Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Немој жити се со вакви црнила,небаре сме Конго ја правиш ситуацијава.Незнам само колку пари му фали на овој народ да биде среќен? Милион ? Два? Пет? Колку му треба на секој човек? И во Америка има абортуси,сигурно повеќе од тука,па и таму ли условот за живот им е оправдување. Најповршна и најпогрешна фраза ви е тоа дека наталитетот и апропо и абортусот е резултат на слабата финансиска состоја. Тој муабет е тиња,оправдување некое за кое немам разбирање.
Не, за чување бебе доволни се 1000ката што ја даваме во кафана и... Како беше она од рекламата со "псссст може да не слушне" психо девојката?
Дај не зафркавај Цитро, знаеш колку чини да се чува бебе? Кој здраворазумен човек кој не може да обезбеди пари за основен живот за своето дете би се репродуцирал? Оние кои го прават тоа завршуваат вака или како она семејството од Охрид за кое кажаа дека таткото не бил психички стабилен, а и мајката не била подобра. Кога веќе знаеш колку ти се силите зошто да имаш повеќе деца отколку што можеш да издржуваш и со тоа да го правиш полош животот на децата кои веќе ги имаш. Која е целта, да имаме држава со повеќе жители кои живеат во мизерни услови?
Не не' споредувај со Шведска и Јапонија затоа што е различен менталитетот на луѓето и ако се земе предвид македонскиот менталитет кристално јасно е зошто луѓето тешко се одлучуваат да имаат многудетни семејства.
 
Mногудетни семејства ............... денеска и 2 деца се многу, а камо ли па повеќе од 2 ........... и само едно дете да има човек треба цел месец да р’мба и да се стиска само колку да го нахрани, облече и секако школува ......... а каде се сите други работи ......... не се само облеката, храната и книгите .............. да во Македонија има и многудетни семејства(зборам значи за Македонци, не за Албанци, Роми...) но таквите семејства се во мал процент, бидејќи нитуеден асален човек(Македонец) не ти склапа по 3/4/5 деца денеска во овој век во ова време, а тие што сеуште склапаат по толку деца ги гледаме кои се и какви се .......... лица психички неасални, лица без никакво образование/еманципација, лица без скршен денар, лица без ништо, тешки пропалитети и најчесто се алкоси сигурно сте приметиле .......... како она многудетното семејство од Охрид што го прикажуваа по телевизииве пред некој месец, потоа она многудетното семејство од Струмичко, како и некои многудетни семејства од Скопјево што ги даваа лани по телевизииве !
Да, го оправдувам абортусот, тоа си е право на жената/трудницата дали ќе го уништи или не СВОЈОТ плод, а исто така и постои нешто што се вика контрацепција, а постои и нешто што се вика планирање на семејството(ова е најбитно) !
 
потполно се согласувам не значи дека ако забремени девојката мора да се земат и семејство да оформат ко не си користел кондом си има пилули или веќе ко ќе дознаеш ако немаш искористено никаква контрацепција абортус не постои за џабе
 
Правото на избор е неприкосновено. Никој никому не смее и не може да му наметне мислење. Може да се сложат, може да не се сложат, мислењата. Но наметнување не.
Изборот е индивидуален. Ако некоја сака да абортира. нека ја.

My Body, My Choice!

Кој е тој кој, особено во денешно време, ќе му наложи некому да раѓа, ако тој не сака да роди.
Тоа е диктатура. Дали на црквата, на државата или на опкружувањето. Но е диктатура.
Секој мора да избира сам за себе.
 
Мачору! Гласот на разумноста!
 
Па читам и не ми се верува дека уште се мрсимуди на темава. Мислев дека ова прашање е апсолвирано.
Ако некој сака да раѓа, бујрум, ако некој нејќе, и тоа е в ред.

Како може некој (освен у Зимбабве или тука) да ме натера да јадам Милка ако сакам Нестле или Кадбери чоколадо? Или дали смеам или не да пијам јогурт.

Така и со ова (иако не е чоколадо или јогуртот прашањето, принципот е ист. Изборот треба да е личен).
 
Безпредметно е да се прави дискусија за вакви теми ...................... значи дали девојката/жената ќе го роди или ќе го абортира СВОЈОТ плод е НЕЈЗИНО лично право и точка .......... завршена дискусија !
Плодот е нејзин, телото е нејзино и што сака ќе прави со себеси, со своето тело и со својот плод во тоа нејзино тело, незнам до кога поповите ќе му солат памет на народот кој/а и што треба да прави, во 21 век во секуларни и демократски општества !
 
Финтата е шо чоколатце со бебенце немаат допирна точка, па ни изборот на едното и другото. Да би купувал шеќерче не би се думал 2 секунди, то прво шо че ми се фати то че си го купам, да би купувал блуза, принципот би бил малку посложен би ја пробал би видел како стои, муабетот за ,,избор" на дете е даелку од посложениот втор.
По ваша логика некоја нека се ремба колку и душа сака оти нејзино е телото без заштита па после нека мава абортуси ко че и прдни. Her body her choice? Само финтата е во то шо животот не е ваш, туку ви е даден од вашите родители да го користите, на кои ним животот им бил даден од нивните и така натака со репродукцијата.
 
Божеее, проС нароТ!!

Принципот е ист! Личен избор дали ќе се "ремба" или не и дали ќе раѓа или не!

Животот ни е даден од нашите родители, нели, по нивнио личен избор, а не по наш или на црквата, државата или општественото опкружение.
Значи, тие одбрале да не родат, ние ќе одбереме кога и дали ќе родиме.

Родителите не ни го дале на "користење" животот, бидејќи не треба да им го вратиме на крај. Ниту кирија за него да платиме.

Јасно е сега!!!!!!!?????????
Прос!

why-i-am-pro-choice.html
pro-choice.gif

Шо па ја думи делам на без(д)умни!

pro-life-vs-pro-choice.gif

Сета работа е како на сликчево. Мажи полемизираат околу правото на изборот на жената.
 
може и само од еднаш
Aко е еднаш, изгледа че биди ,,грешка" , ако се повеќе.......валјда нема да бидат ,,грешки"
То е проС сум без Т на крај, а околината ме вика паметен, а ти припаѓаш во сајбер околината кој има иксто к.р значење за мене.

Одиме подлабински со размислување, не површно. Родителите ти даваат живот, ти треба да чувствуваш обврска кон нив. Како што ти даваш стан на користење, а кираџијата има обврска да го чува да не го пусти. Е сега ако му сака него душичката нека пусти , последици ќе имаш ти, т.е твоите родители. Вака попросто пошто ете таков сум да објаснам. И да ќе му плаќаш кирија кога ќе остариш и ги гледаш , ако доживеат своја старост за, својот живот. Камо да беше се така проСо и едноставно, немаше да има потреба од анализи и животот би бил лесен и проС ко мене .

п.с Тоа со користење ти е ОСНОВЕН ПОСТУЛАТ во Казнено/кривично право за тоа како се дефинира животот, дека не е во СОПСТВЕНОСТ за која дрвиш упорно и за некое чудо не го измислив јас.
 
Па читам и не ми се верува дека уште се мрсимуди на темава. Мислев дека ова прашање е апсолвирано.
Ако некој сака да раѓа, бујрум, ако некој нејќе, и тоа е в ред.

Како може некој (освен у Зимбабве или тука) да ме натера да јадам Милка ако сакам Нестле или Кадбери чоколадо? Или дали смеам или не да пијам јогурт.

Така и со ова (иако не е чоколадо или јогуртот прашањето, принципот е ист. Изборот треба да е личен).

Безпредметно е да се прави дискусија за вакви теми ...................... значи дали девојката/жената ќе го роди или ќе го абортира СВОЈОТ плод е НЕЈЗИНО лично право и точка .......... завршена дискусија !
Плодот е нејзин, телото е нејзино и што сака ќе прави со себеси, со своето тело и со својот плод во тоа нејзино тело, незнам до кога поповите ќе му солат памет на народот кој/а и што треба да прави, во 21 век во секуларни и демократски општества !

Да се ставам во улога на адвокат на ѓаволот, се коси ова со дефинирање јавно прифатени норми и правила на живеење во ова нашево своевидно општество. Значи ако прави секој што сака ќе се сведиме на анархија, и демек за да не настане хаос и да не прави секој што сака, една (ќе напишев форматира :confused:) абортира, друг силува животни.. за да не дојде до тој колкетивен колапс како луѓе, рационално битие, треба да се водиме по однапред прифатени норми и правила на општеството кои генерално се дефинирани по некои застарени квази идеологии и кодекси на однесување од лошо преведени религии. И тука е целиот конфликт.
 
pro-choice.gif

Јас конфликт не гледам тука на сликава!
Има конфликст само со затупењаци на форумов и наоколу.

Нормите...ха..

Пред петсто години се мислеше дека земјата е плочеста, пред пеесет дека не е можно комунизмот да рикне, пред пет минути дека нема вакви идиоти.

Ама се се менува, така и нормите.
 
Хихи море погодување, некое време си го користев никчето Useful Idiot како песничето на Tool дури помагав по народот и бев добричок. Конечно нешто да погодиш. Камо се да беше така едноставно како на тоа сликчето, кефови би бил. Со кој говор на омраза зборуваш човече то чудо едно, изиграваш сезнајко но не си свесен дека во очите на вистинските сезнајковци, оние кои знаат повеќе од тебе си смешен. Пумпаш анимозитет, со малициозно, перфидно однесување кое есхатолошки е смешно и доведува до ретерирање. Сето тоа се нивелира со паметот на босоногите кои гледаат низ таа простата призма на универзумот или можеби станува збор за ревност?! Врска немам но како и да е, ја би го сослушал твоето мислење дури и животот би го дал за истото (вака дрвеше едно бате) па макар и да пробаш да навредиш :) Ги жалам луѓето чии умови си ги силувал со над 20 000те мислења по форумот. Од друга страна како што кажав сајбер свет за кој лично јас си ја потпевнувам песната Don't give a fuck oд Suicidal Tendencies, бидејќи оној во реалноста е далеку поинтересен и побогат. Да им подариме на децата кои доаѓаат допрва на овој свет живот, стоп за абортусот : смајли кое прави три салта во воздух и паѓа на газ: (уствари к.. ме заболе за абортус, али отепав добри 10 минути дури се одморав читајќи Вовед во Европска Унија)
 
То е проС сум без Т на крај, а околината ме вика паметен, а ти припаѓаш во сајбер околината кој има иксто к.р значење за мене.

Одиме подлабински со размислување, не површно. Родителите ти даваат живот, ти треба да чувствуваш обврска кон нив. Како што ти даваш стан на користење, а кираџијата има обврска да го чува да не го пусти. Е сега ако му сака него душичката нека пусти , последици ќе имаш ти, т.е твоите родители. Вака попросто пошто ете таков сум да објаснам. И да ќе му плаќаш кирија кога ќе остариш и ги гледаш , ако доживеат своја старост за, својот живот. Камо да беше се така проСо и едноставно, немаше да има потреба од анализи и животот би бил лесен и проС ко мене .

п.с Тоа со користење ти е ОСНОВЕН ПОСТУЛАТ во Казнено/кривично право за тоа како се дефинира животот, дека не е во СОПСТВЕНОСТ за која дрвиш упорно и за некое чудо не го измислив јас.
На ваша возраст не размислував вака длабински. Ќе се каете на што трошите енергија додека сте млади.
Aко е еднаш, изгледа че биди ,,грешка" , ако се повеќе.......валјда нема да бидат ,,грешки"
не знам, зборот ми е да се забремени може и само од еднаш, а може и стопати да не се деси ништо. Ама за тоа оставам на нивните родители и на нив самите. Арно вели мачорот, се заб**аме и пишуваме за теми што ги засега главно жените.

И нека дадат беспари апчиња и кондоми, зашто не. Ја читам Перла давале у некои земји.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom