Ај сеа признајте си...

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
Мене татко ми еднаш ме има натепано во животот и тоа кога бев забавиште мислам, не сакав да си легнам да спијам а касно беше кај 1 саатот и јас се заинаетив и татко ми се изнервира и ајдее го обрав ќотекот - иако не беше голема причината ама ете човекот се изнервира :pos2:
 
5-то одделение бев и ич не учев.Требаше тест историја да правиме,јас не научив.И си го добив следувањето :pos2:
И од кога ме натепаа цела вечер учев и само јас извадив тест петка :pos2:
Го памтам тој ќотек,оти од тогаш почнав да учам :vozbud:
 
Добра случка шо ја памтам.. Бев 5то мислам, се скарав со мајка ми, не ме удри, али многу ме изнервира и нешто имаше работа на тераса. Излезе и јас ја заклучив вратата и не ја пуштав внатре :). Почна да ми се заканува и јас така изнервиран ко рокнав стаклото со нога (по некоја случајност патики носев) и сол се стори, после то излезе, го викна татко ми и си го добив заслуженото.
 
Па беше тоа некаде 2 одделение. Јас никогаш не викав „тато“ туку по име. Доаѓа „тато“ и ми даде таму некоја кукла и јас викам „фала .... (по име)“. Кога си отиде, мама ми одржа лекција. :pipi:
 
Два пута у животов сум бил истепан од родителите т.е од мајками бидејќи татко ми никат не кренал рака над мене... и бев истепан ...првиот пат кога имав 5-6год и отиднав на пруга со постарите другари која е само 200 метра одалечена од кј што живим, ама мајками мн се наљути дека сум отиднал негде без да и кажем или прашам и ме истепа, па и дн днска пред да излезем морам да речем ,,отиднав,, а тоа кде не ме прашуаа ...а пак вториот пар беше заради играчка т.е мач имав едно 4-5год и мн сакав да ми го купи мачот мајка ми и што плачев за да ми го купа, и мајками се наљути дека плачем само за да ми купа нешто и ме истепа добро и после тоа фино лепо ако сакав нешто само ќе замолим и нема да палчем.
 
У 4то одделение кога после школо тргнав да си шетам ( и ја не се сеќавам кај) и нормално се задржав повеќе од дозволенито и кога се прибрав добрив врели шлаканици затоа што сум ги загрижила и ме барале низ цел град.:toe:
 
Мајка ми само ме има тепано 2-3 пати како помал многу голем бељаџија сум бил и сум си го барал.
 
Уф, имало тука лемање доста али само овие ми останеле у памтење...

Памтам бев копиљ, 7,8 години негде и нешто искочен пред влез со некој ортак си додаваме со топка и ни се убацуе еден меџу нама што није наш...Сеа демек и он сака да игра со нас али се срами да каже...И ние фино го искулиравме и си продуживме да си играме и овој одеднаш почна да ми вика мене ЦИПИРИПИ (а ја имав една маица со тој дабарот од еурокремот) :)...И ја го трпев, го трпев и пошо беше на 20 метра до мене а ме мрзеше да трчам земање каменот и директива у глава...Дем ит, уште тогаш имав добар шут значи:)....После тоа он иде дома, и се симиња со сестра му и оваа кога ми влепи една циганска, аааааааауууу, сите ѕвезди сум ги видел...После испадна дека дечкото се викал Ваљон, од Косово беше доен на 4,5 месеци и после тоа одеднаш го снема...Не е од родител ова, али исто ко да е ...:)

Друга ја запамтив од татко ми кога бев негде 6,7 одделение...Таков , по цел ден на кош у школски, памтам беше недела и ја излезен од дома у 11 сабајле а тоа више стигнало 6 вечер...Пролет беше, пукаше убаво време и колку и да сакаш да си идеш дома пак си викаш у себе Дај да изиграм уште една партија...И глеам ја одеднаш пред школски со кола дошол стариот мој, а ја живеам на 300 метри од школото така да не видов причина зашто дошол со кола :)...И не му допуштив да дојде он до мене пошо знаев што ме чека , него ја тргнав да си идам , ја забораив и топката и јакната и све, глеав само да не ме усрами пред друштвото. :)..И влегување у кола и почнување со шамарање, па искачање од кола и малце клоци , па дома уште малце шамарање...

Тоа е тоа,сеа сум попаметен барем :)
 
Никогаш родителите не ме удриле, понекогаш ме карале, ама да ме зашамарат никогаш .
неможам и да ги замислам да ме тепаат мене или сестра ми, бидејќи се прилично смирени луѓе.
 
Кога бев мала незнам колку години точно мислам 7,кога требаше да одиме кај дедо ми на Василица,направив проблем околу косата.Не сакав да се чешлам,и каква и фризура да ми направеа не ми се бендисуваше,и околу 1 час се расправавме за тоа и татко ми ми рече дека нема да одам на Василица а јас се влечев по нив со бушава коса најпосле на татко ми не му преостана ништо и ми удри две три клоци и една шлапаница и останав дома со сестра ми :pos2::pos2: Незнам како ме трпеле... :kesa:
 
ја фрлив сестра ми од педалинка (имат 8 години) и добив добри шамари од мајка ми
 
го удрив едно дете многу помало од мене со камен вгла...ајде ќотек ќотек шо сум јал.....кај од мојте и од татко му на детето...
 
мајка ми еднаш ме има мавнато и тоа воооооопшто не бев крива.. Јас никогаш не спијам попладне.. и еден ден во 6то одд ми се чини беше јас си дојдов од на школа и си легнав на кревет во мојава соба и затоа што мојот кревет беше веееечно неуреден јас не ни се гледав од ќебиња јакни блузи фармерки најлони енд стаф... и мајка ми дојде од на работа и ме барала ме барала на брат ми му се јавила на татко ми , за малце и полиција ќе викнела.. И го пуштила брат ми да ме бара низ маало, татко ми да ме бара низ други улици, коа јас станувам сета расположена наспана се протегнувам и велам: добро утрооо:pipi: и тоаш мама цела бледа ко крпа стана од масата од кујната и ми врза два шамари .. и си реков аман веќе... ме расона.. и така по грешка си добив шамариња за ништо...:nesvest::pipi:
 
Еее ми текнаа уште 2 случки :) Едната беше на 5 години... се враќа у 11 вечер татко ми од работа и и вика на мајка ми дај жити се спржи ми јајца... и иде мајка ми глеа у фрижидер две јајца останале, и ги вади да ги испржи, а ја по неа и јајцата пап од земја. онака за инат :jaj: (колку сум бил покварен х)) и татко ми се изнервира, и ми стана и ми врза една ме седна на земја, ама си заслужив :)

Друго шо ми текна, еднаш негде 4то одделение бев, или 3то, знам пред 5то дека беше битно :) требаше за домашна да напишам песна некоја безвезе, и сеа ми вика мајка ми не си више мал не ти пишам ја песни напиши си сам! И ја онаков целиот налутен и викам не пишуем за инат! И она се расправа со мене ја реков добро бе добро. И дремам ко мисир некој така со моливот у рака и не пишуем. И ми вика мајка ми пишувај ќе те тепам! јас си ќутам.Така уште 3-4 пати, и ја и викам неам инспирација! И ко шо седеше позади мене ко ме лупна еднаш ја бацив масата. И ми вика сеа имаш инспирација?? И ја да, да! И напишав песна од дури 4 строфи, и наставничката ми пиша 5ка у тетратка :) Сепак било користно тоа мајката...
 
Оооо порано дома кога ќе фатев со брат ми ќе трчаме по дома ќе се бркаме и слично. Знам се сеќавам еден ден нешо се закачивме, а тој како постар побрз од мене ми бегаше стално и кога земав една играчка ли шо и да беше фрлив по него и кога соборив неколку чаши од маса и подот лом со срчи, а на втор обид една слика соборив што и јас до ден денес не се сеќавам како успеав тоа да го направам. После што беше работата. Доаѓаат мама тато и онака мислиш ќе вртат паричка кој ќе мава ама за среќа не вртеа само мама дојде по гз два пути и после се фатија на чистење. И што беше најтрагично после што и да се напраеше од страна на брат ми, а да не го видеа моите јас пак го јадев стапот. Сега за среќа не сум до толку шфркнат по дома да фрлам со играчки па и плус сеа не смеат да ме чепкаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom