American Horror Story

  • Креатор на темата Креатор на темата Фил Ајви
  • Време на започнување Време на започнување
Интересни ми се кај АХС тие плот твистчињата кои се прават низ епизодите па и низ цела сезона, сега последниве тематики дека беа малце приглупи, си беа. И ова мислам дека ќе е тешко срање.
 
Мене Roanoke ми се допаѓаше, интересен пристап, нешто ново видовме. Ама Cult беше ептен наменски направена сезона и според мене, најлоша од сите до сега.
 
Мојата оценка на сите сезони од најдобра до најлоша:
Asylum
Roanoke
Coven
Freak Show
Murder House
Cult
Hotel
 
Јооој... после срањето од 6та сезона прекинав некаде 3та епизода.. мислев дека таа е последна сезона... сега пуштам 8ма сезона прва епизода да гледам(трета смена сум јбг).. и ми станува јасно дека една сезона ми фали ... ако може некој да ми каже само дека не е срање како 6тата сезона ? За 7дма сезона прашувам де... а 8ма секако ја пуштам сега...
 
Јооој... после срањето од 6та сезона прекинав некаде 3та епизода.. мислев дека таа е последна сезона... сега пуштам 8ма сезона прва епизода да гледам(трета смена сум јбг).. и ми станува јасно дека една сезона ми фали ... ако може некој да ми каже само дека не е срање како 6тата сезона ? За 7дма сезона прашувам де... а 8ма секако ја пуштам сега...
Срање беше...
 
Интересна идеја, смешна реализација. Се додека не ги однесоа децава кај Venable имаше добра подлога, исмевање на светов во кој сме денес, останатото ми беше како за тинејџери.
 
Аман со педерлукот...
Епа креаторот на серијата Рајан Марфи си е геј, така да.. сигурно ќе има уште такви сцени.
Иначе прочитав дека Џесика Ленг се враќа во улогата на Констанц од Murder House.
 
Епа креаторот на серијата Рајан Марфи си е геј
Точно, и не само такви сцени, туку и обавезно има сцени со голи хетеро мажи, како сцената со ова детето под туш сега.

Инаку, интересно почна сезонава. Имавме American Porn Story, имавме American Politics Story, па зошто да немаме и American Drama/SF Story.
 
Кажаа дека сезонава ќе е кросовер на Murder House и Coven, Лангдом нели е тоа бебето на крајот од сезоната што ја изеде дадилката, што ли беше точно, памтам во крв го најдоа. Не ми пречи мене што има гејови ама некако не ја гледам поентата на сезонава, ми нема загатки, ај да и дадеме време :)
 
Секоја епизода се потешко ми е да сфаќам што се дешава... петта епизода, јас сум изгубен на цело.
 
Koи епизоди (по реден број) се овие?
Не се епизоди, на сезони мислев. Hotel беше повеќе порнич отколку хорор, а Cult беше класична политичка пропаганда. А и ова сега што го гледаме не ми делува на хорор баш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom