- Член од
- 17 август 2011
- Мислења
- 10.562
- Поени од реакции
- 18.967
Не можеш да земаш по дифолт бидејки секоја земја си е посебен случај. Во Македонија при очигледни прекршувања на законот од двете политички партии за тоа кој ќе лежи затвор ќе одлучуваат граѓаните во декември.Секоја држава треба да се брани од надворешни и внатрешни непријатели ако сака да опстани како таква. Опозицијата по дифолт не е и не би требало да е внатрешен непријател туку вољата на одреден процент од населението кое не го дели мислењето со мнозинството. Затоа постојат и изборите нели ? Зошто некој би ве пикал во логори или требел. Да не си малце параноичен?
Од друга страна пак оние кои се огрешиле и се одлучиле за насилна промена на легално избрана власт и вољата на мнозинството, активно соработувале со странски држави за рушење на уставниот поредок или активно се залагаат за странска интервенција се знае како треба да завршат. Исто како што би завршиле и во најголемите демократии на светот. Тие не се опозиција, така да не ги мешај тие работи.
Ете веќе кога почнавме со хипотетички сценарија, да се околностите поинакви ти како би сакал да се постапува со тие луѓе? Како би ги нарекол ?
Ја неам ништо против власта ама имам против апсолутна власт во Македонија, а единствено нешто што ја спречува е странскиот фактор.
При толку развиен систем базиран на кронизам 90% од населението е корумпирано и прави некаков ситен криминал. Кој ќе лежи зависи од тоа колку е моќен да го спроведе,едни се крстат во мнозинството а други во странскиот фактор. И едните и другите си го гледаат својот интерес а не интересот на државата и народот како целина.