Apple iPhone 5

  • Креатор на темата Креатор на темата Barto
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе направите промена со појавувањето на новиот Iphone 5 ?

  • Вкупно гласачи
    105
  • Гласањето е завршено на .
Самсунг ако не се квалитетно изработени тогаш кои? Види ја само колку е подобра пластиката на С3 за разлика од С2. Многу е подобра. А и плус не е чиста пластика. Мешана е со плус уште некој материјал.

Ајфонот, па дури и најновиот, подобар е од С3ката само во снимање. Во друго ништо. Нека не ве лажат само и да ви кажуваат приказки за мали деца.

клучниот збор being пластика:)
 
Можеби Самсунг не употребуваат стакло при изработката на моделите но сепак и хардверски и софтверски се понапред од iPhone. Што е наjдобро, цената не им е плафонска. Доколку синоним за квалитет ти е цена и дизаjн тогаш iPhone е совршен за тебе. Оние што анализираат посуштински знаат дека iPhone е ужасно преценет смартфон со добар маркетинг за да предизвика желба да го имаш. Каj американците ова пали но гледам и каj дел од македонците.

Е што колку е галакси с3? 30 000 денари така, во оне е 39 000 ако не се лажам. Ајфон 4с на ново се наоѓа и за 29 000 денари.
 
Е што колку е галакси с3? 30 000 денари така, во оне е 39 000 ако не се лажам. Ајфон 4с на ново се наоѓа и за 29 000 денари.
Види, С3 излезе пред некоj месец а аjфон4с пред година дена и повеќе и нормално е да му паѓа цената, за година дена на галакси с3 цената ќе му биде 20.000 максимум.
 
Само до мене е или стварно iPhone 5 го прави Nokia Lumia 920 да изгледа уште подобро?
 
Да се разбериме и на сите да им е јасно.

Сеуште е и секогаш ќе биде еден од најдобрите телефони. Кога ќе го има човек во рака сваќа дека е стварно одлично изработен. Се осеќа квалитет, за разлика од пластиките на самсунг.

Можеби не е сменето ништо последниве 2-3 години, но самсунг сеуште нема вака квалитетно изработен телефон.

Можи нема самсунг ама има нокиа (лумниа 900 и новиот 920) и ХТЦ (онеХ).
 
Не, очекував нешто поинвативно и пожестоко какво што можеше да понуди Стив Џобс. Ама изглеа грешка мисла имав дека умрел само човек, умрел и голем напредок во ејпл. Жалосно потрожшени 30 мин од мојов живот. Многу послабо од хатеце и нокиа лумиа :(

Сочуство за акциите на ејпл.
Стиви Џобс пред да умре работеше на 5ката така да ова е последно парче на кој работел тој, тек наредната верзија ќе биде без негов удел.

Реално не сум воодушевен од 5-кава, очекував нешто несекојдневно, ново, како што знае ејпл да изненади ама ете го растегнаа малце и додадоа неколку коњи под хауба. Не е лошо ама ги сваќам...
Хардверски мислам дека е достигнат лимитот, нема што ново да се воведе, но мислам дека време е малце поголем фејслифт на iOS, треба и мора да почнат на таа карта да играат.

Во врска со споредбите што ги правите, смешно е да споредуваш iPhone со било кој друг телефон, класа погоре е од сите во секоја смисла, сеуште не постои достојна конкуренција за него, сериозен сум.
 
Iphone класа :cautious:, толку има избор сега да незнаеш со да земиш.
Iphone имше и дедо Трајко у 1926 година тогаш многу се мачеа со иновациите. Абе....
 
Изгледа рокна епл на дизајнерски план, изгледот им е стање, ова наместо iphone 5 да го наречат iremote, ко далинско е!

Очекував нешто ново ама испадна четворката само ја билдаат и растегнуваат!

Кога би фрлал пари за смартфон, би било за галакси s3!
 
Тогаш грешно би фрлал.
 
Еве за тие како мене што ја пропуштија презентацијава, накратко подобрувањата на 5кава+ доле имате споредба за карактеристиките на Моторола Дроид Разар, С3 и Лумиа

Едно е сигурно Епл изгуби многу со смртта на Џобс мое чувство дека околу се ова недостасува харизмата на Џобс. Јас бурно ќе следам како ќе се развива проектов на Гугл со Моторола. И тоа ми има повеќе логика ако на нечија сметка падне американски производ тоа да биде друг американски производ, а знаејќи дека Гугл стои зад се ова ептен интересна тема за следење ни претстои...
 
iPhone 5 :drk:.........тролам малку, не замерувајте :P
--- надополнето: 13 септември 2012 во 00:24 ---
...plus toa moze da se nose vo dzep za razlika od One X za koj ti treba tashna!
Ти некое џуџе да не си? Без навреда.
--- надополнето: 13 септември 2012 во 00:32 ---
Кога ќе го има човек во рака сваќа дека е стварно одлично изработен.
Ме потсеќаш на Sir Jony Ive. Си претерал со YouTube клиповиве!
Се осеќа квалитет, за разлика од пластиките на самсунг.
Можеби не е сменето ништо последниве 2-3 години, но самсунг сеуште нема вака квалитетно изработен телефон.
Се согласувам потполно со тебе за изработката, ама те молам не го занемарувај фактот што Самсунг сака на корисниците да им нуди променлива батерија со microSD, батерија со поголем капацитет која доаѓа со custom задна маска. Едноставно тоа е нивниот начин, а на некои луѓе тоа им треба, и му прогледуваат низ прсти со пластикава.
Дополнително, поголемиот број на луѓе со high-end телефони користат некаков вид на футрола (гумирана, пластика, алуминиумска, итн) што го обвиткува телефонот и го негира материјалот на самиот уред. Значи не викам дека е исти к****, ама е точно.
--- надополнето: 13 септември 2012 во 00:35 ---
Само до мене е или стварно iPhone 5 го прави Nokia Lumia 920 да изгледа уште подобро?
Не е само до тебе, го направи.
 
Стиви Џобс пред да умре работеше на 5ката така да ова е последно парче на кој работел тој, тек наредната верзија ќе биде без негов удел.

Реално не сум воодушевен од 5-кава, очекував нешто несекојдневно, ново, како што знае ејпл да изненади ама ете го растегнаа малце и додадоа неколку коњи под хауба. Не е лошо ама ги сваќам...
Хардверски мислам дека е достигнат лимитот, нема што ново да се воведе, но мислам дека време е малце поголем фејслифт на iOS, треба и мора да почнат на таа карта да играат.

Во врска со споредбите што ги правите, смешно е да споредуваш iPhone со било кој друг телефон, класа погоре е од сите во секоја смисла, сеуште не постои достојна конкуренција за него, сериозен сум.

Не може да кажи некој од МК, ние сме назад во се од сите.......а дали постоа конкуренција за iPhone....па види кој руши рекорди во продажба дали е тоа IPhone или Samsung....се гледа по муштериiте...чумки муштеријата е секогаш во право......преценет телефон наменет за корисници кои појма немаат, од 3 до 5ка е само позадината во менито и на 5ката додаден уште еден ред икони...и тоа го нарекуваш без конкуренција?? Ма пробај го S3 па да збораш тогаш.......
 
Во врска со споредбите што ги правите, смешно е да споредуваш iPhone со било кој друг телефон, класа погоре е од сите во секоја смисла, сеуште не постои достојна конкуренција за него, сериозен сум.
Ве молам не почнувајте пак со муабетиве зашто крај нема. Одличен е ајфонот, не викам не. Ама одлични се и другиве телефони. Не можеш да заклучиш дека тој е најдобар и точка, зашто не е така. Секој има сопствени потреби, за тебе е најдобар веројатно и драго ми е, си нашол нешто што ти одговара. Мене лично андроид како ОС повеќе ми одговара за тоа што го барам од телефонот. WP исто така се чини ќе има добар удел со осмицата. И не заборавај дека плаќаш премиум цена за ајфонот.
 
Телефонот е супер, почекајте неколку недели само и ке видите колкава ке биде побарувачката за овој модел. Galaxy S3 не е за потценување, мене лично не ми се свиѓа, многу е голем и не ми е толку практичен, Apple продаваат производ кој сепак мислам дека си е достоен на цената според квалитетот што го нуди и перформансите што ги има телефонот. Ако не се лажам, колку што успеав да прочитам по интернет денес, новиот iPhone бил правен со нова техника, со прецизност мерена во микрони, има појак процесор кој троши помалку батерија, потенок за 18% од 4/4S а батеријата е исто толку издржлива како и на 4S, што е исто така добро рачунајќи дека процесорот е дупло појак и има поголем и попрецизен екран.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom