ЗНМ: Сопствениците да престанат да ги злоупотребуваат медиумите
Конечно на некого му текна да гукне за муабетов...
Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија реагира на, како што наведува, злоупотребата на медиумите во пресметката меѓу Љубисав Иванов-Ѕинго и Велија Рамковски преку националните телевизии А1 и Сител, експерименталната телевизија А2, како и весниците Шпиц, Време и Вечер
„Советот апелира и ги потсетува новинарите кои се принудени да бидат експонентни на одреден политички или бизнис центар на моќ дека не само што имаат право да одбијат задача која не е во согласност со новинарските правила и стандарди, туку се должни да го сторат тоа бидејќи одговорноста за непрофесионалниот ангажман не може да биде колективна, туку секогаш има име и презиме.
Пресметката меѓу „газдите“ оди не само преку грбот на новинарите, туку и на сметка на достоинството на новинарската професија“. Во таа смисла Советот ги повикува новинарите да одбијат под закрилата на „јавниот интерес“ да одработуваат туѓи агенди, се вели во соопштението од Советот на честа на ЗНМ.
Советот воедно апелира постарите колеги и уредници да ги заштитат од притисоци помладите новинари кои се на почетокот на својата кариера и со своето однесување да дадат пример како се брани и почитува слободата и достоиството на новинарството.
Советот на честа на ЗНМ, смета дека начинот на кој што се третираат темите што последниве десетина денови се пласираат преку споменатите медиуми, се сериозно во спротивност со нормите и стандардите на одговорното и објективно новинарство.