A
AnFem
Гостин
Чуда има само во бајките, драга моја анархистке![]()
А Исус кога воскреснал?
Нема чуда, има изненадни ситуации.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Чуда има само во бајките, драга моја анархистке![]()
Кога ќе прочитам такви како тебе може и ќе сменам мислење за темата.И ти си збир клетки, и тоа способни да се логираат овде, ама галиба не повеќе од тоа.
Ќе си родам 10на 50 години ако треба
и пак ќе сум со истиот став
На пример второто дете ми беше непланирано ете се појави изгубив работа, станавме зависни од моите од неговите и не беше лесно - точно го памтам местото на паркетот кај што плачев со саати. Ама не можам да преминам преку фактот дека ако ја прекинев бременоста ќе ја убиев неа колку и да си се тешам нема човек таму - човек е, еве ја има чудни навики да биде почиста од мене и чуден карактер, многу сака да се гушка и да се смее на глас - значи имало човек таму во моментот кога некој ми сугерираше дека не е човек извади го, што било тоа што ќе го фрлев ако не била ќерка ми? Како може некој да каже не е човек. Едно е да кажеш тоа е мое право легално е и го спречив да живее за јас да живеам, друго е да живееш во заблуда дека немало човек.
Може сум чудна ама повеќе го оправдувам убиството во афект од абортусот - за да убиеш возрасен човек во афект значи дека до толку ти го загрозил животот, а за да го спречиш животот на сопственото дете - зошто? На крајот од краиштата животот ни го отежнуваат возрасните а не децата.
Па од кај знаеш дека е збир на клетки не осеќа ништо? Еднаш велиш појма немам како изгледа фетус (ама ете дека сите така велат и јас сум ЗА, да не бидам шупак) друг пат велиш :„ И онака плодот претставува само збир на клетки нема ни свест ни ништо„ Де сега ако сакаш кажи ми кој се твоите цврсти ставови кои ти зад нив стоиш? А за тоа „нејзино тело и што сака нека прави„ ок е, нека си продаде бубрег, нека си стави силикони, нека си промени пол... се додека во неа не почне да чука друго срце, друг живот, што нејзиното телото служи како инкубатор. Уфф милион пати реков нема да пишувам веќе на темата, ама не издржува срце јуначко![]()
п.с. уште еднаш ако ми кажеш дека бранам црковни ставови, коа ке те замавам со кандилото...
Тоа велам се што е лично нејзино нека продава, вади менува...ама штом посегнеш рака кон друго тело е веќе кривично, така и фетусот е друго тело, посебно срце, бубрег, мозок, пол итн. Не е брадавица да израсне па да си го носиш цел живот, или ако ти смета да го отстраниш, тоа е тело кој после 9 месеци станува човек и води свој живот, свои карактеристики, навики маани итн.Па види сега и продавањето на бубрег(доброволно значи) си е лично право на човекот(донорот), па и ставањето на силикони и тоа си е апсолутно лично право на секоја една жена ... е сега мењавањето на пол(лично право е да) но тоа е стварно бљак работа и несакам да коментирам околу тоа !
Тогаш, брат, 90% од луѓето немаше никогаш да се родат.....Лично сметам дека доколку бременоста е непланирана и неочекувана(поради ххх причини) подобро е и за мајката како и за таткото(оплодувачот) и општо за сите да биде прекината навремено ... лично мислење значи кое не го наметнувам на никого !
Тогаш, брат, 90% од луѓето немаше никогаш да се родат.....![]()
Родено по секоја цена... никого не можеш да го натераш на ништо ако не сака со сила можеш да земеш со сила не можеш да дадеш.
Ама кога ќе ја видиш големата слика најдобро за сите е да има еден човек плус, најдобро за сите е да се сочува животот. Инаку нештата секако нема да тргнат како што сме планирале па што ако не е планирано. Кога ти се остварил некој животен план?
Ќе си родам 10на 50 години ако треба
и пак ќе сум со истиот став
На пример второто дете ми беше непланирано ете се појави изгубив работа, станавме зависни од моите од неговите и не беше лесно - точно го памтам местото на паркетот кај што плачев со саати. Ама не можам да преминам преку фактот дека ако ја прекинев бременоста ќе ја убиев неа колку и да си се тешам нема човек таму - човек е, еве ја има чудни навики да биде почиста од мене и чуден карактер, многу сака да се гушка и да се смее на глас - значи имало човек таму во моментот кога некој ми сугерираше дека не е човек извади го, што било тоа што ќе го фрлев ако не била ќерка ми? Како може некој да каже не е човек. Едно е да кажеш тоа е мое право легално е и го спречив да живее за јас да живеам, друго е да живееш во заблуда дека немало човек.
Може сум чудна ама повеќе го оправдувам убиството во афект од абортусот - за да убиеш возрасен човек во афект значи дека до толку ти го загрозил животот, а за да го спречиш животот на сопственото дете - зошто? На крајот од краиштата животот ни го отежнуваат возрасните а не децата.
Немој да ги судиш луѓето пред да знаеш зошто постапиле како што постапиле.
Ако гледаш така може да биде и на другата страна од паричката, може да биде сериски убиец, силувач, дилер на дрога, корумпиран политичар итн. така да не ти пали многу теоријата.На вакви теми, оние кои се за абортус секогаш го земаат силувањето и менталните болести како причина.
Ај да тргнеме настрана од тоа. Што ако плодот е здрав, направен со пукнат кондом?
За силување и ментални болести сите се согласуваат, и оние кои се за и оние против абортус. Но што во ваков случај?
--- надополнето: 21 април 2013 во 15:32 ---
На темата, јас поддржувам абортус. Меѓутоа, сметам дека абортусот е себична работа. Кој сака нека ме убедува дека е направен бидејќи детето ќе немало убав живот, ми е еквивалент на војните кои се водат за мир. Бесмислено. Никој не може да предвиди тоа дете каков живот ќе има ако не е абортирано. Може ќе биде питач на улица, ама па може светот ќе го смени. Стив Џобс е посвоен. Не знам колку од холивудскиве глумци се посвоени.
Добро утро народе
Не ги судам луѓето, имам пријателки што го направиле од многу побанални причини - само мислам дека животот ќе им беше подобар да не го направеа. Страшна ми е мене таа загуба што не се свесни дека си ја нанесоа .
14 години е опасност по животот од девојката ако не се лажам, опасноста за нејзиното психичко здравје од силувањето е уште поголема и полоша од смрт - значи тоа е случај во кој се прекинува од здравствени причини.
Познавам млади мајки што родиле млади и се снашле многу добро, ама го родиле со љубов. Една со мене што учеше 1ва година средно или 2ра бевме значи 16 - животот сега на триесет и нешто и е среден, децата и се големи таа може да си се посвети себе си да си живее да си патува да си работи.
п.с. не може секое мислење против абортусот да го сваќате како осуда на смрт - имаме право да мислиме и да кажеме, а кажаното од мене на пример е за доброто на оној што чита
edno golemo da,toa odlucuva toj koj go nosi plodot.