Dark Angel Nora
Angel In Disguised
- Член од
- 30 септември 2008
- Мислења
- 223
- Поени од реакции
- 10
Поддржувам абортус само во исклучителни случаи. Дали оправдувам или не, не сум јас никој компетентен да суди. И самата би абортирала кога би се нашла во некоја од следниве ситуации: несакана бременост на прерана возраст кога не си способен да одгледаш дете, бременост од силување, бременост во која предвреме е увидено дека ембрионот е здравствено пореметен на некаков начин (пр. церебрална парализа), бременост која мајката не може да ја преживее без страшни компликации, од кои сериозно би и се загрозил животот.
Не поддржувам поради „нејќам трето дете, ќе ја запоставам кариерата“, „не сакам да раѓам, ќе ми се деформира телото“ и слични глупави причини.
Сите што овде сте строго против абортус, не сте биле во таква ситуација и не би знаеле што ќе ве дочека и како истото ќе треба да го решите. Не судете пред време...
Ни јас не знам, претпоставувам, ама додека не го доживееме на своја кожа, не смееме да бидеме категорични.
Во глобала, не го поддржувам. Смешно е во денешно време, со толку средства за заштита да се применува абортус, кога станува за доброволен секс. ПОсле се, колку јас што знам, може да се земат анти-бејби пилупи до 24 часа по сексот за да се спречи бременост, доколку пунке кондомот на пример, или девојката заборавила да се напие.
Сепак и го поддржувам , но само во некои случаи: неспремност за одгледување дете, самохрана мајка, силување, лоша матријална состојба (и погоре болдираните пичини)