Ај тој шо е пијаница, си е пијаница, и на никој ништо не му смета. Се обложувам дека не прави никакви проблеми коа е пијан... А се обложувам и во тоа дека речиси сите ќе се сложат со тоа дека алкохолизмот не е ништо помалку од хронична болест.
Така да, детуле...
Во моментов, сте се испозаебавале со болен човек, истовремено измачувајќи го него, помагајќи му во (ионака) општата пропаст, и сте си одржале сами себеси еден добар тренинг на антиморализам. И ај, да застанело во тој момент, и не би било толку трагично...
Трагичниот дел е што сте горди на ова што сте го направиле.
Сите во селото му се смејат, а? Да имаш бавча со јаболка во Подмочани нема да те направи подобар човек од другите. Ни тракторот, ни новата доградба на поткровјето. Да бидеш свесен за своите постапки, да расудуваш разумно за своите години - значи да станеш позитивна личност која ќе придонесе кон општеството... можеби утреден и како психијатар кај кого ќе се лечат хронични алкохолици.
Не си го изгубил рејтингот кај мене, нити кај ниеден од членовите на форумот. После секоја ваква постапка, после секое свршавање на туѓа мака, си губиш дел од себе. И од она коешто се вика позитивни квалитети на една личност.
Па вие размислете... И ако не сум во право, иди утре и пак напрај го истото. Овој пат со ракија, може и ќе го онесвестиш.