Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Во основа јас сум против ин витро. Мислам дека тоа е играње Бог и искрено - не ми се допаѓа. Ама тоа си е мое мислење. Тие што немаат деца со години сигурно би фрлале камења по мене исто како и ти кога би им кажала што мислам.

Како што ти не сакаш некој да ти наметнува нешто што не ти одговара, така и јас не сакам некој да ми наметнува нешто што не ми се допаѓа.

Не може само како едните сакаат.
Ти не разбираш што значи наметнување нешто што не ти одговара. Која граница, бе кои соломонски закони?

Еве ти пример со тоа што го цитирав погоре и да земеме случај во кој:

1. јас сакам ин-витро дете поради тоа што не сум плоден
2. ти не сакаш.

Да земеме случај во кој да речеме ти си „главна“ и одлучуваш за законите.

Поради твоите морални вредности не би дозволила ин-витро поради тоа што се коси со нив. Резултатот е:

1. јас немам ин-витро дете ЗАТОА ШТО НЕМАМ ИЗБОР и не сум задоволен
2. ти исто немаш и не ти прави разлика и си задоволна

Мене ми е наметнато нешто што не ми се допаѓа. Тебе не ти е.

Во вториот случај да речеме јас сум „главен“ и одлучувам за законите.

Поради моите морални вредности (или нивното непостоење можеби некој би рекол) јас би дозволил да може да се избере ин-витро оплодување.

Резултатот е:

1. јас имам ин-витро дете ЗАТОА ШТО ИМАМ ИЗБОР и сум задоволен
2. ти немаш и не ти прави разлика ама си незадоволна оти јас имам!?!?!!

Како јас со тој закон сум ти наметнал нешто што не ти се допаѓа?

Истото важи и за било кој закон кој не се коси со човековите права и слободи. Ти си слободна да ги едуцираш своите деца како што мислиш дека е правилно, но не си слободна да го менуваш општеството да го има само твојот „избор“, затоа што кога нешто е дозволено не е задолжително, а кога е забрането е задолжително, го разбираш ли тој едноставен концепт?
 
Абе види, не сум ти јас крива ако познавањата ти се слични како на овој дотичниот од сликата.
Тука јас не можам да ти помогнам.
Па дотичниот од сликата има големи познавања и е доста начитан од таа област, па дури и треба да му се даде почесен докторат...
 
Истото важи и за било кој закон кој не се коси со човековите права и слободи. Ти си слободна да ги едуцираш своите деца како што мислиш дека е правилно, но не си слободна да го менуваш општеството да го има само твојот „избор“, затоа што кога нешто е дозволено не е задолжително, а кога е забрането е задолжително, го разбираш ли тој едноставен концепт?

Да кажам дека, а следејќи ја темава долго време, точно ова не го разбирам - неспособноста (или пак свесно одбивање) на такозваните про-лајф-за-среќа-на светот-избегнат- абортус субјекти да се прифатаи овој момент. У ствари, мислам дека повеќе се работи за способност-способност за избегнување на реалноста.
Мислам дека ваквите ликови, своите животи ги надополнуваат со фантазиите за спасување на Животот, поконкретно човечкиот живот-ко да е врстава наша на раб на постоење, па ни е битна секоја оплодена јајце-клетка. Во исто време, фокусирајќи се на секоја секс-партија што се одиграва на планетава, го забораваат значењето на оние што се веќе овде. Бидејќи не е фората да си жив-коа си жив, сам си знаеш што ти се обврските према себе (а у случај да не знаеш, прашај у било која црква или џамија, ќе ти кажат), ама док си у фаза на формирање, тогаш мора да е некој тука за да го спречи евентуалното спречување на твоето дооформување-ко ќе излезеш, те чека она претходното. И така до бескрај.

Една цура, во еден претходен пост рече дека многу и било мило што не била абортирана. Многу среќна била овде. Мене искрено, баш ми е мило за вакви примери и, исто така искрено, мене ме исполнуваат со оптимизам и ми внесуваат боја во депресивните моменти. Претпоставувам дека е млада личност, на која и се случиле и и се случуваат убави работи, претпоставувам дека има покрив над главата и луѓе околу себе што ја сакаат и почитуваат-дека така било за неа отсекогаш. Се надевам дека ќе го задржи своето мислење док е жива. Пошо, сакала или не, секогаш постои опасност да го измени.

Сега би прашала, дали е посвоена? Дали го почувствувала моментот на напуштање од нејзината мајка? Дали живеела во дом? Дали била сексуално и психички малтретирана од посвоител (или во најлош случај, од родител)? Дали во животот пружила раче во контејнер? Или се подавала на разноразни перверзни гниди од најрана возраст, за парче леб? Дали некогаш осетила клоца во газ, кога ја фатиле да краде-пак, заради гол живот? Или вруќ шамар, само затоа што некој не можел да ја поднесе во близина?

Али, досадно е веќе да се шамараме со истите прашања.
Ја си знам за што сум. Не верувам во забрани и ограничувања. Верувам во можност за избор. И тоа нема да го смени никој и ништо.
 
На кој начин ќе добиеш ин-витро дете ако не си плоден???? Ако си неплоден, дали „ин-утерус“ или ин-витро... ти не си биолошкиот родител. Или не разбрав добро?!

Значи, пак се враќаме на истото. На моралните вредности. И една година да се „надмудруваме“ ти веруваш во тоа што веруваш, јас верувам во тоа што верувам.

Ако јас се прашувам, не можам да одлучувам како единка за тоа дали треба или не треба да има ин-витро. Некои работи секогаш треба да бидат водени од колективната свест. Ако мнозинството нешто го прифаќа како „ок“ колку и да е другата страна незадоволна, треба да го прифати и почитува тоа. Мојата филозофија е таа. Мислам дека овој вид на размножување е широко прифатен и навистина, дури и поборниците за про-лајф ретко дискутираат за тој неетички момент на убивање куп ембриони при процесот.

Зошто мислите дека некој сака да ви наметне мислење? Не е ли форумот место секој да си го изнесе својот став? Ако јас мислам поинаку не значи дека на некој му се ограничува слободата.
Јас си кажав дека јас лично сум против ин-витро. Што значи дека јас не би го направила тоа. Јас немав деца 8 години. И тоа за себе не сум го разгледувала како опција. Напротив, си реков, ако до 10 години не добиеме дете, ќе посвоиме. За нас тоа беше изборот. За секого е различно.
Нели рековме, слободи има. Секој сам си прави избор.
--- надополнето: 8 јуни 2013 во 16:12 ---

Не знам што подразбираш под „млада“ ама да, јас се сметам за млада иако ја раситнив 40-ката. Во животот ми се има случено и многу арно и многу лошо, ама за мене среќата е состојба на умот, а не на околностите така да се сметам за среќна личност. До пред 2,5 години кажи-речи немав покрив над главата и сум живеела во секакви дупки, од подрум до полуразрушени куќи. Не сум посвоена, а и да сум била what's the big deal? Не сум живеела ни во дом, но семејството во кое пораснав имаше многу строги правила за тоа кога што се прави...нешто како војнички режим, на што сега како повозрасна гледам поблагонаклоно отколку во моите пубертетски години ;)
Овој твој став тука е толку песимистички. Небаре во Сомалија негде, па 98% од девојчињата живеат така. Ти ја посочуваш реалноста на мал број девојки или жени, но реалноста на повеќето не е таква. Зборуваш еве за мене, како јас да сум пораснала со сребрена лажичка во устата, а всушност не знаеш ништо за мојот живот. Дека на пример од 12 години запишан работен стаж јас уствари имам 4 пати повеќе оти сум работела во две смени за да преживеам. Дека сум студирала и работела се и сешто за да опстанам (ама не, не сум се подавала за парче леб!) Тоа ете не ми било никогаш на списокот на „работни места“. Ама сум продавала дребулии на Бит-пазар, сум чистела влезови по згради, сум вртела плескавици на скари, сум разнесувала весници, и молер сум била и дадилка и готвач... сум нашла начин. На крај и директор бев на институција, но тоа е се релативно во животот. Значи, моите избори биле такви какви биле, водени од моите внатрешни убедувања.

И колку пати да ви кажам! Никој не се обидува да ве натера нешто да смените. Почнувам да се прашувам дали форумот треба да постои само едната страна да може да си го каже своето мислење. Што се случи со добрата стара дебата???
 
Па дотичниот од сликата има големи познавања и е доста начитан од таа област, па дури и треба да му се даде почесен докторат...

Да, а врв на неговата мудрост е ,,ма немој да ме јебеш бре,,.
Такво сеопфатно размислување, поткрепено со многу докази и практична примена, едноставно, не сум сретнала кај друга личност.
--- надополнето: 8 јуни 2013 во 18:59 ---
Околу моралот. Очигледно дека е различен. И јас немам намера да ти бидам судија. Затоа човекот има слободна волја. Јас си го кажав моето мислење. Што па ти толку се „запали“?
Во основа јас сум против ин витро. Мислам дека тоа е играње Бог и искрено - не ми се допаѓа. Ама тоа си е мое мислење. Тие што немаат деца со години сигурно би фрлале камења по мене исто како и ти кога би им кажала што мислам. Но - можам да ги разберам. Секој си плаче на својот гроб.
Законот не менува ништо во суштина. Секогаш ќе има жени кои ќе ги фрлаат своите деца и доктори кои ќе примаат „клиентки“ со потреба од план Б. Проблемот е што на овој свет не сте само вие. Значи не има и од оние другите, кои мислиме поинаку. И каде е тука границата? Денес е право да абортирате кога сакате, утре ќе биде право на геј бракови, задутре право на менување пол, па посвојување деца од истополови двојки... Како што ти не сакаш некој да ти наметнува нешто што не ти одговара, така и јас не сакам некој да ми наметнува нешто што не ми се допаѓа.
Разликата е само во моралните стандарди. Ти мислиш на себе. Јас мислам на моите деца и на светот во кој (ќе) мораат да живеат. Некој се бори за „слободи“, друг пак сака да ја задржи традиционалноста. Значи, мора да има некое соломонско решение. Не може само како едните сакаат.
И баш ме интересира, дали си мајка???

Види, немам ништо да имаш ти твое мислење, нормално, и крајно го почитувам, колку и да не се согласувам.
Проблемот настанува, како што веќе кажав, која таквите субјективни мислења (кои не се ништо освен лично доживување на нештото) прераснуваат во форма на закон.
Или, вака - немам против ничија слобода (што сака да прави, мисли..) се додека таа негова слобода не ја попречува мојата.

Понатаму, поддржувам геј бракови, посвојување на дете од страна на еднополови родители, а промената на полот е веќе позната работа.
Но тоа не те тангира тебе, знаеш зошто?

Не сакаш да абортираш - немој.
Не сакаш геј брак - не се жени со друга жена, биди со мажи.
Итн.

Значи ти им ускратуваш на нив нешто, а не тие на тебе.
Да не одиме оф топик, вие про чојзерите, постоите, убаво е сето тоа, не спречувајте другите да прават што сакаат со своите тела. Имајте 1, 10, 40 деца, мое право е ако сакам секој пат кога ќе забременам, да абортирам, се додека нели, матката ми е способна да задржи плод.

Јас немам ништо против твојата традиционалност. Дали некој ти забранува да се мажиш во црква, да бидеш врат на мажот, да бидеш домаќинка, да славиш слави, да се молиш итн?
Но, на оние кои се либерални, им се скратуваат права, како нашиов ,,абортус еднаш годишно,, , ,,не за геј брак,, итн.

Тебе никако не ти е забранета традиционалноста во твојот живот.

А дали сум мајка или не сум, не знам зошто е релевантно на темава?
Не сум мајка, а не сум затоа што не сакам да бидам.
 
На кој начин ќе добиеш ин-витро дете ако не си плоден???? Ако си неплоден, дали „ин-утерус“ или ин-витро... ти не си биолошкиот родител. Или не разбрав добро?!

Значи, пак се враќаме на истото. На моралните вредности. И една година да се „надмудруваме“ ти веруваш во тоа што веруваш, јас верувам во тоа што верувам.

Ако јас се прашувам, не можам да одлучувам како единка за тоа дали треба или не треба да има ин-витро. Некои работи секогаш треба да бидат водени од колективната свест. Ако мнозинството нешто го прифаќа како „ок“ колку и да е другата страна незадоволна, треба да го прифати и почитува тоа. Мојата филозофија е таа. Мислам дека овој вид на размножување е широко прифатен и навистина, дури и поборниците за про-лајф ретко дискутираат за тој неетички момент на убивање куп ембриони при процесот.

Зошто мислите дека некој сака да ви наметне мислење? Не е ли форумот место секој да си го изнесе својот став? Ако јас мислам поинаку не значи дека на некој му се ограничува слободата.
Јас си кажав дека јас лично сум против ин-витро. Што значи дека јас не би го направила тоа. Јас немав деца 8 години. И тоа за себе не сум го разгледувала како опција. Напротив, си реков, ако до 10 години не добиеме дете, ќе посвоиме. За нас тоа беше изборот. За секого е различно.
Нели рековме, слободи има. Секој сам си прави избор.
--- надополнето: 8 јуни 2013 во 16:12 ---

Не знам што подразбираш под „млада“ ама да, јас се сметам за млада иако ја раситнив 40-ката. Во животот ми се има случено и многу арно и многу лошо, ама за мене среќата е состојба на умот, а не на околностите така да се сметам за среќна личност. До пред 2,5 години кажи-речи немав покрив над главата и сум живеела во секакви дупки, од подрум до полуразрушени куќи. Не сум посвоена, а и да сум била what's the big deal? Не сум живеела ни во дом, но семејството во кое пораснав имаше многу строги правила за тоа кога што се прави...нешто како војнички режим, на што сега како повозрасна гледам поблагонаклоно отколку во моите пубертетски години ;)
Овој твој став тука е толку песимистички. Небаре во Сомалија негде, па 98% од девојчињата живеат така. Ти ја посочуваш реалноста на мал број девојки или жени, но реалноста на повеќето не е таква. Зборуваш еве за мене, како јас да сум пораснала со сребрена лажичка во устата, а всушност не знаеш ништо за мојот живот. Дека на пример од 12 години запишан работен стаж јас уствари имам 4 пати повеќе оти сум работела во две смени за да преживеам. Дека сум студирала и работела се и сешто за да опстанам (ама не, не сум се подавала за парче леб!) Тоа ете не ми било никогаш на списокот на „работни места“. Ама сум продавала дребулии на Бит-пазар, сум чистела влезови по згради, сум вртела плескавици на скари, сум разнесувала весници, и молер сум била и дадилка и готвач... сум нашла начин. На крај и директор бев на институција, но тоа е се релативно во животот. Значи, моите избори биле такви какви биле, водени од моите внатрешни убедувања.

И колку пати да ви кажам! Никој не се обидува да ве натера нешто да смените. Почнувам да се прашувам дали форумот треба да постои само едната страна да може да си го каже своето мислење. Што се случи со добрата стара дебата???

Прво, тебе те земав (иако не се надоврзав на твој пост) како покретач на мислата. Воопшто немав намера да ти навлагам у животот, да те анализирам, проценувам и правам било каква слика за твојот (за мене непознат) лик.

Од друга страна, ко сме веќе овде, не знам, пак, како ти не сфаќаш дека не само што се наметнува мислење, туку се наметнува и пракса? Не следиш што се случува у задње време со законот за абортус? Како и да е, мене не ме зачудуваат последниве случувања, пошто неколку години наназад, само на форумов оди континуирана кампања против абортус, проследена со постирање на "потресителни" клипчиња од некои членови, се броеја абортуси годишно, па колку биле легални, колку нелегални; паралелно на тоа низ градот осамнуваа билборди со мајки кои дојат дете, кампањи за многудетно семејство, идиотски спотчиња од типот-твоетео дете ќе те сака онаков каков што си (при тоа поќажувајќи пијано зомби кое тумара низ град и прави разноразни гадости, за на крај да заврши во прегратките на своето слатко детенце)-со цел да се покаже дека иако си шупак и најдолен шљам, во животот можеш да направиш барем нешто добро т.е дете (кое, среќа твоја, ќе те сака онаков каков што си). Исто така долго време се тандрка за тоа како на македончето му прети исчезнување-му се заканува демографска катастрофа, поради што сите треба да се запрашаме: да се прави дете или не?:confused: ...Деновиве, пред да стане актуелно срањево со законот за абортус на мојот ФБ стигна анкета за или против абортус...Ништо не е случајно. Се оди постепено, стрпливо. А знаците, како што кажав со примери, се појавуваа долго пред ова.

Превише си завлегла во детали од животот кои не знам како би придонеле за тоа дали некој би оправдал абортус или не. Ти, драга моја-раситнета-четириесетта си нашла начин. Среќни околности, поголема адаптибилност, оптимизам, шо ја знам, не е битно. Браво за тебе, стварно. Чесен збор, и ја се чувствувам убаво кога ќе прочитам дека некој постигнал толку многу, покрај многу животни превирања (под услов да не си потпретерала малкуцка).

Ја на пример, не знам колку луѓе се самоубиваат неделно во Сомалија, ама во Македонија у последно време, некој рече дека е еден во една недела. По еден возрасен работоспособен граѓанин (и по некој тинејџер) одлучуваат да си го прекратат животот. Дали ти стварно мислиш дека овие луѓе не барале начин за излез? Прашањето е дали државата ја интересира од кои причини нејзините граѓани одлучуваат да се "отселат"-дали е можеби тоа што таа не успева да обезбеди работен ангажман, каде што поединецот, преку работа и творење ќе си дозволи поглед кон поубаво и посигурно утре? Што е тоа што прави граѓаните да се чувствуваат несигурно и изгубено-што е тоа што им ја убива надежта, природната (овде мислам без индоктринација) желба за повеќе деца, за надминување на брачните кризи (читам, имало све поише разводи, а помалце бракови)...го интересира ли некој ШТО е тоа што граѓаните ги втурнува во депресија???

Како што рече, драга моја, остани си со своите убедувања. Ја ќе си седам со моите, сосема мирно-се додека не почнеш да ми го трљаш носот со нив. Тука мислам на некој твој истомисленик.

Иначе, вака се дебатира. На пример, ја барем така мислам, никаде лично не те навредив, само напишав свое мислење. Ја сум за абортус, секогаш кога една жена ќе се одлучи за, од било која причина, без да полага сметки никому. И никој нема право да ја стигматизира како убиец. Да се поправам, може да ја вика како сака, но нека си го подигне вниманието на максимум навечер, коа во касните сати ќе си шепоти со својот животен (или случаен, хе) партнер...да, бе, и на највнимателниот може да му избега некој амбициозен пливач...а еден е доволно...
 
. Ако мнозинството нешто го прифаќа како „ок“ колку и да е другата страна незадоволна, треба да го прифати и почитува тоа. Мојата филозофија е таа.

Дали ако мнозинството одлучи да ти е дозволено само едно дете, а второто со закон да мораш да го абортираш, а ако не го абортираш да гниеш во затвор, ти ќе го прифатиш тоа?

Инаку, дебатираме.
Ама ти си ги прочитала само првите страни од пред неколку години.
И доаѓаш и почнуваш со господови чеда.
Одамна го решивме тоа. Не зборуваме за Господ.
 
Да, а врв на неговата мудрост е ,,ма немој да ме јебеш бре,,.
Такво сеопфатно размислување, поткрепено со многу докази и практична примена, едноставно, не сум сретнала кај друга личност.
--- надополнето: 8 јуни 2013 во 18:59 ---

Да бе цитат боли глава. Башка ликов шо го цитираат е шта да ти причам. Видиш која иронија, некој што е против абортус, ко пример наведува цитат на познат и непоправлив н******н. Уф, бе...:pos:
 
И ти каква си, чоекот е лика и прилика за традиционално, патријахално ориентиран маж. Со силни и длабоки морални и религиозни уверувања.
 
Дали ако мнозинството одлучи да ти е дозволено само едно дете, а второто со закон да мораш да го абортираш, а ако не го абортираш да гниеш во затвор, ти ќе го прифатиш тоа?

Инаку, дебатираме.
Ама ти си ги прочитала само првите страни од пред неколку години.
И доаѓаш и почнуваш со господови чеда.
Одамна го решивме тоа. Не зборуваме за Господ.

Не би прифатила. Ќе се борам за неговиот живот исто како што вие се борите за правото да го прекинете.

И арно де. Не знаев дека за да искоментирам требало да ги прочитам сите 320 страни од темата o_O . Толку време немам. Прашањето беше дали (вие) оправдувате абортус. И тоа што не го оправдувам некои тука ги гневи до степен на некултура и простотилак!
 
На твојата дрскост стварно и нема крај, мислев ќе прекине некогаш...
Дај кажи ми каде Freedom спомна цркви и господови чеда? И дали ако си атеист автоматски треба да се подржува абортуси, педери, хомо бракови и посвојувања, педофили, зоофили и шоти ја знам какви ли не перверзнофили...и обратно?
 
Натке, како и да е, не гледам ниту една причина тебе нешто да ти објаснувам.
Ако ти гледаш, де произнеси се.
--- надополнето: 8 јуни 2013 во 21:08 ---
Не би прифатила. Ќе се борам за неговиот живот исто како што вие се борите за правото да го прекинете.

И арно де. Не знаев дека за да искоментирам требало да ги прочитам сите 320 страни од темата o_O . Толку време немам. Прашањето беше дали (вие) оправдувате абортус. И тоа што не го оправдувам некои тука ги гневи до степен на некултура и простотилак!

Немој, те молам, требаше со солзи во очите да ракоплескаме на твоето мислење.
Никој не те навреди на никаков начин, укажувањето на нелогичностите и грешите, не ги прави другите некултурни и прости :)

Е зошто да не прифатиш? Нели малцинството треба да се навикне на мнозинството и неговите правила?
 
Оправдувам абортус.
Сметам дека секој што не е подготвен да биде родител, не треба да биде, особено ако се работи за малолетна личност.
Детето не е дрво да го садиш и да си расте.
Велат дека абортусот е убиство. Можеби. Но каков е тој живот што ќе го живее детето на родители кои не знаат што со себе, а не со детето.
Имав една колешка - понестабилна особа, здравје! Ама роди две деца, оти мерак имала мајка да биде! :facepalm:
Се опиваше како нездрава и завршуваше в кревет со првиот што ќе и каже дека е убава.
 
И, замисли, општеството третира таква крава ко почоек од некоја што ќе се одлучи за абортус...

Иначе и ја знам една слична, што детето си го дигаше на клоци на јавни места и нагалено му се обраќаше со педерче (иако детево имаше само 3 години), али мУментот кога раѓала и бил нај нај момент нај нај на светот...да, и оваа бидна со две деца (кој знае, можда до сега е со три).
 
На кој начин ќе добиеш ин-витро дете ако не си плоден???? Ако си неплоден, дали „ин-утерус“ или ин-витро... ти не си биолошкиот родител. Или не разбрав добро?!
На пример имам замрзнато сперма пред да станам неплоден како резултат на кастрација, ете како.

Значи, пак се враќаме на истото. На моралните вредности. И една година да се „надмудруваме“ ти веруваш во тоа што веруваш, јас верувам во тоа што верувам.
Ако јас се прашувам, не можам да одлучувам како единка за тоа дали треба или не треба да има ин-витро. Некои работи секогаш треба да бидат водени од колективната свест. Ако мнозинството нешто го прифаќа како „ок“ колку и да е другата страна незадоволна, треба да го прифати и почитува тоа. Мојата филозофија е таа. Мислам дека овој вид на размножување е широко прифатен и навистина, дури и поборниците за про-лајф ретко дискутираат за тој неетички момент на убивање куп ембриони при процесот.
Оо колку ова не е точно! Само еден пример, да си ставела на гласање во 60тите дали црнците треба да ги добијат правата за интегрирање во сојузните држави каде што тие права ги немале како Мисисипи или Тексас, мнозинството (составено од белци) би гласало спротивно. Црнците треба да го прифатат тоа и да седат на газот и да бидат угнетувани? Ти кога би била црнка пред 60тите тоа туку така бескичмењачки би прифатила да бидеш гледана како поединец од втора класа како што тврдиш при оваа филозофија? Филозофијата на колективно размислување не функционира при угнетување на индивидуалните права.

Зошто мислите дека некој сака да ви наметне мислење? Не е ли форумот место секој да си го изнесе својот став? Ако јас мислам поинаку не значи дека на некој му се ограничува слободата.
Јас си кажав дека јас лично сум против ин-витро. Што значи дека јас не би го направила тоа. Јас немав деца 8 години. И тоа за себе не сум го разгледувала како опција. Напротив, си реков, ако до 10 години не добиеме дете, ќе посвоиме. За нас тоа беше изборот. За секого е различно.
Нели рековме, слободи има. Секој сам си прави избор.
Јас се фатив за ин-витрото како споредба со абортусот. Кога би немало избор односно кога абортусот би бил забранет како би бил направен тој избор како ти што овде тврдиш за ин-витрото?

Никаде не прочитав дека го поддржуваш индивидуалното право на секоја личност да избере абортус. Никаде не прочитав дека иако длабоко не се согласуваш со нечиј избор сепак нема да се дрзнеш да му објаснуваш како да живее или што да избере, туку ќе си гледаш во сопствениот двор. Никаде не прочитав дали никогаш не би поддржала иницијатива која што би овозможила угнетување на индивидуалните избори на поединците како што е изборот на абортус. Доколку не сум во право, навистина се извинувам и секако дека имаш право да осудиш нечија постапка на форум или јавно место затоа што се чувствуваш на определен начин, но не смееш да си дозволиш емоцијата да се претвори во легислатива.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom