Arrow

  • Креатор на темата Креатор на темата _Филип
  • Време на започнување Време на започнување
Вау, каква епизода.... полна со дупки. :icon_lol::icon_mrgr:

Сериозно, вака да претставиш лик што треба да е комплексен пошто е суперхерој делува смешно. Ни две ни три, одма јас сум тој и тој и одам во битка по правда. Ако сакале да ја бива серијава, барем една епизода требале да посветат на тоа каков бил Оливер Квин пред да стигне на островот, па да прикажат како се снаоѓал на островот (има простор за ова, ама мора секогаш да се стави како вовед), па несреќата, реакциите на другите. А ова, ало јас се вратив, журка :vozbud:

Ќе пропадне серијава, марк мај ворд. Не знам колку сезони ќе тера, ама ако е ко првата епизода има рејтингот да падне до подпросек.

Патем, врло убав младич овој Квин. Ама џабе. :)

Добро де, го одбраа другиот начин. Постепено ќе ги дефинираат ликовите, гледаш има флешбекс, ќе има доста епизоди за кој бил и како бил.
Незнам зошто баш мора тоа да се стави во вовед, поинтересно е вака градењето на ликовите, барем за мене.
Не гледам на тоа како дупка.
Инаку епизодава има толкав рејтинг, не серијата, па како целина серија да ја споредувате со веќе онгоинг 3-4 сезони некоја или завршена серија со 9ка рејтинг.

Прва епизода дека, прати го рејтингот за едно месец дена кај ќе биде, освем фејк гласови и напалени тинејџерки незнам кој би гласал со 9-та за оваа бљувотина.

Тешко тоа. Таргет групата не ми стои како напалени тинејџерки и рејтинг од фејк гласови.
Стрипот привлекува доста од гледачите, башка името и постерот.. онака, не ми стојат да привлечат тинејџерки. :)
 
Сериозно, вака да претставиш лик што треба да е комплексен пошто е суперхерој делува смешно. Ни две ни три, одма јас сум тој и тој и одам во битка по правда. Ако сакале да ја бива серијава, барем една епизода требале да посветат на тоа каков бил Оливер Квин пред да стигне на островот, па да прикажат како се снаоѓал на островот (има простор за ова, ама мора секогаш да се стави како вовед), па несреќата, реакциите на другите.

Eми ти изгледа сакаш се во една епизода, чекај малце.Можат цела сезона по малце да откриваат... како иначе ќе задржат гледаност?
 
Ако де глејте си ја. И предвидувам иста судбина ко Touch - во превод многу врева за ништо. Јас после првава епизода ова чудо не би го гледала. Секој со својот тертип.
 
Никогаш не сум судел некоја серија само поради трејлер или пилот епизодата па тоа нема да го правам ни за оваа серија, иако многумина ги има на форумот кои тоа го прават. Сеуште не ја разбрале суштината на серијата и ја изгледале само првата епизода а серијата веќе за нив не чини.

Пилот епизодата беше солидна, ми го задржа вниманието до крајот, а треба тек да се открие што навистина се случило со главниот лик на островот и што се му изнакажал татко му... Плус, одредена доза на напнатост и акција никогаш не штети.
 
ај ви оставам да тестирате, пингајте ме ако вреди да се глеа после неколку епизоди
 
Као ми се погоди темава...до сега ги гледав тие рејтинзи на имбд, толкав рејтинг ако има од Американски дебили незначи дека ја бива серијата мада е рано да се процени.
Муабетот ми е, не верувајте на препораки или рејтинзи гледајте ја серијата ако ви се свиѓа.
 
se znae kakov bil pred ostrovot ligav kremec bez morali...dovolno bea tie dve tri sceni vo brodot i samiot fakt so ja varal zenska mu so sestra i i kosata i ponasanjeto za da sfatis...
 
Е, конечно тема за оваа серија, ме мрзеше да отварам.
Многу ми се допадна пилот епизодата, добра доза на акција, примамлива приказна, и така. Меѓутоа сцената на крајот беше тапа, "cliffhanger" како на млади бунтовници, не им требаше.
 
Предобра серија кој е љубител на ваков жанр нема да згреши ако ја гледа, па и доста ефективна нема ништо аматерски изведено во серијата.
 
за почеток ќе кажам солидна серија, има време да почекаме барем 5-6 епизоди па да судиме
 
Не беше лоша првата епизода, напротив, ми го задржа вниманието. За натаму ќе видиме.

Уште оваа серија ми фалеше. :cautious:
 
Ја изгледав и втората епизода и ми е поубава од првата, пред се добра серија. Ќе ја гледам не е ништо една епизода во една недела е, научен сум да гледам по 5 на ден. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom