Албанската тајна служба против МАКЕДОНЦИТЕ

Не ебаваат како сакаат, не им даваат да учат македонски а кај нас не сакаат да го изучуваат стандардниот јазик, дури може да се воведе албански јазик во сите училишта низ земјава. Ова е абсурд, колку полошо може да биде незнам.
 
или далековидната "европска демократија":toe:
и како што заклучив според некои наши членови(нема врска на етничка припадност) кога некој ќе го брани Македонецот или Македонија тогаш тој е НАЦИОНАЛИСТА,АНТИЕВРОПЕЕЦ,АНТИДЕМОКРАТ,ФАШИСТА,ПАТРИОТ итн....епа слободно нарекувајте ме така:helou:
Не другар јас само кажувам нешто што е поврзано со национализмот кој непотребно се дува и може да биде многу опасен . Инаку ако некогаш треба да бирам ќе одберам да живејам со Македонец затоа што и јас сум Македонец . За жал нашите во Албанија неможат да го изучуваат мајчиниот јазик и не верувам дека сами би можеле да се изборат. Мегународните заедници не мрдаат со мал прст. Едно треба да ни биде јасно мегународното право и мегународните норми важат само за помалите и послаби држави .
 
Не другар јас само кажувам нешто што е поврзано со национализмот кој непотребно се дува и може да биде многу опасен . Инаку ако некогаш треба да бирам ќе одберам да живејам со Македонец затоа што и јас сум Македонец . За жал нашите во Албанија неможат да го изучуваат мајчиниот јазик и не верувам дека сами би можеле да се изборат. Мегународните заедници не мрдаат со мал прст.
Едно треба да ни биде јасно мегународното право и мегународните норми важат само за помалите и послаби држави .
Кратко и јасно.
 

тука се согласувам со шипов.тие се релативизирани во зависност од случајот секој момент можат да ескалираат.тепацки имало одсекогаш мегју македонци и албанци и тоа уште пред 40 год па се до денес имало и убиства и понатака ке има мегјутоа далеку од тоа да се нарушат мегју националните односи.мегјутоа на кого му одговара тоа:vozbud: се разбира на бранко црвенковски и опозицијата дасе вратат на власт и да ја оцрнат власта како ги нарушува односите.така да лесно прати неколку деца да истепаат свој врсник македонец и обратно . и ете сите медиуми на врата посебно А1.на предлог на владата дасе изуцува македонски јазик тие одма репорт од преллјубиште каде двата етноси изучуваа два јазика.во дебар македончинјата уште одамна во градинки уцат албански јазик а тоа никој не го објавува.мене никако немие јасно како може да се учи англиски од прво а македонски во трето.:tapp:.зошто несе заменат да англиски се учи од трето .братот е во право веке се провидни со својте намери и незнат веке на кој начин да делуваа.немисе верува дека албанците се толку наивни да послужат како како тројански коњ на грците.одамна тие гајат надеж дека македонија сама ке се распадне да тие немора да се загрижени за фајром.:toe:
Напишано од Genti.
Меѓуетничките односи не глеам дека се влошени
 
Не другар јас само кажувам нешто што е поврзано со национализмот кој непотребно се дува и може да биде многу опасен . Инаку ако некогаш треба да бирам ќе одберам да живејам со Македонец затоа што и јас сум Македонец . За жал нашите во Албанија неможат да го изучуваат мајчиниот јазик и не верувам дека сами би можеле да се изборат. Мегународните заедници не мрдаат со мал прст. Едно треба да ни биде јасно мегународното право и мегународните норми важат само за помалите и послаби држави .
.сепак тој што ги измислил/ФОРСИРА не ги почитува,па не гледам причина зашто ние МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ:toe:
 
.сепак тој што ги измислил/ФОРСИРА не ги почитува,па не гледам причина зашто ние МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ:toe:

Еден пост ми избришаа изгледа не ја сватија иронијата на постот. Па мора вака да ти објаснувам. Не мора ние ништо да почитуваме едноставно ќе не присилат. Мегународното право е право на сила, принуда и уцени доколку не го почитуваш.
 
Ке си дозволам да те поизправам. Двамата погоре са БИЛИ агенти, на БИВШАТА бугарска служба. А зборот агенти исто не е точен, поточно е соработници.Единиот бил во Ватикан за да изочува архивите,а другиот пишел доклади...
Е това веке е новост и е сурприз и ми е интересно от каj го измисли,прочете или слично .... па ако се замислам единстевениот начин да имаш такви податоци за бугарските служби е или да си член на македонското контра разузнаване или да си припадник на бугарските служби....

Бивши... бивша може да ти биде девојката, не и службата во ДС.

Сите медии во Бугарија се држени од “бивши“ агенти.

Д'ржавна сигурност:

6th Directoratepolitical police.
It had the following departments:

4th Department – specialized in pro-Turkish and pro-Macedonian nationalism

http://en.wikipedia.org/wiki/Committee_for_State_Security
 
had e minaloto vreme na imam.Ne ti e lesno na tebe so taja paranoja.Zad sekoe kjose da vizdas agenti, narodni vragovi i provokatori.:)
 
Можно за можно...



Меѓутоа имам едно скромно прашање, зошто после изјавата на Фуере за “потенцијалните немири“ доколку не прифатиме промена на име, наеднаш се актуелизираат некои албанско-македонски тензии, преку јазикот, па сега “случајно“ К5 доаѓаат до ваков ТАЕН извештај и сл. , зарем не е очигледно на каде оди работава и кој ги влече конците?
Не.
Тоа е надвор од границите на македонија.

За фуере кој го е*е.

Ништо сомнително,ние треба нашиот двор да си го средиме....или немаме тајни служби,па кукаме???

Двајцата горе споменати се агенти на бугарската служба, впрочем и самата државна служба на бугарија има посебен оддел назначен како “борба против македонскиот иредентизам“, значи некои работи се прават со умисла за да се одржува тензијата.

Ама реков, треба многу повеќе за да се сфати нивната поента.
Абе на бугарите да не им е страв и од палестинскиот иридентизам...или пак можеби турскиот,романскиот?

Ама мора да се плашат оти историја бе...туѓото што е земано се враќа.

А они имаат долг кон нас кој има само еден начин да се врати,истото важи и за јужниот "сосед".
 
„НЕ ИМА“: Да престанат притисоците врз Македонците во Албанија

Граѓанската иницијатива „НЕ - ИМА“ од Прилеп, која ги организира курсевите по Македонски јазик во Албанија, денеска побара од невладината „Реалитети“, да испратат петиција до Албанската влада да не се вршат притисоци врз Македонците во Албанија при изучувањето на нивниот мајчин јазик.
Според „НЕ - ИМА“ ваквиот чекор ќе ја подобри меѓуетничката доверба во државава. Инаку „Реалитети“ беше невладината која до Уставниот суд ја поднесе иницијативата Албанците, Македонскиот јазик да го изучуваат од четврто, а не од прво одделение.
„Би било многу позитивно тие ако направат една петиција и реагираат до Албанската влада и до албанските институции, нема смисла сега во 21 век да се забранува изучување на мајчиниот јазик“, изјави Борис Темоски, претседател на „НЕ - ИМА“.
Од „Реалитети“ денеска истакнаа дека тие се отворени за секаков вид соработка, но бараат прво оваа иницијатива „НЕ - ИМА“ од Прилеп да им ја достават на писмено. Македонците од Албанија уште еднаш повторија дека се врши притисок врз нив за да тие не ги посетуваат курсевите. Учителите Албанци дури и ги тепале децата, а било упатено и писмо до тајната служба на Албанија ШИК да ги спречи курсевите.
„Има притисоци, од тепање на децата, до закани на нивните родители, дека ќе ги отпишат од училиште, дека ќе им пишуваат помали оценки“, вели Едмонд Османи, Потпретседател на партијата на Македонците во Албанија.
За ова се уште не сакале да побараат помош од Македонската влада, но за притисоците ги известиле Европските институции.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119557
 
Бивши... бивша може да ти биде девојката, не и службата во ДС.

Сите медии во Бугарија се држени од “бивши“ агенти.

Д'ржавна сигурност:

6th Directoratepolitical police.
It had the following departments:

4th Department – specialized in pro-Turkish and pro-Macedonian nationalism

http://en.wikipedia.org/wiki/Committee_for_State_Security
Никоj не отрича постоенето на бивши такви структури...,ама ти се запрашаj зашто постоели и што правели jгославскиге шпиони во БГ.
А за медиите-извини,но нема как американски собственик на наjголемата медиja во БГ да е бивш агент на државна безбедност.:toe:
 
Во Голо Брдо ги тепаат учениците за да не учат македонски


Планирано беше мајчиниот јазик да го изучуваат околу 1.000 деца од предучилишна и училишна возраст. Успеавме да вклучиме само 400 деца. Притисоците го направија своето. Нонсенс е во ова време, во држава што Европа ја нарекува демократска, да се рушат човековите права. Да не се дозволува Македонците да си го учат мајчиниот јазик - Едмонд Османи, „Македонска алијанса за европска интеграција“


transparent.gif
Албанските државни институции и поединци продолжуваат со притисоците за прекинување на курсевите по македонски јазик во Голо Брдо и другите четири места, каде што преку невладината организација „Нé има“ од Прилеп веќе два месеца Македончињата го изучуваат мајчиниот јазик во Албанија. Едмонд Османи од Голо Брдо, претставник на партијата „Македонска алијанса за европска интеграција“, посочува дека секој ден родителите на 200 деца што го посетуваат курсот добиваат најразлични закани.

- Кај малите деца од предучилишна и училишна возраст голем е интересот да го учат македонскиот јазик. Околу 200 деца во Голо Брдо учат мајчин јазик, но секојдневно, тие лично или нивните родители се соочуваат со притисоци за прекинување на наставата, која патем се одвива во приватни простории. Директорите на училиштата, професорите ги тепаат децата, им ги намалуваат оценките, ги малтретираат родителите. Под постојана пресија се. Почнаа да доставуваат писма до општините, до државните безбедносни органи, за спречување на наставата по македонски јазик. Состојбата веќе станува неиздржлива. Го информиравме ОБСЕ. Сé уште немаме повратна информација. Ќе се обратиме и до сите надлежни европски институции за заштита на човекови права. Ќе им кажеме дека во Албанија на Македонците не им се дозволува да го учат мајчиниот јазик, дури и на приватни часови. Дали е тоа демократија - вели Османи од Голо Брдо.

Тој посочува дека состојбата е полоша во Гора, каде воопшто не успеале да почнат курсевите по македонски јазик, токму поради притисоците на поединци и државни институции.

Курсевите по македонски јазик пред два месеца ги почна невладината организација „Нé има“ од Прилеп, која одржа и обуки за наставници. Со проектот, кој е поддржан од организацијата „Ис Вест“ од Белгија, курсеви се организираат во Тирана, Гора, Голо Брдо, Корча.

- Планирано беше мајчиниот јазик да го изучуваат околу 1.000 деца од предучилишна и училишна возраст. Успеавме да вклучиме само 400 деца. Притисоците го направија своето. Бараме македонското МНР да реагира. Нон сенс е во ова време, во држава што Европа ја нарекува демократска, да се рушат човековите права. Да не се дозволува на Македонците да си го учат мајчиниот јазик. Ќе ги известиме во „Ист Вест“ за состојбите во Албанија. Ќе контактираме со НВО „Реалитети“ од Тетово, тие да апелираат до албанската Влада дека е потребен меѓукултурен дијалог, каков што го има во Македонија - вели Борис Темоски, од здружението „Нé има“.

Проектот за изучување на македонскиот јазик преку курсеви во Албанија го поддржа и македонската влада. Во Албанија според процените живеат околу 150 илјади Македонци, од кои околу 20 илјади има во Голо Брдо.
Автор: Ка.М.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2610102305&id=9&prilog=0&setIzdanie=21903
 
Изгледа со членството во НАТО Албанија во пакет доби и право да спроведува ваква демократија.:tapp:
И не е бе ова во Голо Брдо проект финансиран од ЕУ???:kesa:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom