white_eagle
: : stuck in void : :
- Член од
- 21 јануари 2008
- Мислења
- 953
- Поени од реакции
- 716
Ти не разбираш што значи наметнување нешто што не ти одговара. Која граница, бе кои соломонски закони?Во основа јас сум против ин витро. Мислам дека тоа е играње Бог и искрено - не ми се допаѓа. Ама тоа си е мое мислење. Тие што немаат деца со години сигурно би фрлале камења по мене исто како и ти кога би им кажала што мислам.
Како што ти не сакаш некој да ти наметнува нешто што не ти одговара, така и јас не сакам некој да ми наметнува нешто што не ми се допаѓа.
Не може само како едните сакаат.
Еве ти пример со тоа што го цитирав погоре и да земеме случај во кој:
1. јас сакам ин-витро дете поради тоа што не сум плоден
2. ти не сакаш.
Да земеме случај во кој да речеме ти си „главна“ и одлучуваш за законите.
Поради твоите морални вредности не би дозволила ин-витро поради тоа што се коси со нив. Резултатот е:
1. јас немам ин-витро дете ЗАТОА ШТО НЕМАМ ИЗБОР и не сум задоволен
2. ти исто немаш и не ти прави разлика и си задоволна
Мене ми е наметнато нешто што не ми се допаѓа. Тебе не ти е.
Во вториот случај да речеме јас сум „главен“ и одлучувам за законите.
Поради моите морални вредности (или нивното непостоење можеби некој би рекол) јас би дозволил да може да се избере ин-витро оплодување.
Резултатот е:
1. јас имам ин-витро дете ЗАТОА ШТО ИМАМ ИЗБОР и сум задоволен
2. ти немаш и не ти прави разлика ама си незадоволна оти јас имам!?!?!!
Како јас со тој закон сум ти наметнал нешто што не ти се допаѓа?
Истото важи и за било кој закон кој не се коси со човековите права и слободи. Ти си слободна да ги едуцираш своите деца како што мислиш дека е правилно, но не си слободна да го менуваш општеството да го има само твојот „избор“, затоа што кога нешто е дозволено не е задолжително, а кога е забрането е задолжително, го разбираш ли тој едноставен концепт?