Славјански
Антички Словен
- Член од
- 2 мај 2008
- Мислења
- 5.644
- Поени од реакции
- 1.346
само што ми се јави пријател ПРЕТЕПАЛЕ УЧИТЕЛ ВО ГОЛО БРДО
Министерството за образование на Албанија, користејќи информации на албанската тајна служба (ШИШ), тргна во акција да го забрани изучувањето на македонскиот јазик во Голо Брдо поради „прекршување на законите“. Ова го пишува во писмото на еден функционер во Министерството за образование на Албанија во кое се бара прекинување на курсевите по македонски јазик што редовно се изведуваат во неколку училишта во општините Требиште и Острени во областа Голо Брдо.
За ова вчера јави и ТВ Сонце.
Општинарите во реонот Булќиза од партијата Македонска алијанса за европска интеграција го поседуваат писмото потпишано од Миранда Курти, директорка на подрачната единица на Министерството за образование на Албанија, испратено до општината Требиште на 11 јануари, во кое меѓу другото се вели: „Поаѓајќи од добиените информации од ШИШ, од раководителите на школите и од локалната самоуправа, како и потврдувањето на овие информации од Образовната канцеларија во Булќиза, Ве информираме дека во областа Голо Брдо, во почетокот во селата од општината Острени, а потоа и во селата на општината Требиште, од физички лица без лиценци се одржуваат приватни курсеви на македонски јазик со учениците од школите“.
Таа понатаму ги реди по име и презиме Македонците што ги спроведувале тие курсеви. Нејзиното образложение е дека курсевите ги држат граѓани што не се вработени во Министерството за образование.
Станува збор за бесплатни курсеви по македонски јазик што ги спроведува невладината организација „Илинден“ со седиште во Тирана. Курсевите веќе подолго време и јавно и преку Интернет се рекламираат меѓу Македонците во Албанија. Тоа значи дека работата што ја открила тајната служба на Албанија и не била некакваси голема тајна.
- Тука нема никакво прекршување на законот. Ние сме легална невладина организација, која во својот статут запиша дека ќе држи и курсеви по македонски јазик. Целта на албанската држава со ова е да спречи Македонците од Голо Брдо на следниот попис да се изјаснат како Македонци - вели Васил Стерјовски, член на НВО „Илинден“ и директор на јавно претпријатие во Корча.
Курти во писмото бара конкретна акција од локалните власти, бидејќи нејзините интервенции не успеале.
„Од наша страна е контактирано со локалната самоуправа и надлежните директори на школите за прекинување на овие приватни курсеви. Меѓутоа ве информираме дека во селото Требиште на општината Требиште и селото Пасинки на општината Острени продолжуваат со работа незаконските приватни курсеви по македонски јазик. Затоа бараме соработка и ваша интервенција за целосно прекинување на ова нелиценцирана активност, затоа што лицата, како што наведовме и погоре, не се вработени во образованието и претставува тежок прекршок за законската регулатива што е во сила“, пишува Миранда Курти, директорка на подрачната единица на Министерството за образование на Албанија.
За случајот е информирана и канцеларијата на ОБСЕ во Албанија. Засега нема нивна официјална реакција на овој случај.
Инаку, Албанија официјално ги признава Македонците и македонскиот јазик само во општината Пустец, Преспанско.
Граничен премин
За Македонците од Голо Брдо сериозен проблем е и веќе подзаборавената обврска на македонските власти за договореното отворање на граничниот премин Требиште. Ланскиот договор меѓу македонскиот и албанскиот премиер Никола Груевски и Сали Бериша за отворање нов граничен премин кај Требиште од албанска страна и Џепчиште од македонска страна во близината на Дебар засега е испочитуван само од Албанија. Тие веќе изградија пат до границата и сите придружни објекти, а од македонска страна нема ништо. За населението од Голо Брдо влезот во Македонија без овој граничен премин е подолг за цели 80 километри по тешкопроодни патишта. Одговорот од македонска страна засега се сведува на тоа дека сé уште не е изработен проект, а и нема пари одвоено за преминот.
Добро е што е во Албанија и што жртви се Македонците.
Може да помине неприметно.
Замисли ова да се случеше во Македонија, мисии од Европа, од ОБСЕ, невладини еден куп, одма на дневен ред во советото на европа, ударна вест на цнн, ббц, одма борци за права по планините.
Така ни е кога сме во филм со улога на статисти.