Почитувани,
Би сакале да ве известиме дека преговорите со каналите на Спортклуб сè уште траат. Причината заради која се уште нема постигнато согласност е висината на неконкурентната цена која е побарана за реемитување на каналите, која доколку биде прифатена ќе биде на целосна штета на корисниците. Близу е оператор кој во ниту еден момент нема да прифати услов од ниту еден провајдер на канали кој ќе ги оштети корисниците финансиски. Искрено се надеваме дека во најкраток период ќе биде постигнат договор помеѓу Спортклуб и Близу, дотогаш, сите корисници ќе можат да ги следат сите дополнителни канали кои се наоѓаат во понудата на операторот.
Со почит,
Близу ДООЕЛ Скопје
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Значи, ако прифатат да ја платат сумата која ја бараат СК, сигурно каналите ќе бидат ставени во пакет кој ќе се доплаќа за нивно следење.