А1 vs СИТЕЛ (Велија vs Ѕинго)

  • Креатор на темата Креатор на темата DarthMakedon
  • Време на започнување Време на започнување

DarthMakedon

Македонец
Член од
20 април 2008
Мислења
1.915
Поени од реакции
167
Роднини и пријатели на Ѕинго на позиции во Кратово

dzingo.jpg
Во Кратово со децении владее претседателот на Социјалистичката партија, Љубисав Иванов - ЅингоБлиски и доверливи личности на клучни позиции. Ова е рецептот по кој со години компанијата „Силекс“ ги добива сите тендери во општина Кратово. Потврда е последниот случај со добивањето концесија за кратовскиот водовод на 30 години.
Дел од советниците на општина Кратово веќе имаат испратено и барање до Антикорупциската комисија да го истражи формирањето на Тендерската комисија.
„Во законот стои дека Тендерската комисија ја формира градоначалникот и тоа не е спорно. Таму стои дека треба да има претседател, заменик претседател и најмалку пет члена. Комисијата тука брои само тројца членови“, изјави Душко Павловски, советник во општина Кратово.
„Тоа е Пешов Борис, раководител на секторот на општи и правни работи при локалната самоуправа, Анчов Цане, службеник во локалната самоуправа и Цекова Весна, раководител на Министерството за правда во Кратово“, додаде Павловски.
dusko-pavlovski.jpg
Павловски: Во законот за концесии е кажано кои не можат да бидат членови на тендерска комисијаПретседателот на Комисијата, Борис Пешов, е во тесна роднинска врска со Панче Мијалковски, вработен и акционер во „Силекс“. Цане Анчов, раководител во секторот за транспорт и врски во општината, чија што сопруга е на раководно место во „Силекс“, според советниците требаше да се изземат од Комисијата.
„Според член 58 од законот за концесии и друго приватно партнерство, во став 2 е кажано кои не можат да бидат членови на тендерска комисија. Оттука, за овие членови што се избрани, постои конфликт на интереси. Овие двајца луѓе треба да се изземат од Тендерската комисија“
Во Кратово со децении владее претседателот на Социјалистичката партија, Љубисав Иванов - Ѕинго, но исто толку време главни во Кратово се неговите извршители, кои или се роднини или луѓе од партијата.
Од деведесеттите години наваму, се исти луѓе се советници и членови на тендерски комисии, тие ја уживаат сета моќ во Кратово и тоа јасно го манифестираат.
Случајот со тендерот за концесија за водоводот е само мал дел од теророт што го трпат кратовчани од Љубисав Иванов Ѕинго преку своите луѓе, велат советниците од другите партии.

извор: http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=101582

и следува

ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ ДО ГУША ВО ДОЛГОВИ
ЛЕНЧЕ, ВЕЛИЈА И А1 СО ЗАКАНИ ДО МИНИСТЕРОТ СПАСЕНОСКИ
Катастрофалното искуство на Американскиот фонд за поддршка на медиумите со сопственикот на А1, ги затвори вратите на македонските телевизии за фондовите на оваа институција.
BF5784F1EC18534298E0C925D2216545.jpg

Десет години МДЛФ не соработува со македонските медиуми, а засега и нема сериозни најави дека може да се очекува воспоставување нормална комуникација. Неофицијално од американскиот фонд тврдат дека Македонија е ризично подрачје и за какво било кредитирање на медиумите неспорно влијание ќе има искуството со телевизијата на Рамковски.

МДЛФ е фонд за развој и поддршка на медиумите од Соединетите американски држави, кој има блиски релации и со државните институции. Во моментот работат со неколку медиуми од регионот, но нивните фондови се недостапни за македонските медиуми.

Адвокатката, Луиза Стаиќ, не прецизирајќи детали, денеска тврди дека Рамковски го исплатил целиот долг кон фондот врз основа на Спогодба од март во 2006-та. Сепак јавноста се уште нема официјална потврда, дали и кога тоа е направено.

Приказната на МДЛФ во Македонија почнува во 1997-та. Поранешната директорка на А1, Горадна Стошиќ, во координација со Фондацијата отворено општество му овозможуваат на сопственикот Велија Рамковски да добие наменски кредит за телевизиска опрема од 1,8 милиони долари. Но наместо за потребите на телевизијата, Рамковски партите ги троши за пилешки копани. Тука почнува и отворениот судир, кој трае 10 години, период во кој Рамковски ги користи сите можни варијанти за да не ги врати парите.

Американскиот фонд, покренува постапка и добива правосилна судска пресуда од њујоршкиот суд, кој бара Македонија да ја изврши пресудата, но процесот заглавува во македонските институции.

Во неколку наврати, тогаш Рамковски изјавуваше, дека тоа што тој должи е негова работа, а судот во Македонија немал право да се меша. Случајот добива и политички димензии, а подоцна влегува и во институциите на Европската унија. По серијата дописи од американската амбасада до македонските власти, на 8 март 2006-та, тогашната амбасадорка на САД во Македонија, Милованивиќ, сосема отворено ќе изјави.

- Имавме блиска консултација со Владата за да се осигураме дека владеењето на правото е применето во случајот со пресудата против Велија Рамковски. Постапките на Рамковски му штетат на македонскиот имиџ во странство и праќаат негативни пораки за странските инвеститори. Односите меѓу двете држави се одлични, но случајот МДЛФ им пречи на тие односи, ќе изјави Миловановиќ.

Набргу потоа, под силен притисок, откако претходно надлежните државни институции ќе влезат во комплетна проверка на фирмите на Рамковски, на 17 март 2006-та, МДЛФ и Рамковски ќе потпишат спогодба за враќање на парите. Дел веднаш, а дел до јуни 2006-та.

извор: http://sitel.com.mk/default-mk.asp?ItemID=9D5FF1CF9DB4064C8B7B62892CA5EE84


ова веќе се случува недела и повеќе
па што мислите за оваа медиумска војна помеѓу Ѕинго и Велија?
кој е во право?
и што се крие позади ова напаѓање?

мене лично ми е преку глава веќе од двајцата и од напаѓањава по вести
како да немаат други теми
 
ne gi znam nivnite megjusebni odnosi i ne mozam da kazam koj e vo pravo, bidejki sitel tv nikogas ne gledam, nitu pak vesnikot vecer go citam.

samo mozam da kazam deka ovaa napasna kampanja na a1, vreme i spic veke mi ide preku k.
taka edno vreme bese zapnal so kandidatot na dpmne za gradonacalnik na skopje (pardon, ne na tuku kandidatot sto bese poddrzan od dpmne) kostovski

izgleda ke mora da prestanam da gledam i a1
steta imaat dobri vesti
a najveke ke mi bide zal za latinohrvatskite sapunici i za operacija triumf

inace od vremeto koga sum gresel i gledal i sitel (site nie sme gresnici, so grev sme rodeni, taka vikaat) i a1, kvalitetot e nesporedliv vo korist na vtorata.

ednata e barem televizija so maani
a drugata e reklamna agencija
 
а бре темава ја поставив од политички аспект не од квалитет на програма

двајцата се обвинуваат меѓусебно и тоа се се врти околу едно министерство за земјоделие
Ѕинго го има а Велија како што знаеме најземјоделска платформа пред избори имаше
значи тука има нешто
некако не можат да се погодат околу поделбата на тракториве јапонски :)
 
^ Само што сакав да мавам сеир за тракторчињата... :pos:
 
Двајцата работат чисто за свои интереси, а со тоа ги упропастуваат своите телевизии.
Едната веќе од поодамна е упропастена, а другата е на добар пат да ја стигне првата.
 
Абе проба Велија да се закачи со Наков за тој пазарот ама виде дека можи да го прими и си заќути. Сега пробува со Ѕинго истата работа, ама овај пат успева оти Ѕинго му ја прифати играта. Велија е како некое помало дете кога ќе влези во ново друштво и одма сака да биде главно и се турка, се тепа со поголемите. Сака да избие на врвот на сцената Македонска.
 
Навистина го отупеа и двајцата со своите медиуми...ебате, човек вести да не може да гледа.
 
Своевремено имаше една Гевгелиска група ЛАНАТА БЕНД со една своја хит песна: А бре земјоделци ке се зејте кути телци...Така ке биде и овој пат,само ке ги лажат нашите намачени земјоделци а богами и ке им земат земјоделски производи без да им ги платат?! Покрај разноразни мафии добивме и земјоделска мафија,епа ајде нека ни е честито...
 
Јас мислам дека во скоро време ќе сполета некоја тужба за клевета во нормална држава требаше веќе и анти корупциска да реагира исто така радиодифузија и здружение на новинири .

Оваа е доказ за слободата на медиумите во Македонија.
Новинарскта професија е на пониско ниво од времето на Тито .
Барем во тоа време медиумите ги штителе интересите на државата и на режимот не на мафијашки кланови

П.С

Сител технлошки многу е зад А1
 
E mislam deka sega apla se vide i televiziite so gi gledame i vesnicite so gi citame se gola voda, deka kvalitetot im se podreduva na covek-firma taka da neznem kako veke da recam i da se izrazam ,zabegaa do tolku i si go pokazaa obrazot so kako e a nie gi sledime :((((
 
Ако приметувате, ВЕЛИЈА во моментов води војна со ТРИФУН, ЅИНГО и ШТЕРЈО.

Тоа значи некој го поддржува, не е тој будала да тргни во таква војна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom