Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Ако некоја роди онда нека не се жали ако не го гледал и не помагал во одгледувањето ;)

Нема потреба она да се жали. Законот ќе му наложи да „помогне во одгледувањето“
 
Нема потреба она да се жали. Законот ќе му наложи да „помогне во одгледувањето“

Ме заболе мене за законот....нема да го признаам и крај приче.Нек му пишува татко кој сака....Исус Христос нека му стои во изводот дека му е татко.

Ако немам никакво право во да учествувам во одлуката дали да се роди или не, со кое право и образ има нешто да прашуваш после да помагам за тоа дете ?
 
Кој дел од „законот ќе му наложи“ те збуни?
Еве, да ти разјаснам - ти не сакаш да го признаеш, она те дава на суд, судот налага тест за утврдување на татковство, па онда налага „помош во одгледување“
Појасно е?
 
Ама она ќе абортира... :place:
 
Кој дел од „законот ќе му наложи“ те збуни?
Еве, да ти разјаснам - ти не сакаш да го признаеш, она те дава на суд, судот налага тест за утврдување на татковство, па онда налага „помош во одгледување“
Појасно е?

Абе не можеш да ме натераш ни денар да ти дадам бе....
Нека ме натера суд,ни прв ни последен што денар не дал и покрај судот ќе бидам....
Нека се преврти светот ни денарче нема да добие.
А што ако не сакам да имам старателство ?

Мажот можеш да го тераш да биде родител,а жената не ?
Кога треба да се одлучува само жената тоа да го прави,а кога треба да се одгледува,да се даваат пари мора и таткото.....
 
Абе не можеш да ме натераш ни денар да ти дадам бе....
Нека ме натера суд,ни прв ни последен што денар не дал и покрај судот ќе бидам....
Нека се преврти светот ни денарче нема да добие.

Не сакам да го признаам,не сакам да се роди или ако се роди не сакам да сум му татко ?
Мажот можеш да го тераш да биде родител,а жената не ?
Кога треба да се одлучува само жената тоа да го прави,а кога треба да се одгледува,да се даваат пари мора и таткото.....

Уште ако е женско, двојно си „ебан“ :)
 
Треба да се праша и мажот. Што доколку мажот сака да го има детето кое го створил???
Нека си го роди сам ;)
Интересни прашања но немам одговор на нив освен да препорачам да го погледате филмот Кабаре
http://en.wikipedia.org/wiki/Cabaret_(film)
 
Абе не можеш да ме натераш ни денар да ти дадам бе....
Нека ме натера суд,ни прв ни последен што денар не дал и покрај судот ќе бидам....
Нека се преврти светот ни денарче нема да добие.
А што ако не сакам да имам старателство ?

Мажот можеш да го тераш да биде родител,а жената не ?
Кога треба да се одлучува само жената тоа да го прави,а кога треба да се одгледува,да се даваат пари мора и таткото.....

У реду е, фраеру, смири се. Покажа мушкоста? Браво, рачунај дека те тапшам по рамо.

Ова шо го пишуваш само иде у корист на про чојс муабетите. Фала. Убаво е кога ќе се прикажат работите низ призма на реалноста ;)
 
Фала за тапшањето по рамо :rolleyes:

Убаво те прашувам зашто само мажот да можеш да го натераш да биде родител ?
Што ќе се онда двата родитела ако само едниот го има исклучивото право да одлучува ?
Едниот одлучува,нека го гледа едниот само детето....
 
Нема проблем, во секое време :X3:

Како мислиш, само мажот да го натераш? И жената има законска обврска да се грижи за детето, исто како и мажот. Ако и двајцата не сакаат дете има опција абортус или оставање на детето во дом.
Муката е во тоа што ако се забрани абортусот, онда жената секако раѓа, а мажот може да си се понаша онака како што опиша ти во претходниот пост. Што правиме тогаш? Или тогаш се е ок, пошто вие (мажи) не сте засегнати од проблемот?
 
Строго против Абортусот!!!

Ако немаат услови да го одгледуваат детето нека го дадат на посвојување на некои (барем денес кандидати за посвојување има колку да сакаш). Или пак нека го дадат во дом.

Не може да се каже Абортусот е Право на жената!

Треба да се праша и мажот. Што доколку мажот сака да го има детето кое го створил???

Како што ти кажаа, нека си го роди сам.
А во однос на првата реченица, ме разочара.
--- надополнето: 6 јуни 2013 во 01:00 ---
Абе не можеш да ме натераш ни денар да ти дадам бе....
Нека ме натера суд,ни прв ни последен што денар не дал и покрај судот ќе бидам....
Нека се преврти светот ни денарче нема да добие.
А што ако не сакам да имам старателство ?

Мажот можеш да го тераш да биде родител,а жената не ?
Кога треба да се одлучува само жената тоа да го прави,а кога треба да се одгледува,да се даваат пари мора и таткото.....

Она не може, државата може. И ќе те натера, ако има судска одлука.
И да не даваш ти, сами ќе ти земат.

Настрана од тоа, се согласувам со тебе за едно нешто, иако законот не е баш таков :)

Лично би одредила еден ваков член по закониве - во случај жената да сака да роди, потребно е нотарски заведено оти тој се согласува со раѓањето на детето и сака да го одгледува. Без тоа пемпеле, тој е ослободен од сите обврски.
Од ова би ги исклучила само оние кои се во брак, оти малце е подруго кога е брак во прашање.

Значи, лично јас, никогаш не би наметнала дете некому. Не би натерала да биде татко, ниту па со бременост некого би задржувала до себе. Знам дека многу жени го прават тоа, и е многу погрешно.
Но сега за сега, можеме да ги обвинуваме само ради прекршување на морални правила, законски, сосема си се во ред. Затоа што единствен начин да спречиш бременост сигурно, е апстиненција.
 
http://www.globusmagazin.com.mk/?Ite...CEB09363B6676C
Интересно прашање за дискусија

Филипијада: Што ако мајка му на Груевски абортираше?

Во едно блиско минато, кога можевме да се наречеме некаква либерална држава на стаклени ногарки, уживав во моментот на колку-толку привлечното чувство на слободата. Во поддршка на припадничките на понежниот пол бев револтиран при започнување на било каква дискусија за било каква интервенција во законот за абортус. Но, со текот на времето, со текот на брзата и навидум безболната промена на де факто демократското државно уредување сфатив дека демократијата и сите активности кои следуваат од неа се многу опасни.

Најпрвин си помислив што ќе се случеше доколку мајката на моментално најпопуларниот политичар и лидер во Македонија и мајката на неговиот опозициски пандан ја прекинеа бременоста. Тогаш неразвиените ембриони дали спонтано или намерно немаше да добијат шанса да се приклучат на овој позитивно и негативно зафркнат свет. Да, тоа ќе беше страшно искуство. Денес немаше да имаме "Жртви од приватизацијата" кои протестираат пред Собрание во револт кон личноста која не се наоѓа ниту во непосредна близина на споменатата институција, напротив, ќе имавме "Жртви од капитализмот" кои својот револт ќе го искажуваа во локалните кафеани во урнебесни дискусии сеќавајки се на добрите стари денови од социјализмот.

Арамиската "А1" се' уште ќе зрачеше во етерот, а Македонија сериозно ќе ја запоставеше античката историја, која Грција без било какви потешкотии, бесрамно ќе ни ја украдеше. Обама немаше да му намигне на Иванов, немаше да гледаме гладијаторска битка пред и во собраниските простории во HD резолуција, ниту пак ќе учествувавме на брзиот и краток процес на "барок-ација" и "кич-ерација". Гледате ли што може да создаде еден, всуштност два абортуси?

Иронијата не ни бега, но во оваа моја чудесна земја се е возможно, па не е чудно и да очекуваме дека во некој од наредните денови на Македонската Радио Телевизија ќе осамне видео запис насловен како "Што ако мајката на Груевски абортираше, размисли пред да одлучиш! Иднината е во твои раце!". Токму тоа и се прашувам овие последни денови, "Што ако мајката на Груевски абортираше?". Веројатно ќе се најдеше некој пандан на него кој исто ќе го сакавме и мразевме, но речиси сум сигурен дека немаше да размислува за создавање на нови објекти во архитектура која одамна станала демоде и немаше градот кој порано се гордееше со својот дух, денес странците да го нарекуваат Лас Вегас, кој впрочем е град на кичот.

Вакви умови само еднаш се раѓаат.

Исто така сум сигурен дека никој друг, освен Груевски не би се обидел да го менува македонскиот образовен систем во основните и средните училишта. Не би се осмелил да направи хибрид од еден образовен систем кој што се базира на континуитет, односно учење и соодветно оценување во текот на двете полугодија од учебната година со еден западен систем кој што е базиран на учење во текот на три полугодија, од кои конечната оценка е од третото полугодие и годишниот тест. Се работи за две контрадикторни концепции, кои ние и само ние се обидуваме да ги соединиме во еден хибриден збунувачки образовен систем.

Голем дел од македонскиот законик денес ќе беше различен, можеби веќе ќе бевме членка на Европската Унија и НАТО, кој знае...

Многу работи ќе беа различни, но доколку се навраќаме кон минатото и ја забораваме иднината ќе бидеме само бледа копија на владините послушници. Факт е дека мајката на Груевски не абортирала и ние треба да се соочиме со последиците од тоа, да се соочиме со сите негативности и да ги поздравиме сите позитивности кои ги создава неговото присуство на овој свет, во општествено-политичкиот живот и во животот на секој од нас поединечно.

Треба да научиме да се спротиставиме на одлуките на овој и секој нареден систем кој не ни се допаѓа, односно кој работи против нашите интереси, бидејќи политиката постојано ќе раѓа нови идеи кои во почетокот требале да бидат абортирани, но за жал се родиле и продолжиле да се развиваат. Тоа се идеите на малиот процент на луѓе од бизнис и политичката елита, тоа се идеите на оние кои јас милувам да ги нарекувам луѓе-пари, кои смислата на животот ја гледаат во создавање на финансиско богатство.

Деновиве се актуелни масовните демонстрации во Турција против насилниот режим на Ердоган. Една мала група на луѓе излегува на протест против уништувањето на единствениот парк во Истанбул, каде е предвидена изградба на трговски центар. Луѓето се брутално растурени од страна на полициските единици, при чија интервенција една девојка го губи својот живот. Како реакција на тоа илјадници граѓани илјадници спортисти, актери, интелектуалци излегуваат да го искажат својот револт. Тоа што Турција ја прави голема држава, тоа што Турција ја прави различна од останатиот свет на Блискиот Исток и тоа што Турција ја прави поевропска држава од Македонија и останатитите "Заспани убавици" од регионот е свеста на граѓаните, свеста на народот дека нешто не чини, дека нештата треба да се менуваат и дека најмоќниот субјект во една држава е токму народот.

Дојдовме до степен да им завидуваме на Турците во либералните ставови и постапки. Се прашувам дали веќе го достигнавме дното, или уште ќе тонеме. Правото на жената да одлучи дали на светот ќе донесе нов живот се загрози, Уставниот суд одлучи дека законски праведно е да плаќаме нешто што не го ни користиме, а младите секојдневно губат надеж дека на тлото на оваа држава и во прегратките на ова општество ќе успеат да најдат топол дом и било каква платформа за креативно изразување. Толку многу работи се случија во Македонија, а на улиците и пред институциите излегоа само неколку стотици граѓани и веќе препознатливите претставници на невладиниот сектор за да го искажат својот револт. Целиот тој процес е еден циклус кој постојано се повторува, се вжештува атмосферата дека ќе се протестира, се собираат неколку стотоци граѓани, во најдобра рака, и после неколку обиди се растураат како ништо да не било.

Таква е нашата реалност, секојдневно се жалиме, а кога ќе дојде време за акција се криеме во глувчешка дупка. Додека ние мирно го живееме немирниот живот, владините мегафони живеат во ренесанса. Но, запомнете, фактот дека владините послушници се многу посреќни од вечните опозиционери не е ништо подалеку од поентата на фактот дека пијан човек е посреќен од трезен човек.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom