Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Поддржувам абортус само во исклучителни случаи. Дали оправдувам или не, не сум јас никој компетентен да суди. И самата би абортирала кога би се нашла во некоја од следниве ситуации: несакана бременост на прерана возраст кога не си способен да одгледаш дете, бременост од силување, бременост во која предвреме е увидено дека ембрионот е здравствено пореметен на некаков начин (пр. церебрална парализа), бременост која мајката не може да ја преживее без страшни компликации, од кои сериозно би и се загрозил животот.

Не поддржувам поради „нејќам трето дете, ќе ја запоставам кариерата“, „не сакам да раѓам, ќе ми се деформира телото“ и слични глупави причини.

Сите што овде сте строго против абортус, не сте биле во таква ситуација и не би знаеле што ќе ве дочека и како истото ќе треба да го решите. Не судете пред време...
Ни јас не знам, претпоставувам, ама додека не го доживееме на своја кожа, не смееме да бидеме категорични.

Во глобала, не го поддржувам. Смешно е во денешно време, со толку средства за заштита да се применува абортус, кога станува за доброволен секс. ПОсле се, колку јас што знам, може да се земат анти-бејби пилупи до 24 часа по сексот за да се спречи бременост, доколку пунке кондомот на пример, или девојката заборавила да се напие.
Сепак и го поддржувам , но само во некои случаи: неспремност за одгледување дете, самохрана мајка, силување, лоша матријална состојба (и погоре болдираните пичини)
 
...абортусот е убиство, медицински е докажано тоа, имате наназад докази за тоа и затоа да не бидеме во заблуда, јас сум против тоа.
 
Во однос на абортусот малку сум контардикторна.
Сум за абортусот и ако некогаш, го направам, односно абортирам, цел живот ќе се каам и ќе ме `гризе` совест.Но, не би можела да поднесам да раѓам дете, доколку условите не се ок.Подобро да го донесам тоа дете на овој свет, со љубов, без да има проблеми и сл, отколку да го гледам дека ќе пате..
Значи сум за абортусот, но го прифаќам многу тешкоооооооооооо..:(
 
И добро според тебе поради кои причини би абортирала?
 
Доколку сум млада, неискусна, зависна од моите родители, неспособна за да можам сама со партнерот да му обезбедам егзистенција на тоа дете, и попат ако се појават и некои други проблеми.
Дете да родиш не е мала работа, според мене е најголем дар, да подариш живот на некој.
 
И добро што ке добиеш со чедоморството?
Убиваш нешто туѓо?
Не, го убиваш она твоето најчисто...така?
 
[vladimir];1870843 напиша:
И добро што ке добиеш со чедоморството?
Убиваш нешто туѓо?
Не, го убиваш она твоето најчисто...така?

Кажав дека за ова абортусот сум малку контрадикторна, но сепак би го направила заради причините кои што ги наведов.
Најголема казна ќе ми биде ако го направам, но да гледам како мое дете пати, тоа нема шанси.Затоа најдобро решение е да се пазиш да не дојде до нешто такво, односно да не си дозволиш, пошто незнам дали ќе можам да се сносам со последиците.
А мислам дека многу грубо се изрази со тоа:
-го убиваш она твоето најчисто...така?
Се наежив од ова
 
[vladimir];1870843 напиша:
И добро што ке добиеш со чедоморството?
Убиваш нешто туѓо?
Не, го убиваш она твоето најчисто...така?

Аман бе па вие со тој збор, убиство, чедоморство.. аман..
Сепак се работи за деликатни ситуации во кои неможеш баш така да размислуваш како голем број од вас, кога ќе се најдете во таква, бујрум ќе прајме муабет, вака силење и мавање од гради, на друг.
 
Оправдувам само ако детето е плод на силОвање и слични НУС појави...
 
E сепак е подобро во некои случаи абортусот е подобро решение отколку некое тукуречи дете да стане родител, како што често се случува...
По секоја цена не треба да се одгледува дете, зашто тоа не е играчка. Знам некои ’родители’ кои не заслужуваат да се наречат така...па подобро ли е да донесат на светот мало невино суштество, кое ке живее во никакви услови, или на време да се стори нешто што е можеби подобро за него.
Не велам дека е убаво да се врши абортус, но велам дека е во некои случаи оправдано.
 
Погрешно.
И Тито бил роден на река и бил бравар, ама станал Тито.
Многумина живееле во одвратни услови, тепани од родители па станале Чехов, Ајнштајн и сл.
Не може да се прекрати нечии живот зошто не ги знаеме идните услови.
По таа логика грешка би била раѓањето на дете кое после 30 години убав живот ќе заври во конц.логор. Поарно да е абортирано за да не трпи понижување.

Абортус да само ако е медицински оправдан, малформации, опасност по животот на мајката инаку никако.

мора у оваа прилика да ве подсетам на еден пост од магарето, многу го ценам иначе, пошо е инат со брада:baeh:
 
Аман бе па вие со тој збор, убиство, чедоморство.. аман..
Сепак се работи за деликатни ситуации во кои неможеш баш така да размислуваш како голем број од вас, кога ќе се најдете во таква, бујрум ќе прајме муабет, вака силење и мавање од гради, на друг.
Муабетот е баш на место,пред да се случи да се разговара и да се гради цврст став и да се внимава,а не од кога ќе се случи.
И зошто бе не акцептирате дека има луѓе кои се строго против абортус?Предпоставка моја е дека моралот ви е на тој процент каде не се дозволува верување на нешто морално.
 
И да знаеш дека со сите сили ќе се стремам да ги заштитам својте деца, од таа малолетничка бременост или непланирана, ако треба и ја контрацептивни средства (кондоми ќе им купувам), а ако дојде недај боже, и за тоа ќе се погрижам соодветно со местото, времето и околностите:smir:
 
А зошто само својте деца?Зарем не е човечки тоа да се пренесува и на другите деца?Или дома ќе играме конзервативно а надвор ќе шириме либералност?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom