Ги измеша работиве, сиромаштија и голема невработеност со крајна неспособност и газолижење. Таа сиромаштија која ја имаме денес на 30% од населението според Државен завод за статистика, дојде како резултат на политиката нишај врата земај плата. И малите деца ја знаат превработеноста во државниот апарат. Јас како свесна особа, никогаш, ама апсолутно никогаш нема да оправдам некои кои за лични интереси и неспособност се ставаат над нас, да ги раниме и поиме додека они со едно проклето партиско знаме мафтаат на митинг или одат по куќи да агитираат. Додека они ја нишаат вратата јас, ти и Трајче секој ден се справуваме со домашната економија и плаќаме казни и давачки, за да преживееме и они да има што да јадат. Како благодарност на се тоа и од позиција на административец те плука. Е нема бе така газолижачу неспособен, нема да плукаш туку ќе ја затвориш таа уста и ќе ја наведнеш главата партиска надоле. Јас те ранам, не ме раниш ти. Али тотално измешани позиции во државава, затоа и имаат толку сила.
Од секогаш неспособните се пикале во администрација со вакви огласи, соработник за соработник. Извади ги од таму и донеси ги во реален сектор ако поминат едно ебано интервју јави ми се. Ни еден ден немаат во реален сектор, од факултет во Министерство за финансии и плус памет ти продава. И се гордеат со тоа, го сметаат за успех. Да, да они сами успеале во животот, такво нешто имам слушнато.
Јас разбирам дека се ова единствените отворени работни позиции и дека секој си го бара лебот аплицира оти нема каде на друго место, али да паднеш толку ниско, да дремеш по штабови, да те викаат у некакви комисии, да одиш по куќи како задњи клошар, да молиш некој партиски лигуш, нозете да му ги бацуваш за после 4 години да те вработи секретарка во ЈСП...успех, личен успех како што би рекле. У превод излижав се што можев да излижам и ќе лижам до крај, неможат они толку да плукнат колку што јас можам да излижам.