите(посебно руски автори).
Зошто Гиновски не би бил пишан како композитор? Еве, и на Елтон Џон други му пишуваат текстови, па се знае кои се. Гиновски да не е овца, па да го пасат?

И да, Вртев е забеган, факт, не знам шо ве чуди ако заборава текстови. И гласот му е никаков, ама кажи друг пејач кој ќе пренесе повеќе емоции отколку него?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom