Ајмо работа за писмени и неписмени!

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
Тие што не успеале и се фатиле да пребаруваат во изметот на партијата треба да ги жалам и сфаќам? Не, озбилно што очекувате да пишам за луѓе кои ги бива само за администрација?
Лелел за леб немаат, ајде сите тогаш во државна администрација да се вработиме, што викате? Ќе не рани курле цела држава.
И не се тоа фрустрации, тоа е горчина од системот која ја рефлектирам. Чувствувам гадење кога зборам за државниот апарат, зошто еден ебан ден не застанал од оваа страна да види како е и како се создава парата. И згора на се ми се куропеца. Неможе бе така вот, неможе.
 
Гледаш одзиви по митинзи, протести и слични циркуси? Зарем сите се во администрација? Знаеш дека на обична чистачка веќе ѝ зависи работата од таа или од другата страна? За плата од 8к која пола минува низ банка пола на рака, таа женичка иде да вее знамиња и да се срамува пред останатиот дел од државата пред тв кој сеуште не им дошол редот. Зарем навистина мислиш иде некој таму ради идеологија? Некој пробал со пасош, некој со брод, некој неговите дома имаат за 3 животи не 1, некој книшка.. ова некако неможам ја да го судам.

Заедно ќе се смееме на работни места, на споменици, на циркузи во собрание..
Заедно ќе повраќаме од системот и начинот на кој дисфункционално функционира, на тивката асимилација, на се што е покварено и гнило..

Ама неможеме да судиме само затоа што ти на "подобриот" начин моеш да си дозволиш да плаќаш сметки на 2ри, а некој да си приоритизира дали да јаде овој месец, или струја да има.
Во 10 часот наутро доручкував и дремам на нет, во ситуации каде да си вработен е одлично, не пак вакви луксузи, ама тоа не ми дава право да судам некој според начинот на кој сака да преживее. :)
 
Да, сите се. На овој или оној начин сите кои излегуваат да се тепаат по улици се поврзани со државната цицка. Ни еден, апсолутно ни еден не би излегол без интерес за партија. Повеќето се и приморани или уценети да излезат, али тоа е цената за работа на државно. Те пикнале, сега можат да те контролираат како сакаат.
Јас ги судам и ќе ги судам. Не од човечки аспект дека можеби тоа им е единствена алтернатива, туку од аспект на тоа што заради неговиот леб и лебот на Трајанка страдаме 2 000 000 народ. Ситниот личен интерес не уби како држава. А перцепцијата се промени последниве 10 години, сега младинава само администрација ја гледа како шанса. Ако продолжат да размислуваат така каде ни е крајот. Мора сликата да се разбива, макар и сурово како што ја презентирам јас. Мора да почувствуваат дека се терет и дека тоа е погрешно. А не да се курпоецаат и да мислат дека се успешни. Лоша трава дефинитивно.
 
Сите тие советници на асистентот,асистенти на советниците,што клатат врати по регулаторни комисии,агенции,дирекции и слични арамиски измишљотини треба да се бесат на плоштад.

А тие што ги измислија тие апашки функции и организиции и напикаа цела војска таму, да се набодат на кол,или уште подобро,на мачот на Ацо,да видиме некоја корист и од него.
 
Во глобала се согласуваме ама константно се разминуваме со поенти..
Лесно ти е тебе за вакви утопии да збориш. Во оваа ситуација сигурно дека ќе презираш ваков чекор.
Во хипотетичка ситуација каде си на просјачки стап, и ти понудат работа од смешни 10.000 денари уз книшка, сигурно нема да размислуваш за колективното добро, туку ќе се почастиш барем еднаш јогурт со бурекот. :)

Ама овие се луѓе без едукација, колатерална штета од приватизации и сите курци палци. Младината што во тоа гледа како единствена шанса, е тоа да, е премногу алармантно.
 
Отворен цитат:
Партиска Книшка
21 Мај - 20 Јуни

Најсреќниот знак во македонскиот хороскоп. Легендата вели дека новите родители намерно ги усогласуваат сексуално-репродуктивните активности за новороденчињата да се родат со партиска книшка. Тоа е очекувано, бидејќи родените со партиска книшка имаат светла иднина, бидејќи месечината што влегува во третиот штаб уште во старт ги решава нивните проблеми. Иако имаат мал спектар на знаења, родените во овој многу ефикасно ги решаваат задачите кои им се задаваат. Партиските книшки се родени следачи и верни партнери.“
Затворен цитат
 
Македонецот мисли само на својот газ,затоа сме и таква усрана држава.Мене не ми е криво што се вработуваат со врски,со книшки и што ти не,ама немој да ми сереш на маса дека си богзнае што и дека твојата партија е богзнае што и колку ни е убаво и колку е све розево,ќути и пуши.Такви дегени мразам ептен.Генерално за оваа ситуација сме си сами криви ко народ.Македонија излезе од Социјализам,во 2006 влезе во тотален Комунизам.Си дозволија да го поделат Македонецот сите закрвавени у очите на митинзи ќе се испотепаат.Си земаа за право другите да ги наречат предавници и незнам што,ако се неистомисленици.Не очекувам работите да се сменат на подобро,сит на гладен не верува,се додека ги држат на лајф сапорт по еден член од фамилија,овој циркус нема да се смени.Греота.
 
Аут оф реалити и Кооператива фино го доловија проблемот. Не знам колку од дискутантите имаат свои семејства за да знаат воопшто за што говореа овие двајца. Секој пробува да преживее, а живееме во строго партизирана држава. Ради божемните принципи од кои повеќето на прва тешкотија ќе ги погазат.
Повеќето од овде сигурно се вработени со вакви или онакви врски, канали, познанства, вујковци...па да го поставиме проблемот од спротивна страна. Земале работа на некој поспособен од нив, без разлика приватно или државно само затоа што имале некакви врски.
Не го правдам зголемувањето на администрацијата затоа што е голем товар за сиромашна држава, но некои нешта се знак на непознавање, заборавање или немање семејство за кое ќе се грижат.
Впрочем пробајте со таа административна плата да ги надмирите трошоците за семејство и да ви остане за одмор, прошетка, кафеана, забава...впрочем пробајте без врски да се вработите и приватно денеска, нормални конкурси практично и нема. Пробал некој од овде да конкурира без врски?
За висината на примања, повеќето приватниците во Македонија се виновни што продавачките, келнерите и шивачките, економистите се послабо платени. Зарем малку заработува една кафеана? Имавме низ годините помал буџет, многу помалку администрација...зошто фирмаџиите исто мизерно ги плаќаа работниците? Затоа делумно и се зголемуваат буџетарите.
И повеќето овде ако не сум грешка, не се во реален сектор, ако дефиницијата е точна. Ако некој работи во Железара или копа нивата, пеки.
 
Дали е во услуги или производство ги плаќа истите даноци. Сигурно у производство не се помали од услуги. А реален сектор опфаќа производство на стоки и услуги.
Од тие даноци администрацијата јаде.
 
Аут оф реалити и Кооператива фино го доловија проблемот. Не знам колку од дискутантите имаат свои семејства за да знаат воопшто за што говореа овие двајца. Секој пробува да преживее, а живееме во строго партизирана држава. Не знам дали некој од вас ќе дозволи до тоа дереџе децата да нема што да јадат или да немаат за школо само ради божемните принципи (кои, ако ги немале врските да се вработат, на прва кривина ќе ги погазеле)? Повеќето од овде сигурно се вработени со вакви или онакви врски, канали, познанства, вујковци...па да го поставиме проблемот од спротивна страна. Сте земале работа на некој поспособен од вас, без разлика приватно или државно само затоа што сте имале некакви врски. Ги судите луѓето како да не смеат да јадат и како да сите во администрацијата се вакви или онакви. Не го правдам зголемувањето на администрацијата затоа што е голем товар за буџетот, но пцуење и колнење на сите вработени е знак на неписменост или непознавање на некои нешта. И немање семејство за кое ќе се грижат. Впрочем пробајте со таа административна плата да ги надмирите трошоците за семејство и да ви остане за одмор, прошетка, кафеана, забава...
За мене повеќето газди во Македонија се виновни што продавачките, келнерите и шивачките се послабо платени, не Ставре или некој друг. Имавме низ годините помал буџет, многу помалку администрација...зошто фирмаџиите исто мизерно ги плаќаа работниците? Па затоа и се зголемуваат буџетарите. Се е до парите, ретко некој од овде работи од љубов.
И повеќето овде ако не сум грешка, не се во реален сектор кој по дефиниција не е услуги, не е осигурување, банки и други слични дејности. Ако некој работи во Железара или копа нивата, пеки.

И што сега, треба да продолжиме со партизирањето на администрацијата и државата???
Па ајде тогаш сите да се вработат во администрација, бидејќи нели сите сакаат леб да однесат дома на децата. Па да бидеме Северна Кореа.

ПС. Над 90% од луѓето што работат во приватно се вработени без врски и протекции. На газдата му е битно само дали те бива пари да му носиш или не.
 
каде со муабетов бе,на вакви позиции се бутале сиромашни луѓе:facepalm:
Абе ако си сиромашен нема да имаш врски и ни книшка ни кур у гз не те пика таму..лижи гз колку сакаш.Се знае кој се вработува таму не тресете глупости и ги оправдувате за џабе.
 
И што сега, треба да продолжиме со партизирањето на администрацијата и државата???
Па ајде тогаш сите да се вработат во администрација, бидејќи нели сите сакаат леб да однесат дома на децата. Па да бидеме Северна Кореа.

ПС. Над 90% од луѓето што работат во приватно се вработени без врски и протекции. На газдата му е битно само дали те бива пари да му носиш или не.
напишав дека не сум за зголемување, туку таква држава ни создадоа моќниците од 90-тите, назад нема. Ама овде да читам некои апостоли и ангели дека се вработувале без врски или без имањето од родители, или отворале фирми од забанции, не е фер. Тоа е дволичност оти тие први ќе ги погазат своите со цаллед принципи, само ако ги немаат тие врски и пари.
Не знам дали си пробал како економист да бараш работа скоро. Знаеш колку нудат плата (само едно место начекавме) фирми кои заработуваат милионски суми? Значи прво нема работа, второ и да има уценуваат и плаќаат мизерно.
Е тие наши газди од реалниот сектор велат дека администрацијата земала многу пари. Дали тие земаат или овие не ги плаќаат своите е за дискусија. Башка што мислам дека повеќето од што критикуваат овде со административна плата не можат да обезбедат потреби на семејство ниту една недела, камоли цел месец.
ПС. Над 90% од луѓето што работат во приватно се вработени без врски и протекции. На газдата му е битно само дали те бива пари да му носиш или не.
Ако ги сметаш продавниците и шивалните или оние со мизерни плати, да. Во фирмите каде се добро платени и во финансискиот сектор тешко односно ретко.
каде со муабетов бе,на вакви позиции се бутале сиромашни луѓе:facepalm:
Абе ако си сиромашен нема да имаш врски и ни книшка ни кур у гз не те пика таму..лижи гз колку сакаш.Се знае кој се вработува таму не тресете глупости и ги оправдувате за џабе.
Последните години се вработуваат со книшки, а пред тоа? Конкретно кога се вработував партии не постоеја, што прајме со тие генерации? Само затоа што сте нашле роднина со врски или сте имале средства да отворите фирма не значи дека сте поспособни од оној кој ги немал тие предности.
 
Си пробал како економист да бараш работа скоро? Знаеш колку нудат плата (само едно место начекавме) фирми кои заработуваат милионски суми? Значи прво нема работа, второ и да има уценуваат и плаќаат мизерно. Е тие наши газди од реалниот сектор велат дека администрацијата земала многу пари. Дали тие земаат или овие не ги плаќаат своите е за дискусија. Башка што мислам дека повеќето од што критикуваат овде со административна плата не можат да обезбедат потреби на семејство ниту една недела, камоли цел месец.

Тука бе луртз тука мавај. Он сам ја создал фирмата и сам ќе определи од свој џеб колку ќе даде. Ако ти се работи работи, ако не некој друг ќе работи. Тоа не зависи од газдата него од целата економија во земјата која е во раце на политичарите. Вишок понуда на труд, цената е таа. Значи сам создава. Во администрација не создаваат туку јадат и од него. Значи он ви дава да јадете. Затнете ги устите и јадете онда. И тоа што го зима администрација е премногу. Јас на сите по 5000 денари би им дала сите до еден да избегаат.
Постари, помлади, во администрација од на дедо времето се знае како се влегувало. Да не праиме бајки сега без потреба.
 
Во фирмите каде се добро платени и во финансискиот сектор тешко односно ретко.

И за ова не си во право, имам четворица другари што работат во финансискиот сектор и ниту еден не е вработен со врски.
Врски таму важат за менаџерски позиции, не за вработени на шалтер или на терен.
 
Во администрација не создаваат туку јадат и од него. Значи он ви дава да јадете. Затнете ги устите и јадете онда. И тоа што го зима администрација е премногу. Јас на сите по 5000 денари би им дала сите до еден да избегаат.
Постари, помлади, во администрација од на дедо времето се знае како се влегувало. Да не праиме бајки сега без потреба.
според последното пишано (од твојот дедо) гледам дека не ги знаеш состојбите во администрацијата. Башка, ти си се снашла за јадење на еден начин, некој друг на друг...што тебе ти смета што тој ќе земе некоја платичка?
Тоа не зависи од газдата него од целата економија во земјата која е во раце на политичарите.
не е точно. Газдите се оние кои не ги плаќаат работниците, никој друг. Која светска економија бе Леандра за тоа дал ќе му дадеш 10 или 30 илјади?
Светската економија немаше рецесии, ниту кај нас имаше толку буџетари, ниту бутур и пак газдите едвам чекаа да му дадат што помалку на вработениот. Три илјади денари плата од Камчев, другите фирми се отепаа плаќање 5000, 7000 со кратење казна од 30% на 5000...ама меѓувреме мора да одмора двапати годишно Грчка, еднашка на скијање, па гради куќа у ракотинци...за тоа се виновни владите на РМ од 1990 наваму?
Не живееме во Шведска за да раснат работни места на секое ќоше.
Тука бе луртз тука мавај. Он сам ја создал фирмата и сам ќе определи од свој џеб колку ќе даде. Ако ти се работи работи, ако не некој друг ќе работи. Вишок понуда на труд, цената е таа. Значи сам создава.
у ствари што повеќе, според ова самите фирмаџии се виновни за малите плати, премногу садизам во работните односи. Тоа не е добро, затоа луѓето бараат спас во државните (иако и таму за оние без книшка има проблеми).
И за ова не си во право, имам четворица другари што работат во финансискиот сектор и ниту еден не е вработен со врски.
Врски таму важат за менаџерски позиции, не за вработени на шалтер или на терен.
Епа жена ми беше раководител во една слична фирма, знам како се вработуваа. Има банки каде и пари да ти даваат да не идеш (не е фер да ги именувам). Плус тоа се четворица, а другите 50-тина илјади економисти? Кога бараше инфо за комерцијална или стопанска (па и некои други подобри), видовме дека е неможно ниту како шофер :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom