...
Далеку од тоа дека Телекабел се цвеќиња за мирисање. И тие ги немаат каналите од FOX групацијата. И тие исто така треба да започнат да ја исклучуваат АТВ, и да вложуваат во повеќе ДТВ и HD канали, но и зголемување на Down и Up брзини. И плус ТК нема обврзувачки договор, ако не ти се допаѓаат, ќе си кажете едно ЧАО и работата е завршена, а по автоматизам тоа значи дека немаат право на грешки.
Телекабел намерно не ги емитуваат FOX каналите бидејќи очигледно можат парите за тие канали да ги трошат на други канали - AXN и Cinestar каналите не се лоша алтернатива, а и HRT 1 и HRT 3 можат до некаде да надоместат за Discovery каналите, но дефинитивно нема замена за National Geographic.
Но токму самиот факт дека Телекабел не ги обврзуваат своите корисници со договори за користење на нивните услуги на 1 или 2 години, говори повеќе од доволно дека за разлика од Близо, Телекабел се подготвени на ризик, што е за поздрав.
А Близо, од друга страна, доколку продолжат со ваквата пракса која ја применуваат низ годините - и тешко дека планираат да ја променат истата оваа денешна пракса во блиска иднина - ризикуваат да изгубат по некој корисник.
Еве јас на пример, сериозно се мислам дали да се префрлам на Телекабел во 2016 година откако во декември 2015 ќе ми истече договорот на 2 години со Близо. Сегашната претплата ме чини 1200 денари месечно, а доколку се префрлам на Телекабел, ќе ме чини 850 денари месечно без обврзувачки договор, или евентуално 950 денари доколку се претплатам и на каналите за возрасни, кои и не ми се баш нешто потребни. А каналите од BOX пакетот воопшто не ми требаат, ги гледавме промотивно со месеци на Близо додека траеше бесплатната промоција и не ми оставија некој посебен впечаток за да прифатам да плаќам за нив дополнително ниту на Близо, ниту на Телекабел.
Кога сме кај кабелскиот Интернет, и сега со Близо ги имам истите брзини кои ги нуди Телекабел во нивниот најевтин Интернет пакет и задоволен сум со истите.
Единствено доколку одлучам да го задржам и фиксниот телефон, претплатата ќе ме чини 1000 денари месечно, или 1100 денари месечно доколку се претплатам и на каналите за возрасни.
Настрана фактот дека 100 или 200 денари помалку е само симболично намалување на месечната претплата и сепак ќе морам да платам за кабелските CA модули и/или кабелските рисивери доколку се претплатам и на каналите за возрасни, но сепак со Телекабел за истата оваа претплата добивам нешто што Близо не ми го нуди - можност да се исклучам кога сакам, а притоа да не плаќам никакви пенали.
Но сепак, Близо имаат од мене фора до крајот на декември 2015 да ми понудат нешто поквалитетно од ова што ми го нудат денес - како на пример да ми ги дадат каналите од Балканскиот пакет во замена за отстранување на Тринг каналите кои воопшто не ми се потребни, како и да ми ги зголемат Интернет брзините, па во такви околности можеби ќе прифатам и понатаму да им плаќам 1200 денари и во наредните 2 години.
Или нека ми ја поевтинат претплатата за минимум 200 денари помалку, на мене повеќе и не ми треба кабелскиот рисивер за вториот телевизор за кој плаќам дополнителни 200 денари секој месец, бидејќи сега користам 2 LCD телевизора со сопствен DVB-C декодер, но за вториот кабелски CA модул ќе треба еднократно да им платам 2499 денари на Близо, што за мене лично и не е баш прифатливо доколку потпишувам нов договор за користење на услугите на Близо и во наредните 2 години.
Нека ми го дадат и вториот кабелски CA модул бесплатно на користење и нека ми ја поевтинат претплатата од 1200 денари месечно на 1000 денари месечно, или уште подобро, на 900 денари месечно, па можеби ќе прифатам да потпишам нов договор за користење на услугите на Близо и во наредните 2 години.
Или поевтинување, или подобра понуда со подобри канали, како што се каналите од Балканскиот пакет за истата цена, во спротивно, сериозно ќе размислам за префрлување на Телекабел.
Лично јас би сакал да се вратам на Ти-Хоум, но цената на месечната претплата ми е клучна, па затоа Ти-Хоум отпаѓаат од игра, а и плус, нивните оптички кабли сеуште не се пуштени низ мојата населба, додека од друга страна, Близо и Телекабел веќе се достапни и ги нудат своите услуги низ мојата населба и во мојата зграда, што значи дека кога ќе дојдат од Телекабел, нема да мораат да пуштаат нови кабли, туку само да го поврзат мојот веќе постоечки кабел со нивното сандаче, кое е веднаш до сандачето на Близо. Или со други зборови кажано, префрлувањето од Близо на Телекабел ќе трае неполни 10 минути.