igor108367
Dark Lord Sauron
- Член од
- 25 јануари 2009
- Мислења
- 2.516
- Поени од реакции
- 113
Статистиката се однесуваше на број на абортуси кога тоа беше неллегално во америка и од кога се легализираше. И бројката беше идентична. Значи кој и да сакал да абортира абортирал и кога било со закон забрането. Исто ќе биде и кај нас само што ќе се абортира или во диви клиники или во соседните земји. Да се помачеше да ја видиш статистиката ќе знаеше за што зборувам.грешиш за статистиката. не може да очекуваш да биде иста во земји со комплетно различно општество. оној дел кој би можел да биде ист е бројот на успешни/неуспешни/абортуси со компликации, бидејќи тој релативно помалку зависи од фактор општество. не може да биде ист бројот на абортуси во земја во која луѓето ги имаат сите услови за да ги одгледаат своите деца (како шведска, германија, сад) и во земја во која на пример родителите немаат работа и би требало да живеат сите од пензијата на бабата и дедото. исто како и за старосните групи, сигурно дека тука ќе биде поголем бројот на млади луѓе кои абортираат заради неедуцираност, економски проблеми, нерешени животни прашања, а во другите земји ќе биде поголем бројот на жени над 40 зашто веќе имаат 3-4 деца и не им се чува уште едно дете на 40 и нешто години. не можеш и не смееш да се држиш како слеп за стап цело време за еден ист аргумент. да, жените имаат право на избор, се работи за нивно тело, но, не, не смее абортусот да се претвори во средство за контрацепција. ако веќе се запнуваш по западните земји-интензивна едукација на младите, кампања за контрацепција (не антиабортус кампања со полуглупи изјави) и проблемот ќе биде решен.
Никој не рекол дека не треба да има едукација на младите, тоа е нешто што го баам цело време. Ако сакаме помал број на абортуси ни треба секусално образование да биде воведено до седмо оделение.
Проблемот со абортусот никогаш нема да биде решен, барем не се додека некој не свати дека не треба да се меша во правата на другите луѓе. Законот за абортус поминал во уставните (врховни) судови во сите земји во кој е дозволен и таму стручни експерти од сите области ги кажале своите стручни ( и не, не полуглупи) мислења.
во америка до ден денес има држави во кои е забранет абортусот. и во тие во кои е легален, има луѓе кои седат пред клиниките за абортус и протестираат, ги имам видено со свои очи, исто е како и по филмовите што ги претставуваат. имам видено и луѓе кои во аптеките стојат пред контрацепцијата со маица со лого prolife и "за себе" коментираат дека абортусот и контрацепцијата се еретички. тоа е оној дел за кој реков дека е полуглуп. и факт е дека целата кампања и на едната и на другата страна се базира на "факти" кои одговараат само на едната или на другата страна. и не реков ниеднаш дека треба да се забрани абортусот. комплетно се согласувам дека забранувањето само ќе доведе до поголеми компликации. и поскапувањето, за кое разбрав дека е решение во македонија, ќе доведе до отварање на полулегални ординации во кои нестручни лица ќе извршуваат абортус. не е решение забранувањето. ама бидејќи веќе кажавме се околу решението, не би тупела понатаму :smir:

