Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Пред некое време читав интересна пресуда на европскиот суд за човекови права ама сега е доцна да барам по папирите па ке се обидам да го раскажам случајот.
Девојка од Англија добива некоја болест на јајниците и истите треба со операција итно да се одстранат со што веке не ке може да има свое дете.
Единствена можност е додека не се извадени јајниците да се земат јајце клетки од неа и истите да се оплодат со сперма од партнерот и така да се ,,замрзнат,, се додека не помине операцијата и девојката не оздрави како би можело ембријонот да се вметне во неа и истата да си роди дете.
Партнерот (не се во брак) се согласува и така е направено односно се замрзнати ембриони.
Подоцна одкако јајниците се извадени а ембрионите сеуте не се вметнати во девојката се случува раскин на врската и партнерот бара од болницата ембрионите да се уништат на што девојката не се согласува бидејќи тоа и е последната можност да има биолошки свое дете.
Аргументите на партнерот се дека тој не сака да биде татко а аргументите на девојката се дека тој претходно се согласил да биде татко и на неа тоа и е последна шанса.
Судот во Англија пресудува дека ембрионите треба да се уништат бидејќи за раѓање на дете треба да има согласност од двајцата родители.
Девојката поднесува тужба до европскиот суд........................
Што мислите, кој е во право, кој тука треба да избере?

Ај прво ти кажи си што мислиш за пресудата на Европскиот суд за човекови права.
 
Ај прво ти кажи си што мислиш за пресудата на Европскиот суд за човекови права.
Европскиот суд ја потвдил пресудата на Англиските судови дека неможе без согласност некој да стане татко.
Тешко ми е да изградам категорично мислење за овој случај како што верувам дека му било тешко и на судовите кои решавале. Нема одлука која ке може да се одбрани од сите аспекти. И двајцата се во право така што кога јас би судел во тој случај би се раководел од тоа какви последици ке предизвика конкретната одлука. Ако се одлучи во корист на машкото ке се уништат ембрионите и завршува се, девојката никогаш повеке нема да може да биде биолошка мајка. Ако се пресуди во корист на девојката тогаш како последица на таа одлука ке имаме дете или деца и една среќна мајка. Живот наспорти празнина, живот наспроти курчење со правото да се предомислиш. Одговорност за постапките наспроти неодговорност, обзириност кон другите наспроти необзирност. Ако ембрионите се уништат девојката губи многу повеке одколку што би бил ,,повреден,, дечкото ако ембрионите не се уништат. Јас, спротивно на одлуката на судот, по принцип на правичност би пресудил во корист на девојката. Господинот кога потпишал и дал своја сперма знаел дека тоа на девојката и е последна шанса и како одговорен човек требало да има во предвид дека во меѓувреме врската може да пукне и крај карева нека покаже машкост нека биде маж исто како што и жената треба да покаже женскост, да биде жена.
 
Feast your eyes boys and girls! :-)))))

970757_10151728644492150_1667214520_n.jpg
 
Пред некое време читав интересна пресуда на европскиот суд за човекови права ама сега е доцна да барам по папирите па ке се обидам да го раскажам случајот.
Девојка од Англија добива некоја болест на јајниците и истите треба со операција итно да се одстранат со што веке не ке може да има свое дете.
Единствена можност е додека не се извадени јајниците да се земат јајце клетки од неа и истите да се оплодат со сперма од партнерот и така да се ,,замрзнат,, се додека не помине операцијата и девојката не оздрави како би можело ембријонот да се вметне во неа и истата да си роди дете.
Партнерот (не се во брак) се согласува и така е направено односно се замрзнати ембриони.
Подоцна одкако јајниците се извадени а ембрионите сеуте не се вметнати во девојката се случува раскин на врската и партнерот бара од болницата ембрионите да се уништат на што девојката не се согласува бидејќи тоа и е последната можност да има биолошки свое дете.
Аргументите на партнерот се дека тој не сака да биде татко а аргументите на девојката се дека тој претходно се согласил да биде татко и на неа тоа и е последна шанса.
Судот во Англија пресудува дека ембрионите треба да се уништат бидејќи за раѓање на дете треба да има согласност од двајцата родители.
Девојката поднесува тужба до европскиот суд........................
Што мислите, кој е во право, кој тука треба да избере?

Можеле да извадат само јајце клетки, и да не ги оплодат.
Односно, нејзините јајце клетки би биле оплодени од друг донатор.

Јас гласам за мажот. И во матично се согласуваш да стапиш во брак, и имаш право да се предомислиш.
 
Мислам дека мажот згрешил. Требал да биде похуман и да рече нека роди. Сепак тие порасно биле во љубовна врска
 
Не се согласувам, од старт направиле грешка.
Не се разбирам многу во медицина, ама да замрзнеш ембрион и да оживее, не знам колку е можно, но ајде да речеме ембрион бил.
Да била оваа паметна (а и тој) ќе замрзнеле јајце клетки, и во иднина можеле да ги оплодат.

Детето не може да биде ,,чин на хуманост,,.
На пример оваа, може сега да посвои. И да биде хумана.
--- надополнето: 2 јуни 2013 во 12:40 ---
Инаку, го најдов случајот на Вики, повелеле http://en.wikipedia.org/wiki/Evans_v_United_Kingdom
--- надополнето: 2 јуни 2013 во 12:43 ---
Поука од приказнава - никогаш никому не верувај целосно, и башка никогаш не викај никогаш.
Forever after, не мора да е баш така.
И прај си план Б, за секој случај.
 
Не се разбирам многу во медицина, ама да замрзнеш ембрион и да оживее, не знам колку е можно, но ајде да речеме ембрион бил.

Јајце клетката се оплодува со сперматозоид и после се смрзнува.
Така оплодена и смрзната може да „чека“ 5-10 години.

Се прави и во МК. Ништо комплицирано.
 
Јајце клетката се оплодува со сперматозоид и после се смрзнува.
Така оплодена и смрзната може да „чека“ 5-10 години.

Се прави и во МК. Ништо комплицирано.

За мене е комплицирано :)
Сепак фала што објасни.

Инаку, дали тоа важи само за јајце клетката?
Затоа што како би функционирале ,,банките за сперма,, ако на сперматозоидот итно му треба јајце клетка?
Може глупо ти звучи прашањето, ама навистина не знам.
 
Се може да се замрзне, зависи што сакаш. И сперматозоиди, и јајце клетка и ембрион. Секое си носи различни предности и негативности. Најголеми шанси за успех има ембрионот.
 
Се може да се замрзне, зависи што сакаш. И сперматозоиди, и јајце клетка и ембрион. Секое си носи различни предности и негативности. Најголеми шанси за успех има ембрионот.

Што значи можеле да работат на план Б.
Сега веќе немам ич сомнежи, таткото е во право :)
 
Што значи можеле да работат на план Б.
Сега веќе немам ич сомнежи, таткото е во право :)

Испушташ многу битна работа. Случката е од 2000 година.
Смрзнувањето на јајце-клетки е модерна техника :)
 
Испушташ многу битна работа. Случката е од 2000 година.
Смрзнувањето на јајце-клетки е модерна техника :)

Види, не е лесен изборот, но во овој случај сепак сум за него.
Од причина што, ако ембрионот бил во неа, веќе не би имал право да одлучува.
Во овој случај, бил на пат до неа, но не и во неа.

Подобро да спречиш, него да лечиш :) :)
Не и е лесно ни на неа, но сепак, прелудо е да форсирам некого да му родам деца, макар и после тоа да не можам да имам.
Подобро да немам, него едвај да ги имам.
 
Нешто во животот сакам или НЕ сакам. Тука почнува и завршува објаснувањето. Не е воопшто тема на муабет ако има медицински или други посебни причини... Не сум ретардирано суштество за некој да ме насочува/укажува/наметнува или што и да е, а врзано со мене, моето тело и мојот иден живот.
Другар Никола, бркај работа, гледај си ја спалната и не чачкај кај што е во најмала рака вулгарно да се мешаш!
 
Строго против Абортусот!!!

Ако немаат услови да го одгледуваат детето нека го дадат на посвојување на некои (барем денес кандидати за посвојување има колку да сакаш). Или пак нека го дадат во дом.

Не може да се каже Абортусот е Право на жената!

Треба да се праша и мажот. Што доколку мажот сака да го има детето кое го створил???
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom