Anhoch VS. AMC

  • Креатор на темата Креатор на темата dexter09
  • Време на започнување Време на започнување
Тошиба прави доста солидни лаптопи.
 
Анхоч е далеку послаб. Амц има огромна развиена мрежа. Моја препорака, доколку знаете да склопите или пак имате некој другар што склопува купете си компоненти.
 
Анхоч во секој случај ... Долго време работам со хардвер и ги клавам пред сите други фирми во државава .. Најпоке пошто знам што значи , и колку е тешко да добиеш Микрософт сертификациа на конфигурациите кои ги продаваш .

Во однос на АМЦ ... па немам заправо ништо против .. по снабдени се , имат по развиена мрежа итн итн ... али имаше периоди во кои робата ја земаа од сумљиви извори а и сигурен сум дека некои работи и сеуште ги земат така . Можи и да грешам .
 
Факт е дека многу луѓе се разочаруваат од АМЦ. Ќе купиш нешто па после 2 дена ќе ти се заебе. Па после 100 пати на сервис да носиш треба. На претходниот компјутер што го земав од кај нив не можев да сфатам што му е, ме зезаше хардот, 20 пати го носев и не го опраив. На крај викам ај да пробам кабелот да го сменам (претходно не ми текна ова под претпоставка дека го провериле веќе) и испадна дека стварно е тоа. Ептен тапа.

Ама затоа Анхоч се во се подобри, подобра услуга (расположени да помогнат најмногу што можат) и подобри делови.
 
Анхоч е далеку послаб. Амц има огромна развиена мрежа. Моја препорака, доколку знаете да склопите или пак имате некој другар што склопува купете си компоненти.

Второто да првото не. Многумина ќе го потврдат спротивното АМЦ зима тапа делови и ги продава по високи цени, Анхоч оди на подобар квалитет.
 
Првиот компјутер го земав од Нико пред 7-8 години...уште работи алал да му е за цело време што го имам само 1 посериозен сервис му правев,мењав хард диск и тоа ми рикна кога снема струја.Сега имам Лаптоп го купив од АМЦ и сум да речеме задоволен(т.е задоволен сум) до сега ништо не му се десило а го имам скоро година.А помегу Анхоч и АМЦ иако никогаш не сум ги сакал АМЦ мислам дека се во предност неголи Анхоч.
 
Имам земено до сега 3 ПЦ од Амц. Првиот го земав 2000 година. Со него бев 7 години и едниствено што ми се расипа е Хард дискот, и тоа ми се расипа во 2007 значи. Вториот го земав 2007 година, и до сеа го иам однесено можеби 10 пати на сервис. 3-от ПЦ шо го земав во 2008 година си е ОК и нема никаков проблем.

Ја планирам да менјам дел и планирам Анхоч да си зеам, како пто напраив со ВГА од Ривер, пошто АМЦ ми се сумливи.

И кога би бирал од овие 2, сеа ги бирам Анхоч.
 
Второто да првото не. Многумина ќе го потврдат спротивното АМЦ зима тапа делови и ги продава по високи цени, Анхоч оди на подобар квалитет.


АМЦ ги руши цените низ цела Македонија.

Иначе главен конкурент на АМЦ ( бар според нив) е Ривер.
 
АНХОЧ дефинитивно е многу добар јас го земав ГОЛИЈАТ пред две години
по нарачани компоненти и досега супер си иде два пати бев во сервис зашто
ми бучеше кулерот, ама ако сакаш безшумен доплати подобар кулер и така направив и досега супер е, а АМЦ многу другари шо ги познавам се жалеа:tv:
 
Amc дефинитивно подобри маркетинг стратегијата му е многу добра во секој град има продавница добра реклама добри цени побра промоција и најголем успех во оваа дејност во Македонија
 
Анхоч се подобри,имам PC Anhoch Goliath веке три години и сум немал до сега проблеми со него,за разлика од мои другари кои имаат повеќе проблеми со компјутерите од АМЦ,исто така се жалат и од лошиот сервис:helou:
 
Јас празно цеде не би купил од АМЦ, а камоли нешто поголемо. Отприлика една третина од деловите во компјутер ми се од Анхоч.
 
AMC во Велес се тапа.

Си ги викнав дечките од eKarta од Велес дома ми дојдоа и ми го склопија на лице место.
- Млада фирма се, имаат се фискална и други работи за да работат чисто.
Ми инсталираа оригинален Windows и најново програми. Честитки до нив и презадоволен сум од машинава.
 
Двата компјутери што ги имам лап топот и десктопот не ми се од ни од анхоч ни од амц.Али чист пример-Купив од амц дигитален апарат и после нецели 6 месеци се сјеба и тоа за нова година(кои нервози бре еј) Среќа имав гаранција и ми дадоја исти таков кој ево сеа почнува да се сјебува повторно...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom