АРЕА unpluged во Универзална сала - 16.04.2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
На Ареа. Така ме извести продавачот во Југотон, дека ќе одржат два концерти. И затоа понуди карти за во понеделник.:toe:
 
Аа, не сум знаел дека Ареа ќе одржат два концерти. Затоа чудно ми падна.

Премиера си е премиера. :)
 
На картиве ми пишува дека концертот е од 21 ч, а на kadevecer.com.mk пишува дека е од 20ч.

Вас кога ви пишува? :)
 
Во 21.00. на картите има :)

Па баш се зачудив, бидејќи прееска проверив на kadevecer, а таму е од 21 ч.

Како и да е, се гледаме таму. Јас сум во прв или втор ред, ако видите некој да се глупира, јас сум тоа. :) (се шалам):wink:

Ептен добар концерт, одамна не сум поминал вака добро. Ружица одлично испеа, бендот одлично свиреше, публиката ептен расположена, старите хитови сеуште незаборавени... Одлично.

Најверојатно ќе идам и во Понеделник... :tv:
 
Одличен концерт. 10/10
Ружица е прекрасен вокал, секоја чест и за гитаристите, тапанарот и гудачките (:)). Сум забораил како е да се помине добро во Универзална сала, последен пат бев на Владо Јаневски. Одличен избор на песни, дури и сам се зачудив како некои песни не сум ги забораил. Универзална исполнета до последно место. Тие што не биле без размислување да отидат во понеделник. Не знаат што пропуштаат.
 
Бешов, видов, се истрескав од земја :treskanje:
Одличен концерт. Единствено ми пречи што ми дадоа карта од блок 1, па не ги гледав гудачките. На почеток ми пречеше што сум скроз на крај на сала, ама после приметив дека има и добри страни тоа, направив неколку папараци фотки од форумџики и мои другарки. Фотките од Ареа, кога ќе се вратам од град.

За концертот како концерт. 10/10. Отсвиреа добар дел од нивните песни за 2 саати и некоја минутка свирење. Исчезнаа еднаш за да ги викнеме на бис за да ги исвират Сите мои слики, Фрекфенција на љубовта... па потоа си заминаа, ама на барање на публиката се вратија и повторија неколку песни :) Порано кога немав фото апарат внимавав на песните и редоследот, ама сеа повеќе внимавав на светлото од рефлекторите како ќе паѓа врз лицето на Ружица па не ги запамтив сите песни.
Интересно ми беше кога ги пееја песните од првиот албум, пеев и јас :) На девојка ми не и се веруваше дека ги знам тие песни затоа што тогаш таа била средношколка, а јас основец (пиши мнооогу одамна), а таа ги имаше заборавено тие песни.

Еве и две видеа од конецртот синоќа:
 
Супер беше, Ружица преубаво испеа, ја кренаа цела Универзална на нозе. Али некако кратко траеше. Првиот пат кога Ружица рече дека е крај, мислев се заебава.
 
Одличен помин.....За Ареа и нема потреба од коментирање се беше како што се очекуваше а уште да беше на пр концертот во Метрополис ке беше уште поубаво...
 
Одлично звучеше..Интересно беше да се присетиш на некои песни што си заборавил дека постојат, оние што не беа вчера обавезно да одат во понеделник,нема да зажалат.
 
супер беше... првите 15 минути снимав после лудуав :smir: да не ги запалеа светлата уште ќе ги викавме назад да пеат xD
 
Одлично звучеше..Интересно беше да се присетиш на некои песни што си заборавил дека постојат, оние што не беа вчера обавезно да одат во понеделник,нема да зажалат.

Шо ќе има у понеделник?
 
Тончиии, и јас бев во блок еден што не си ме поздравил? :)))

Концертот беше мерак за душа, она да уживаш :pipi: Преубаво си пројдов, и ја малце со местото се нервирав зашто бев отстрана, ама кратко тоа :)
Ареа уште еднаш докажаа дека си се квалитет :)
Концертот во своја уникатна верзија и како за промена стварно добро беше, но би сакала Ареа концерт и со електрични гитари и со цел тој ритам и рипање:vozbud:
 
Само многу детски беше после еден саат, и пола песни од пеани, да речат дека си идеме. Као демек, не знаеме дека ќе се вратат. Капак на се беше, што гудачките и пратечкиот вокал останаа на стејџ. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom