- Член од
- 11 април 2013
- Мислења
- 355
- Поени од реакции
- 183
Битрејтот е многу битна ствар во телекомуникациите. Од особена важност е со каков битрејт и кој формат ке се пренесуваат телевизиите до корисниците. Обично се практикува MPEG-2, или MPEG4(AVC) тип на компресија. Па така SD каналите се во резолуција 720x576 и обично имаат до 4 мегабити проток(Телекабел,Близу,Макс ТВ)Единствено кај Boom TV поради ограниченоста со мултиплексите, мораат да го намалат битрејтот на каналите(изгледа на 2 мегабити) со цел повеќе да можат да стават. HD каналите од друга страна освен што се во резолуција различни(1280x720 односно 1920x1080-Full HD) имаат и поголем битрејт. Од 8 до 12 мегабити зависно од содржината. Пример каналите што пренесуваат спортска содржина(премногу движења) обично им треба поголем битрејт. Каналите што пренесуваат цртани филмови, убаво изгледаа и со 4,5,6 мегабити и со 10 во HD резолуција(лично сум видел со каналот Nickelodeon) одвај се види разлика. Моментално гледам Torrent Stream-Discovery Science HD(ама 4 мегабити е) џам ми е сликата ама гледам на 22 инчен монитор. Да би го истиот стреам ставил на тв(32 инча пример), различно ке е. Што сакам да ти кажам дека битно е и колку си одалечен од дисплејот. Моеш да гледаш гомно стрим фудбал, ама ако го гледаш од 6-7 метри оддалеченост нема да ти прави разлика дали е HD или не е. Не е баш се едноставно.