Хммм...за првиот ќотек не се сеќавам. Ама за првиот шамар од татко ми мн.добро се сеќавам. Сама си бев крива. Бевме кај баба ми и дедо ми. Се испокарав со сестра ми за глупости. Татко ми сакајќи да не смири, се замеша малку, а јас и на него се истурив. Милион пати ме замоли да прекинам, нормално да зборуваме, ама јас инает си водев, и по малку драматизирав, така да кога ми залепи една, ѕвездите ги избројав. И место да се смирам, не би била јас ако не издраматизирам. Што ти праи темпераментот ејјј... Станав и решена дома сама ќе си идам. Од Кисела Вода до Ново Лисиче(тогаш таму живеев). А јас 8-9 години. хаха лудача. На крај ме сопре татко ми, убаво разговаравме и ми се извини. Знаев дека не сакаше да ме удри, ама и знаев дека јас ги преминав сите могучи граници.
И вториот шамар што ми го има удрено он, беше неодамна...пред неколку месеци. Почина прабаба ми од Струмица и со мајка ми и баба ми отидовме таму. Ама јас бев само на погребот, и после тоа одма се вратив во Скопје, па со татко ми и сестра ми бевме кај баба ми(на татко ми мајката), која што беше болна. И пак истата приказна, се испокарав за нешто со сестра ми, го изнервирав и него, и го добив вториот шамар. По само 5 мин.дојде кај мене, ми се извини и ми кажа дека е мн. нервозен...баба ми и откриле рак и дека...уште малку...ќе почине

Не можев да ги сопрам солзите...сами паѓаа. Болката од шлаканицата не беше ништо во споредба со тоа. Потоа ме викна баба ми, и ми збореше да не се карам со него. Не и кажуваа, ама знаеше дека умира...Ми збореше дека ме сака, дека сите ме сакаат...а јас само бледо ја слушав. Сакав да ја запамтам таква каква што беше во тој момент...
Тоа беше начиот последен разговор. Една недела подоцна...почина.

Бог да ја прости. А шлаканицата...си ја заслужив!
