Не го сметам абортусот за убиство. Повеќе се работи за превенција, спречуваш нешто пред да се создаде. Не можеш да убиеш нешто пред воопшто да постои, исто како што не можеш да исечеш дрво пред воопшто да порасне. Можеш да го искорнеш коренот (или да не го посееш семето), ама тогаш би корнел корен, не би сечел дрво.
Поддржувам абортус само во исклучителни случаи. Дали оправдувам или не, не сум јас никој компетентен да суди. И самата би абортирала кога би се нашла во некоја од следниве ситуации: несакана бременост на прерана возраст кога не си способен да одгледаш дете, бременост од силување, бременост во која предвреме е увидено дека ембрионот е здравствено пореметен на некаков начин (пр. церебрална парализа), бременост која мајката не може да ја преживее без страшни компликации, од кои сериозно би и се загрозил животот.
Не поддржувам поради „нејќам трето дете, ќе ја запоставам кариерата“, „не сакам да раѓам, ќе ми се деформира телото“ и слични глупави причини.
Сите што овде сте строго против абортус, не сте биле во таква ситуација и не би знаеле што ќе ве дочека и како истото ќе треба да го решите. Не судете пред време...
Ни јас не знам, претпоставувам, ама додека не го доживееме на своја кожа, не смееме да бидеме категорични.