Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.726
Поени од реакции
9.837
Покрај некои од причините поназад наведени од форумџиите за абортус (кариера, личен став за планирање на животот и така натаму) ова е еден од поголемите проблеми. Затоа и ќе се зголемува бројот на абортуси и/или ќе се намалува наталитетот. Барем во Македонија. Кондомите се скапи за секојдневна употреба, другите средства (спирала пример) се ризични и често телото не ги трпи. Едино прекинат коитус или абортус.
Планиравме да имаме и повеќе од 2 деца, но тоа во некоја друга подобра држава. Овде да израснеш дете и да го ставиш да се мачи во мизерија во секој смисол, греота е. Не сум обожавател на абортус (со исклучоци и слично), но во вакви услови животот те тера на такво нешто.
Немој жити се со вакви црнила,небаре сме Конго ја правиш ситуацијава.Незнам само колку пари му фали на овој народ да биде среќен? Милион ? Два? Пет? Колку му треба на секој човек? И во Америка има абортуси,сигурно повеќе од тука,па и таму ли условот за живот им е оправдување. Најповршна и најпогрешна фраза ви е тоа дека наталитетот и апропо и абортусот е резултат на слабата финансиска состоја. Тој муабет е тиња,оправдување некое за кое немам разбирање.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203

Цитро бе изненадуваш! :eek:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Немој жити се со вакви црнила,небаре сме Конго ја правиш ситуацијава.Незнам само колку пари му фали на овој народ да биде среќен? Милион ? Два? Пет? Колку му треба на секој човек? И во Америка има абортуси,сигурно повеќе од тука,па и таму ли условот за живот им е оправдување. Најповршна и најпогрешна фраза ви е тоа дека наталитетот и апропо и абортусот е резултат на слабата финансиска состоја. Тој муабет е тиња,оправдување некое за кое немам разбирање.
Цитро ќе се омажиш за мене?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Фала богу првото :гик:
Ете Цитро што ти значи оптимизам. Одма добиваш понуди за брак и деца...блазесити

Македонија, земја на абортуси?! Младите без слух за контрацепција
Речиси 15 проценти од жените би се одлучиле за абортус, покажува последното истражувањето кое го спроведе Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на примерок од 1350 испитанички... Ваквата ситуација, се должи на тешката економска ситуација кај граѓаните во Македонија.
„На ваков чекор се одлучуваат жените бидејќи уште еден член во семејството би преставувал дополнителен товар во нивниот домашен буџет“, истакна доктор Борјан Павловски, кој го спровел истражувањето.

Во крајните препораки на експерите се бара зголемената едукација и задолжителното секусално образование во училиштата. Исто така тие потенцираа дека се потребни серија на економски мерки доколку надлежните сакаат да им помогнат на младите брачни парови да имаат повеќе деца и да го спречат зголемениот број на абортуси.
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Овие конзервативциве, што мислат дека со поскапа струја народот ќе прави романтика на свеќи и така повеќе ќе се коти, нека ги стават контрацептивните пилули на позитивна листа, па после нека дрндаат вакви глупости.

Сегде во свет, барем некои од "јок бебе" апојте се платени од државата, а кај нас дури и на оние парови на кои им се потребни за деца правење, треба сами да си ги платат. Нека не бидат демагози, туку малку повеќе либерални по ова прашање и нека се запрашаат дали со пуштање на пилулите би се намалил процентот на абортуси.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Овие конзервативциве, што мислат дека со поскапа струја народот ќе прави романтика на свеќи и така повеќе ќе се коти,
И ја сум конзервативен во многу нешта;) Немам начелно сменето мислење ниту за оваа тема, сум против доколку причина се бара во некоиси кариери (види The Five Year Engagement), слушав дотаму поводи да на некоја ќе и виснеле ци..., на друга ќе и се раширеле колковите, па целулити, изглед, слобода ова она...односно се бара некој друг повод, но како што кажува анкетата абортусот се повеќе е и една од често користените методи и во бракот за планирање на семејството во вака бедни услови.

Е кога веќе се почесто се применува како средство за одржување наталитет у фамилија, за тој ист наталитет збори премиер на една од најсиромашните држави во Европа. Боље да не се јавува во дебати за наталитет, ќе го решат у 2 потези.

Можеби изјавата на премиерот требаше да оди во друга тема, но се мислев во суштина е поврзана и со оваа, затоа и овде постирав
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.726
Поени од реакции
9.837
Lurtz молим те не мешај наталитет и абортус . Падот на наталитетот има своја причина,па абортусот друга. И ни едно ни друго нема многу допирни корелати директно со економијата. Знам дека ќе ми кажеш дека треба пари за чување дете,нормално дека да,ама одма би ти постирал графикон со демографијата на скандинавија,западна европа (домородното население) сад, јапонија. Што ќе биде твоето објаснување? Лошата економија во тие земји?
 
Ок, очигледно тогаш сум згрешил со постирање во темите. Изјавата на Груевски и дискусија по неа (за наталитетот) можеби е за оваа тема па таму да ти одговорам
http://forum.kajgana.com/threads/Дали-Македонците-ќе-станат-малцинство-и-во-Македонија.53037/page-52#post-5336220
 
Kajgana Shop

На врв Bottom