slusaj dekster ja imav informacija deka ke se ukinuva na sekade i zatoa kazav ne mi bese celta da trolam... i jas sum korisnik na vip uslugi i jas gubam....i jas gi pratev tie kanali... a sto se odnesuva do te odlucise dali si riba i ili devojka ... se nekako ne ti se ide od vip a samo go tupis protiv niv.....pozdrav i do tebe
Па види вака, јас бев корисник и на Македонски Телеком, но откако се исклучив од нив во 2012 година, повеќе не ги критикувам бидејќи немам повеќе искуство од прва рака со нив.
Иста е ситуацијата и со поранешен Кејблтел/Близо, односно денешен Вип ТВ - не ги критикував додека не бев нивен корисник, ама еве ги критикувам сега, бидејќи ги плаќам за услугите кои ми ги овозможуваат. За бесплатна услуга и јас знам да си молчам и да ја оставам водата да си тече, без разлика колку е чиста или нечиста, но тоа не беше случајот со Македонски Телеком и дефинитивно не е случајот ниту со Вип ТВ, бидејќи на мене секој месец ми пристигнува сметка која јас и моите ја плаќаме.
Кога сме кај информациите кои ти ги објавуваше, те прашав убаво од каде ти е информацијата, а ти одговори со "не ти е чудно што сите оператори ги укинуваат каналите".
Извини ме, но тоа не е одговор поткрепен со факти бидејќи:
1. Не сите оператори ги укинуваат Discovery каналите и ЕуроСпорт каналите;
и
2. Воопшто не држи вода тврдењето дека каналите се забранети - како што ти велеше, бидејќи ете ти го интервјуто на Викторија Дејвис од Discovery Networks за Слободен Печат од 1 декември 2017, каде што вели дека Дискавери е лидер меѓу претплатничките канали на македонскиот пазар, да се напушти цел телевизиски пазар за помалку од 1 (ЕДЕН) месец без соодветно образложение би било многу несериозно од страна на Discovery Networks, а како што видовме, сепак не е тоа случајот.
Да кажеше дека во салон на Вип или телефонски од нивниот контакт центар ти кажале дека каналите на Discovery Networks се забранети во Македонија, веќе ја знаеш мојата соодветна реплика - со слична лага се правдаше поранешен Близо кога го укина каналот EuroSport News, велејќи дека каналот повеќе не постои.
Јас не планирам, поточно не планирав да се исклучувам од Вип ТВ, но после денешниов ден кога знаеме дека твоите шпекулации беа или производ на твојата имагинација, или производ на лагите кои ти ги кажале во салон на Вип или телефонски од нивниот контакт центар, имам причина за да планирам исклучување од Вип ТВ.
Ако випосаните во меѓувреме се освестат и одлучат сепак да ги обноват авторските права за Discovery каналите и за ЕуроСпорт каналите, биди сигурен дека воопшто нема да се исклучувам од Вип ТВ, бидејќи повторно ќе бидам задоволен од нивната телевизиска понуда како што бев задоволен и пред 1 јануари 2018.
Уште повеќе ќе бидам задоволен ако ги вратат музичките канали Djazz и Brava, а гледам и Classica ја отстранија после 31 декември 2017, но затоа татарските идиотизми Балканика и Фен сеуште ги емитуваат, иако и за нив им истекоа авторските права на 31 декември 2017, но очигледно - за жал - ги обновиле во меѓувреме, ќе треба да чекаме за наредното ажурирање на официјалниот список на ТВ канали на Вип ТВ во АААВМУ.
А ако се исклучам од Вип ТВ, биди 100% сигурен дека и наредниот телевизиски оператор ќе го критикувам, бидејќи ги плаќам за услугата која ми ја обезбедуваат и сакам квалитет за моите пари, а не да ме прават будала во здрав мозок со лаги од типот "каналот престана со работа, повеќе не постои" или "забранети се тие канали во Македонија" или "сите оператори ќе ги исклучат тие канали".